Да пријавиш! Срамота е заради јсп да имаш проблем со каснење во школо, а нема автобус на секои 5 минути и треба да си го почитуваат распоредот.
Monna.Monna не се двоуми...зошто ако веќе тоа се повторува неколку пати-а ти пречи,слободно пријави.До кај ќе стигнеа некои работи ако за се живо ќутиме.
Мене па, ми одат на нерви, приватњаците. Од 9ка, само 2 пуштаат. Среќа од 22ка, сите пуштаат. А некои ќе ти се раздерат, ко божем си му рекол дека ќе го колеш. Незнаат со убаво да ти одговорат. Еднаш еден: - БЕГАЈ БЕЕ! Он на мене ќе ми глуми Мемик Баклаваџиоглу, марш.
Пријавив на ЈСП во тоа што е прашања, одговори и критики, ај видете дали се покажува зашто кај мене не се покажува.
Недај боже и Сабота да им дадат.Мир си имавме барем во Сабота. Ако не па нека им дадат и слободен влез у Колосеум. Инаку обавезно 24ка у вторник и петок си мириса на лук.
Дали знае некој уште ли е блокирана станицата во бисер аеродром? Мислам заради тоа што се работи патот.. Од кај мзт поминуваат 5, 15 и 3ка?
Дали може некој да ми каже дали со барање од ЈСП, и потврда за редовен студент ќе ми дадат слободна? Бидејќи сеуште не ни се готови индексите.....
Знам дека не ти се плаќа карта, на кој му се плаќа, ама мислам дека под 7 години не се плаќа карта, ти си веќе голема имаш 12
Двојка поминува на битпазар. На страната на ЈСП можеш да видиш за секој автобус од каде до каде оди, како мапа. Кога го избираш бројот , кога ќе ти отвори распоред од лево пишува-погледни ја мапата-кликаш на тоа. http://www.jsp.com.mk/VozenRed.aspx
Па вака, официјално пишано е дека до 6. Ама обично на така мали деца не им прават проблем докај 10-11 години. Spoiler Мада што ја до лани не плаќав карта.
ЈСП just wants to make us sweat! (за старине автобуси де.) Мислам дека прегреав вчера накај дома http://www.youtube.com/watch?v=P_9rrCKXblg
Двојка, вторник, Бит-пазар. Само тоа ќе кажам. Не се салам, жими се. Мислам дека влегоа 25-6 бабиња и дедиња, и на сите главна вест им беше дека и во сабота ќе можеле да се возат. Па уште и пробувам да стигнам до врата, ми коментира едно бабе... Што ова младиве доле се симнале и гужва прават, ајде качувајте се горе. И гледа ја игнорирам, ми вика, ти, девојко, ајде горе качувај се. Ме изнервира искрено, и сржав, ќе излегувам сега тука. Одма после тоа одговор - Оооо, убава на баба... ајде излези си, ќе се потргнеме ние. Мрш, мрш, мрш.
А зошто си слегла, си требала да се качиш горе да не правиш долу гужва, а ако толку си сакала да излезеш па скокај преку прозорот на автобусот ама од вториот кат , значи стварно младиве немаат осет и култура за јадните бабички додека трае нивниот пат околу Скопје
Ми дадоа Ете за сите што сакаат некогаш да земат слободна, со барање и индекс се вади, а ако немате индекс бараат потврда за редовен студент