Маркица за слободна е 1050, и важи од 01-30(31) ЦЕЛ МЕСЕЦ ( независно кога ќе ја извадиш). А ако немаш слободна се доплаќа + 100 денари за тоа пластиката и сл.
Ова во случај ако е студентка, инаку ако не е редовната цена за градски линии е 1450 ден. Ова е една од глупостите на ЈСП која не ја разбирам, каде ли ја научиле - низ европа секаде има опција да си извадиш слободна од-до во важење од месец дена. на пр. од 4.октомври до 4. ноември и дење-ноќе ти важи а не како кај нас на ноќни линии не ти важи.
Леле-леле стариве...Бабине особено во огромна гужва кога ќе те однесат со тоа торбите...Земјотрес бе...Па уште ќе ми вика она полн автобус дечишта.Не смеам јас да се возам,само за тебе е автобусов...И сакам да излезам и трт-неможам.Зошто?Бабава ја мрзи 1 милиметар на десно да се тргне И уште ај што си ја пропуштив автобуската кога си тргна веќе ми вика ааа па ти да не сакаше да се симнеш? Е не бе неќев,од кејф се бутав за до вратана
Ама итрици биле бе! Сега ја разгледував страната и на едно прашање колку чини студентскиот билет во јули и август, одговорено е - 620 денари! Зошто стално не е толку, ми притребал мене автобус во јули и август. Значи ептен се безобразни. Први се за пензионерите, сега три дена неделно ќе ги гледам како се развозуваат, а последни за студентите. Па знаат ли на колку студенти ќе им значат тие 500 денари плус што ќе ги заштедат. Само во Македонија го има ова.
Ја случајно се најдов на темава, ама неслучајно да си прашам: Од каде три пати, нели само вторник и петок беа за нив??
^господ нека ни е на помош. Не проблемот за тоа што имаат беспари,туку што се некултурни и безобразни.
Не разбрав баш... дај кажете ми што треба за да си извадам месечна слободна? Може и само со индекс, без потврда за редовен студент? И што друго треба?
Од факултет Сенца, па ќе чекаш на студентски да ти мавнат еден печат. И ќе симнеш барање од страната на ЈСП, со твоја слика, и таа сликата и барањето на студентски право па после во ЈСП. Иначе да, Тајгерлејди, сега се ,,силуваат,, вторник петок и сабота. Јеј.
Не мора потврда за редовен студент. Се купува МОЛБА од ЈСП, ливче едно, 5 денари е, се носи на факултет да ти го заверат (на Економски тоа се врши во архива, за останатите не знам, студентски веројатно) и само со таа молба и индекс се вади. Како и да е, молба мора да се има и мора да се завери на факултет.
Од факултет, од студентски прашања. а да и од ЈСП билетарниците ти треба БАРАЊЕ ЗА ИЗДАВАЊЕ НА УЧЕНИЧКО/СТУДЕНТСКИ ПРЕТПЛАТЕН БИЛЕТ, 2 денари е
Не треба никаква потврда, само молба од билетара да се завери на студентски, индекс, слика и толку. Инаку порано за летно време беа по 520 ден, значи и тие ги поскапеле. Ако, битно пензионерите да си се возат.
Ја мислев 950 е слободната за градски линии, 1050 за сите линии, а тоа не знаев дека не може да се бира и дека мора да се плати 1050 (првиот пат 1130), а може се возам 5 станици така е зборот. Глупости, не им плаќам. Се возам само за на факултет со оние картички 10 возења 25 денари, повеќе ми се исплати. Да не навлегувам во непристојноста и неуслужноста и дрскоста на вработените во ЈСП, све над 50г.
Тие беа цените порано, откако купија нови автобуси и пуштија бесплатно за пензионери и школарци за сметка на тоа на сите останати им го поскапеа билетот. Нели мора некој да плаќа за тоа, а кој друг ако не ние, па така сега и слободните за студентите се поскапи.
Абе удрени се на средношколците, користевме и денешниве уште користат бесплатни слободни и памти па врати, треба да се гласа ли на избори. На пензионерите уште повеќе, тие само да им угодиш и да им го тераш меракот, веќе си ги купил. Толку им треба. Е ние, студенти и вработени...ќе си го кркаме, и најоштетени ќе бидеме, а баш најмногу заслужуваме ако не бесплатно, барем поевтино да е. Нема смисла ова, кога веќе тргнаа вакви реформи да праат, нека пуштат нешто и за нас. Ај студенти се идна сила, ама вработениве?! Нема смисла.
Наместо да им отворат некои друштва, центри, да се социјализираат и бриџ и дама да играат они ќе вежбаат оговарачки вештини...
не мора да значи секогаш според годините...некој ако изгледа покрупно на 9год. можеби нема да го пуштат...а има и такви што се поситни и изгледаат како помали, па може до поголема возраст да се возат бесплатно........