ма знаев дека сами си купуваат ама си велам ај може случајно има некои измени и за нас....си се понадевав
Кај нас контролорите немаат никаква култура, ќе си фатат место и не стануваат од него, секое сабајле во 50-ка седи еден позади а луѓе што платиле карта стојат, па уште кога ќе каже покажи карта- е тоа е врв. А и многу неписмени ги има, ќе начекаат некој работник со заверена а стара слободна и ќе почнат да му се понашаат, да му солат памет како што, па му ја зимаат слободната а па не дај Боже да фатат некој без карта, ќе го обрукаат за цел живот. Една другарка порано, нели преку лето не вадевме слободни, имаше добар трик за шверцање и секогаш успешен. На стар билет (на кој претходно со триење или со гума ќе му ги избрише бројките, датумот) ќе додадеше од слична хартија/картон мало коцкиче колку да го надополни делот што го кине апаратот (малку поголем) при куцање(знаете на што мислам), и од долната страна на билетот ќе го залепеше делот внимателно со селотејп и кога ја откуцува картичката внимателно ја става, се откуцува нормално и после го трга селотејпот. Секогаш и успеваше, но секогаш оди со ризик ако не работи апаратот дека ќе треба возачот да го скине билетот сам (затоа имајте си резервна карта)
Лелеее ова пензионериве , неможам да ги поднесам веке во вторник и петок па сега уште и во сабота ке се шетаат по парковите, водно и тогаш да треба да ги гледам. Денеска во 50ка се осекав како да сум во пензионерски дом, без осет!!!!!!!!!!!!!! се буткаат се гужваат за една станица се возат само катастрофа!! па и мањачат бе, срамотилоци
ЈСП ми е болна тема поготово откако пуштија бесплатен превоз за пензионери. Порано не го користев јавниот превоз скоро ич ама откако почнав да студирам ми е единствен избор. Првите години се молев да не одам и да не се враќам во исто време кога почнуваат и завршуваат смените во училиштата. Сега ситуацијата се усложни, па си викам недајбоже тоа претходното+пензионери во вторник и петок. Буквално значи од лошо имало полошо. За школарите не ми е криво што имаат бесплатни слободни, зошто во школо мора да одат секако, јас што студирам е самоволие. И тоа што немам кеш за такси и своја кола никој не ми е крив... Во гужва не практикувам да седам, зошто после може и да не можам да излезам. Кога ќе се сетам колку пати во вторник и петок автобусот ме одминал на мојата автобуска зошто не може вратите да ги отвори од гужва, на мраз ладно време Па уште кога ќе ми текне колку пати и застанал и отворил ама пензионерите го зафатиле и последниот слободен сантим во автобусот и нема начин да се влезе, а јас треба да одам на предавања или на полагање... УФ УФ УФ! Да им е секој ден гага нема да се редуцираат мислам, него секој ден ќе биде иста песна
Па затоа што и да даваат слободни најверојатно ќе дадат само на редовно запишани студенти кои студираат во Скопје, т.е. на тие што често би го користеле јавниот превоз. Како и да е, за доброто на студентите никој не гледа затоа што нив не може со еден слободен билет да ги купиш, тие гледаат во иднината и си мислат како ќе биде понатаму, додека пензионерите си гледаат од денес за утре, па што добијат - тоа. Ах, заборавив дека и од УГД можеш во Скопје да студираш
Затоа што јас секој ден си одам дома со автобус,вторник и петок ми е-смрт.Во вторникот со другарка ми во двокатен стоиме долу и еден дедо се бутка,се бутка и на крај ни застана пред нос.И се шо? Шо ако застанатука а не 1 метар понатаму? Има и такви безобразни,ма има секакви.Смрт ми беше еднаш мога одев кај братучетка ми после школо,во петок и ми се чини единствена бев што не е пензионер.А до мене една кога седна,( сеа несакам да ја вреѓам,ама) си седна и по неколку минути кога си прдна жената Ни срам,ни перде,си го отпушти А јас па си имав дезодоранс во ранец и коа земав како некој накоман да го шмркам...Ај тоа,него цел автобус смрди-труе на распиран грав,лук,кромид,ракија и што уште не.Не дај боже да си дотеран,скоцкан за негде,усмрден ќе искочиш.Па баба ми и дедо ми се пензионери,ама барем пред да одат ќе се средат,ќе си стават парфем,ако треба и ќе се избањаат,а не вака.Секој ден со ЈСП ми е ново доживување А има некои што се возат само колку да се прошетаат,ои тоа за 1 станица.ВРВ ми е кога ќе ми речат ај чедо стани баба да седне,а нема ни кеси,ни ништо си изгледа како некоја што може да стои.На тие уморни,со кеси им стаувам,не сум сеа до толку,ама на другиве.Пола саат сис е шета по паркчиња,а јас тука што после школо 4 саата сум се шетала пешки и капната сум,едвај чекам да седнам,она на мене стани Абе,да се немало култура.Често ми се случува(па и денес) си се возам и кога некој ќе влезе се бута,ма се тепа за да отиде 1 метар понапред Па стварно немаат култура и претеруваат некогаш...Ама тоа е нашето ЈСП.Не дај боже некој странец да влезе во автобус во вторник или петок,нема никогаш да е врати
Ne mi e jasno kako koga ke te fati kontrola ti pisuva kazna 200 den i ti vika da ja platis odma?!?!?! Ako sum imala pari ke si kupev karta nemalo shverc da se vozam . Ludilo !!!!
^од кај знае он дали ти ради немање на пари или зошто не си сакала не си купила карта.Не ти гледа во новчаникот.
Да, тоа со плаќањето одма треба да си го средат. Се знае, ти пишува казна, па да одиш да си платиш. Баш дека не знае дали имаш пари или немаш, полесно ќе биде и за нив така да не се расправаат и убедуваат. Еве ти казна, ако не ја платиш следуваат санкции и тоа е тоа. Барем сабота беше раат и од ученици и од старине, а сега... Стварно, нека им дадат секој ден слободен да им биде и готово, не вака, ќе им пуштаат водичка плус некој ден да се радуваат. Пих.
Ај учениците бар одат да се образуваат, а одам јас на факултет во 2ка и ми коментира една баба таму: аманнн, само се качуваат нови и нови, нема ни кај да паднеш. А сите одат по работа, освен нив. Сакав да и речам ти што се качи??
Овие возачиве немаат памет, жими вера. Денеска чекам за во школо 15А и таа е нормално накај 12:30 - 12:35 ама денеска зашто му свирнало на памет на возачов да смени автобус не двокатен со стар да дојде и 15 минути каснеше. Па наместо табла да стави едно ливче закачил со пенкало напишано дека е 15А. Па кај и прозорите не се отвараа, и старцине налет (една сосе ташна ќе ме однесеше зашто брзаше госпожата да се симне. ), и во школо закаснив заради паметот на возачот. А не му е првпат вака, уште 2 - 3 пати му се има случено да касни 10 - 15 минути зашто менува автобус, наместо со двокатен ко што треба доаѓа со една канта од пред 50 години хармоника и тоа. Се мислам само дали на страната на ЈСП да пријавам.
^ Ќе си земеш молба од ЈСП, ќе ја пополниш и со малечка слика ќе отидеш на факултет во студентски да ти стават печат дека имаш запишано семестар со печат половина на листот а пола на сликичката Се враќаш во Јсп со молбата и си вадиш слободна