ЈСП (Јавно Сообраќајно Претпријатие) Скопје

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од RainBow, 17 декември 2010.

  1. ana-banana

    ana-banana Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2011
    Пораки:
    1.277
    Допаѓања:
    751
    Пол:
    Женски
    Многу ги сакаат и почитуваат пензионерите... ма како не :devil: :devil: :devil: :devil: Идат избори па ајде Коце гарант ќе се кандитира па си собира гласчиња :devil: , А богами ќе ги има многу пошо има многу пензионери :@
    Кутрите пензионери се прелажуваат со ситно :lol:
     
  2. Speechless

    Speechless Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2010
    Пораки:
    4.306
    Допаѓања:
    5.984
    Пол:
    Женски
    ^^^
    На крај сите денови ќе им се слободни. Ама ако, гледаме на посветлата страна,нема да се буткаат сите во 1 ден.
     
  3. anabel-a

    anabel-a Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2011
    Пораки:
    3.333
    Допаѓања:
    15.498
    Во рок од две недели, во 22-ка двокатна кај Симпо (еднаш во вторник, еднаш во петок) се степаа 70 и кусур годишни пензионери, за глупости. Што е најтрагично се тепаа како мачки кога претаат. Па полиции, па застанување, па преместување од една на друга автобуска. Па дури и се силат, мислат уште по 20 години имаат.Стварно без осет се. Ете човек без работа што прави..

    Мене дури незгодно ми падна од глетката.
    |(
     
  4. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.388
    Допаѓања:
    17.606
    Пол:
    Женски
    А зошто не им дадат гратис возење на невработените кога одат да се пријавуваат во Завод за вработување?
    На пример, нека има определен датум во книшката за вработување и со покажување на истата да бидеме ослободени од плаќање на автобуски билет тој ден, бидејќи каква е таа логика да си невработен а да мора на 3 месеци да се пријавуваш и да плаќаш карта од 140 ден на ден. Споредбено-со тие пари ќе купуваш леб за цело семејство за 2 дена.
    Кога ќе ги видам пензионериве вторник и петок уште во 7 сабајле, коса ми се крева. Нека одат бре во 10. И тоа од сабајле одат една тура, ќе одат дома да ручаат, па после уште една тура низ градот, па гратисот мора максимум да се искористи, да му се исцеди маста.
    Ако донесат закон со кој пензионерите ќе се изземат од гласање на политички избори, таткото на градот ќе треба да се самоубие, бидејќи се што прави, прави за пензионерите, дури и спомениците што ги настава еден до друг, шмизла до гоце, друга шмизла до јане, лав до фонтана, овие спроти собрание се многу и страшно ми делуваат кога ќе погледнам натаму (да не оживее некој), и нив ги направи за да има што да гледаат пензионерите и да дебатираат за нив додека седат по цел ден по клупите во паркот, а ти ако си уморен или сакаш да фатиш сенка, нема кај од нив.
     
    На sunfemina, anabel-a, Hipster и 2 други им се допаѓа ова.
  5. heart.stealer

    heart.stealer Популарен член

    Се зачлени на:
    10 април 2012
    Пораки:
    1.016
    Допаѓања:
    278
    ова не е убаво што го прави државата место да направи да ги почитуваме сакаме тие со ова ќе направат да ги мразиме и не почитуваме од големата гужва во автобусиве и во тие денови кај што не им е слободен превоз ќе ги гледаме со презир мислам општо како стар човек ќе не нервира нема да биде така ???? :^)
     
  6. Smurfette.M

    Smurfette.M Популарен член

    Се зачлени на:
    13 септември 2011
    Пораки:
    1.072
    Допаѓања:
    621
    ма нема врска тоа само вторник и петок....секој ден си се возат, оваа недела особено...само не разбирам каде одат во 7 наутро :) еве денес од кај тетка ми одев накај школо, со 24, се качив на 5тата автобуска (мислам 5та дека е) :^) преполн беше автобусот, сите беа пензионери (а пазете, четврток е) и само јас и уште еден бевме така помлади да речам...што се возат ај, ќе се прифати некако...ама нека не тресат глупости бе, си изнаправија муабет утрово како учениците им правеле гужва во автобусот и како не можеле да дишат од тоа што имало многу ученици во автобусот...па после дојдоа до заклучок дека не требало да ни даваат слободни билети на средношколците бидејќи правеле гужва во автобусот :@ :wasntme:

    Едит: со ова Коце што праи можно е само пензионерите да гласаат за него, да имав 18 мислам дека не би гласала за него :D :)
     
  7. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    Ако имаш картица за 10 возења онаа 250 денари, и нели треба да ја куцнеш, дали може да дознаат дали си ја куцнал на тоа апаратче или не? Зошто само бројки гледам дури некогаш и бледо испишани, па ако влезе контрола само да покажеш треба, а не пишува датум кога си куцнал таму. Има начин на кој знаат? :D
     
  8. Ph0enix

    Ph0enix Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    192
    Допаѓања:
    325
    Има шверцерке. :lol:
    Последните две бројчиња од првата петоцифрена бројка го означуваат бројот на автобусот со кој се возиш, а веднаш по таа бројка ти е датумот и првите две букви од месецот. :)

    ЕДИТ: И контролорите ко ќе влезат прво куцнуваат нивна картичка, за да видат каков е квалитетот на испишаното (бледо, јако...).
     
    На Plavusa.17 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. LilBaby

    LilBaby Популарен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    3.458
    Допаѓања:
    7.886
    Oбично пишува која дата и колку саат е, ако сака да те избрука - може да го направи тоа. Aко е бледо, може пак да посумња, ќе рече а другиве што куцаат карти, како им покажува дата и саат кога е куцана. Hекои картички се со црвено искуцани, некои со сиво, може и така да види. A пред датата, ја има бројката на автобусот. Aбе седи, се е проверено, јас се имам шлепано така неколку пати со празна картичка кај што е све бело и немо, ми немаат ништо преречено, ама тоа ептен кога сум шворц или парите за друго сакам да ги дадам, нека не ти биде практика. :D
     
    На Plavusa.17 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Dushica-sk

    Dushica-sk Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.048
    Допаѓања:
    3.928
    Нема светла страна Спичлес. Жив пример е баба ми. Се ја боли , секогаш е уморна ама во вторник и петок нема шанси да ја најдеш дома по цели денови. Ги шета сите лекари(без разлика дали нешто и е во моментот) и оди кај сите роднини и колешки. :lol:
     
  11. meU

    meU Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    2.633
    Допаѓања:
    3.057
    Еј нека ми простат пензионериве ,ама ова е веќе неподносливо. Ако сака цела недела нека има бесплатен превоз за нив, ич не ми е гајле, ама да се тоа одредени саати кога да се возат, а не и така гужва на сабајле, па и они се буткаат како ненормални, пазарот да не им избега.
    Што не оди не оди, претераа веќе.
    Бог да чува, може ќе ја скапнат и картата за бус, за сметка на пензионерите, каде им е инаку ќарот.
     
    На sunfemina му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    ^^Абе значи и за тоа имало начин, а :D ја денес се возев 4 пати се со дупли сабајле дупла 2ка до факултет напред-назад - ништо, и после со 15ка пола саат возење од прва, скоро до последна станица 2пати и пак ништо, куцнав само 1 не знам шо ми текна :rofl: психа. А инаку греота е да куцнувам па другарка ми 2 пати куцна вчера и 2пати празно место и тие веќе не можеш да ги искористиш... не се за мене овие, за мене само слободна и толку. :rofl: Многу ги штедам, дури штетно може да биде :lol:
     
  13. Speechless

    Speechless Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2010
    Пораки:
    4.306
    Допаѓања:
    5.984
    Пол:
    Женски
    А сакав да ги прашам тие што се бруцоши сега дали ја користат претходната слободна која ја даваа во 4та година?!
    Бидејќи вчера еден другар ми кажа дека со неа се возел, дури и контрола му влегло и ништо не му кажале. :?: :?:
     
  14. Ingvild

    Ingvild Популарен член

    Се зачлени на:
    4 септември 2012
    Пораки:
    597
    Допаѓања:
    3.707
    Да,да... И јас давав пари, ама после кога дознав дека останатите се возат со нив и никому нишо - си почнав и јас.
    Па и да ти влезе контрола, многу ќе знаат тие која година си и дали си средно... Така да, вози се и уживај. :lol:

    Само пази, биди во контакт со некој средношколец за кога ќе им дадат нови слободни да престанеш да се возиш со твојата. :)
     
  15. cecilia

    cecilia Популарен член

    Се зачлени на:
    9 декември 2009
    Пораки:
    1.329
    Допаѓања:
    1.195
    Многу ти е добра идејава и стварно си во право. Еве јас на тоа не сум помислила ама реално гледано така е.
    И татко ми е пензионер, и што да ви кажам ако го прашаш кај беше цел ден си признава ааа навака натака цел ден со кого може да се видам пошто бесплатно е.
     
  16. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    Не, на таа има датум до 20 јуни, а денес е 20 септември :D кога ја покажуваш да ти види датум е многу лесно одма кај сликата го има и готов си, такво нешто неееее, а и сигурно новите слободни се во нова боја или слично, се гледа разликата.
     
  17. Dushica-sk

    Dushica-sk Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.048
    Допаѓања:
    3.928
    И јас имам другар што се вози со таа слободна и ништо не му рекле. :D
     
  18. Tenkai

    Tenkai Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2010
    Пораки:
    2.316
    Допаѓања:
    1.905
    Додека да ни дадат нови слободни (рекоа некаде во октомври) можат да се користат ланските слободни карти без разлика што им поминал рокот. Иако во некои училишта даваа и привремени слободни. Така да зошто да не си користат шанса додека можат. :)
     
  19. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    ^А заборавив дека уште не ви дале, да да се чекаше одредено време и нели листови имаше привремени, не знам уште дали е така, а даваа и со старите слободни да.
     
  20. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.935
    Се разбирам, ама зошто мора контролорите да влегуваат во најголемите гужви. Се возев пред 2-3 дена во 24ка и толку беше гужва што стоев од прва па скоро до последна станица. Сигурно се возев повеќе од 30 минути. И во таа гужва ти влегува контролор кој одвај се протнува ни луѓето, а не пак карти да проверува. Јас не знаев што да правам попрво, дали да се држам да не паднам или карта да покажувам.

    Аааа и читав нешто за контролата во јавниот превоз во Белград, за правила за однесување на контролорите... Доста логични ми изгледаат тие правила, само не знам дали важат кај нас. Таму пишуваше дека скоро никој не ги почитувал затоа што луѓето не ги знаеле. Ај ако ги најдам ќе ги постирам. Се сеќавам само дека имаше дека контролорот не е овластен да ти бара лична карта, тој е должен да ти побара податоци и ако ти не му ги дадеш да повика полиција, која ќе изврши наплата ако стигне пред да се симнеш ти од автобусот. И дека не смее да те држи во автобусот, дека смееш да се симнеш кога сакаш. Искрено и мене ми е глупо да треба да се легитимираш на некој на сред автобус, друго е да подадеш лична карта преку шалтер или на полицаец, ама сеедно, и така кај нас нема никакви правила. Малку претерано ми падна за една жена што се качи од предпоследна до последна станица и на симнување контролорот кој си седеше во автобусот и чекаше некој како неа тргна да и наплати казна. Се симнав па не знам што се случи, ама речиси сум сигурна дека и наплати.