Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

ЈСП (Јавно Сообраќајно Претпријатие) Скопје

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од RainBow, 17 декември 2010.

  1. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.604
    Сакам да си извадам слободна за цел месец и тоа планирам да го сторам во ноември, сега веќе ми е доцна.
    Пресметував и не ми се исплати секој ден пари за картички, ниту пак оние за 10 возења, прилично многу го користам ЈСП, така да...

    Е сега, гледам во ценовникот, веројатно ми треба маркица за градски линии, :?:
    1.460,00 + легитимација и најлонче = 80 ден. зашто вадам првпат после којзнае колку години... барање, друга некаква поврда потребна ми е, или?
    И слика уште се носи?
     
  2. Ph0enix

    Ph0enix Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    192
    Допаѓања:
    325
    Да, ти треба слика, сликата е гаранција дека слободната е твоја. :)
    Потврда беше потребна за редовни студенти, за друго не знам. :)
     
    На Trendafilka му/ѝ се допаѓа ова.
  3. honorthyself

    honorthyself Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 мај 2012
    Пораки:
    654
    Допаѓања:
    1.273
    Кои автобуси одат од автобуска до пред последна станица во Ѓорче?
    Итно ми треба, ве молам. :angel:
     
  4. melani-melani

    melani-melani Активен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2012
    Пораки:
    52
    Допаѓања:
    6
    Петка,поздрав
     
    На honorthyself му/ѝ се допаѓа ова.
  5. fensylove

    fensylove Активен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2012
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    1
    Ужасно ме нервираат контролорите во државните од нов тип, касата за поништување билети е место каде е невозможно да се стигне! :devil:
     
  6. sunfemina

    sunfemina Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    1.731
    Допаѓања:
    843
    До 6 години не плаќаат.
    Инаку почна да важи тоа за пензионери во сабота?
     
  7. Elennaa

    Elennaa Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2011
    Пораки:
    4.161
    Допаѓања:
    14.171
    Пол:
    Женски
    Денес мислам дека ќе ми се слошеше.
    Не зборам за гужвата, дека беше вторник. На нејзе сум навикната.
    Туку почна да ми се гади од двокатните. Од седиштата. Огромна грешка е што се платнени седиштата.
    Миризбата не се поднесува. Тоа мириса-труе на пот, на небањато... Само упиваат нечистотии. Да ти е гад да седнеш.
    :puke:
     
    На sunfemina и thinkerbell им се допаѓа ова.
  8. Yipman2

    Yipman2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2010
    Пораки:
    4.029
    Допаѓања:
    25.021
    Кога ќе дознаат дека се возиш без карта

    [​IMG]
     
    На Kathlin, LilBaby, CIA и 2 други им се допаѓа ова.
  9. LilBaby

    LilBaby Популарен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    3.458
    Допаѓања:
    7.886
    Стандардна слика секој божји вторник и петок. Учениците и вработените се млади, они можат да стојат цел ден - секој ден, ко касета расипана ми се врти во глава.

    http://www.youtube.com/watch?v=3MizENAr72Q
     
    На Ph0enix и Doozy им се допаѓа ова.
  10. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.975
    Може ли да се најде шоферов и да му се честита??? Сакам да се ракувам со него. :rofl:

    Инаку денеска, не знам дали некој се возеше со двојката :devil: што одеше накај Автокоманда кај 14 и 15, ама внатре еден дедо си спиеше... Луѓе жими се, навален на тоа и дремеше, значи не можев да престанам да се смеам, ме фана една хистерична смеа. Спие бе спие, над него се буткаат, се тегнат, овој спие!!!! Еден му вика, спиј си, ајде, секако на последна двојка си. :rofl: Една се изнажали како ради учениците каснел 40тина минути автобусот, ма немој молим те....

    Се тоа паразити испоседнале внатре. Ги запоседнале сите столчиња, кај доле, сега најново и горе се научиле да се качуваат :devil: , а сите останати кои имаат потреба да се возат, а не се шлаат рекреативно, се буткаме во тоа за стоење местенцето. :@

    Ах, да има уште еден вршител на градски превоз, државен, да видите дали вака ќе прават и ќе дозволуваат од 50 седишта, на 49 пензионери да се возат.
     
    На Smurfette.M му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Ph0enix

    Ph0enix Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    192
    Допаѓања:
    325
    Не важи ако припаѓаш на вториот по бројност етникум во Македонија.
     
    На sunfemina и Li0ness им се допаѓа ова.
  12. Smurfette.M

    Smurfette.M Популарен член

    Се зачлени на:
    13 септември 2011
    Пораки:
    1.072
    Допаѓања:
    621
    да надополнам....од 50 седишта, на 49 седат пензионери, а на тоа едно што останува се ќесите на некој/а што се натоварил/а како магаре и не може да ги држи своите ќеси :!: :D
     
    На stefigirl и Doozy им се допаѓа ова.
  13. Foreveryoungiwannabe

    Foreveryoungiwannabe Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јули 2012
    Пораки:
    309
    Допаѓања:
    685
    На страната на ЈСП секое прашање го одговараат со Ви благодариме,вашата понуда ќе биде разгледана! |(
    Пензионериве ме нервираат.Многу :@
     
  14. sunfemina

    sunfemina Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    1.731
    Допаѓања:
    843
    ТОЧНО!!!!! :@ Ако они немаат билет, на контролорите во фаца им доаѓаат и им викаат НЕМАМ БЕ со став 'ништо не ми можеш и ако ми речеш нешто ќе настрадаш'. И никому ништо..
     
    На Smurfette.M му/ѝ се допаѓа ова.
  15. black-angel

    black-angel Praefectus Vigilum Член на тимот

    Се зачлени на:
    14 декември 2009
    Пораки:
    2.656
    Допаѓања:
    4.574
    Пол:
    Женски
    На anuskaNESTLE, Beauchamp, Hipica и 4 други им се допаѓа ова.
  16. Dvolicen

    Dvolicen Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2012
    Пораки:
    1.431
    Допаѓања:
    3.485
  17. Elennaa

    Elennaa Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2011
    Пораки:
    4.161
    Допаѓања:
    14.171
    Пол:
    Женски
    Станувам едно сабајле, се тегнам и си мислам што ден е денес – Вторник! Прва асоцијација за Вторник – гужва во автобус, лактање со пензионери, пот, нервози, хаос… А да идам со такси? Скапо е многу, сепак ке пробам со автобус, ладно е денес, ваљда старциве ќе си седат дома денес.

    Фрлам туш на брзинка, се облакам, парфем и излетувам низ врата. Ќе ми кидне автобусот, ќе каснам на работа кој ке ги слуша директориве. Според возниов ред на сајтот на ЈСП бусов треба да дојде за 5 мин. Идам кон автобуска и го гледам бусов на 100 метри, се укрцал и веќе се спрема да трга. Алоо мајсторе, чекаааај, па нели во 9:05 требаше да дојде. Ова само мене ми се дешава, Марфиев закон, еднаш ќе дојдам на време, а бусов стигнал пред време. Ништо, ми кидна…

    Чекам друг, палам цигара и го зимам телефонов да видам на апликацијава Автобуско – кога е следниот. Апликацијава кажува дека треба да дојде во 9:10. Чекам, чекам. Дојде 9:20, еб… апликацијата изгледа не ја апдејтирале откога ја ставиле на маркет. Од далечина го гледам автобусов улетува на кривинава со 100 на саат, ко да се трка со некој. Како што се доближува сфаќам дека бусов е од старите. Го гледам и не ми се верува, скорз се навалил на десна страна, ко да вози на две тркала. Факинг Џејм Бонд. Лудило! Треба да постои правило во вакви автобуси – секој што е над 90 кг да седи на лева страна, а слабите на десна. Црномурестите, се разбира – позади .

    Застанува на мојава станица, гледам пун е до даска. Се настегале стариве внатре од некое село, ќе иделе во град да шетаат. Влагам, прерипувам неколку корпи за пазар, и едвај стигам до шоферот. Ја вадам картата за 10 возења, и класика, апаратот за поништување карти не работи. Шоферов ја зима картата ја кине, али место едно, ми кине две возења. Што ти е проблемот човечеее!? Еј извини дечко, ќе ти запишам со пенкало на картава, па следното возење не ја поништувај. Мајката, ко што сум малер гарант контрола ќе ме фати на следното возење па ќе треба да се објаснувам, само затоа што буљашов не знае да скине карта ко што треба.

    Нормално нема место ни за нормално стоење, а камо ли за седење. Во задниот дел на бусов, гледам некои мутни фаци настегани со метадони. Таму не идам. Во средина еден куп пазарски корпи, пензионери седнати на сите столчиња, а напред по некој поштен човек што сака да оди на работа или факс. Тргнуваме! Одма почнува да станува топло, нема воздух, и све смрди на штала. Се бањаат ли луѓево некогаш? По пат обавезно се фаќаат сите семафори на црвено, за да се запотиме уште малце. Застануваме на следната станица. Надвор митинг! 100 души сакаат да влезат, а веќе е преполно. Мајсторов ладно си ја отвара вратава ко да е празно внатре. Старциве се праат паметни па не чекаат на предна, него директно влегуваат од задна врата! Ало бе неписмени едни, кога ќе научите дека се влегува од предна а се излегува од средна и задна врата! Па уште и лути, зашто тие што излегуваат не им давале предност. Па они биле стари и изнемоштени.

    Некако упеаа да се настегааат внатре, па сега сме повеќе ко сардини, него ко патници. Гледам едно девојче пребледено си седи и се држи за стомак. Очигледно не и е добро. До нејзе една баба и запнала – „ајде девојче стани, каква ти е оваа култура, па ние сме пензионери. Во Германија одма стануваат, само тука младиве немаат никаква култура“. Си викам боже, луѓево немаат памет. Па оди во Германија бре, да видам таму дали ке се возиш безпари и дали ќе влегуваш од задна врата. Ќе ми продаваат култура, сељачишта неписмени. Најсмешно од се ми е тоа што они се убедени дека безплатново возење го имаат заслужено со тоа што напорно работеле во Југославија, па сега ова им следува. Оф леле, од клатење врата и земање плата они заслужиле нешто. Па денес за 4 години во приватна фирма се работи исто толку колку што сработиле они тогаш за цели 40 години стаж. Работам од јутра до сутра, па они треба да ми стануваат и да ми се клањаат. Од мене земаат пензија, јас им го плаќам возењево, лечењето, бањите.

    Доаѓаме на Градска и нормално 90% од автобусот се празни, сите идат на пазар. Влага нова тура пензионери, сега овие што веќе испазариле па си одат дома. Ќеси, торби, пиперки, патлиџан. Смрди бре луѓе! На еден му се кине кесата и му се разлетуваат јаболки на сите страни. Сега треба уште да се наведнам да му ги соберам јаболката и да му ги подадам. Ќе си го прашам!

    Тргаме, си викам уште една станица и готово е. Сагава ќе заврши. Мајсторов успеа да го фати на црвено и семафорот пред Рекорд. Таму е нон-стоп зелено, шефе, како само ти успеваш да фатиш црвено. Смрдеава веќе не се трпи. Микс од зеленчуци, испотени мишки и смрдливи тренерки. Стигнавме! Неможам да излезам оние што запнале да влезат од средна. Гмечење, лактање и газење се само дел од методите што се користат за обезбедување на подобра позиција. Тука све е дозволено, само на пензионерот да не му кидне автобусот. Што ќе прави после? Нема да земе дневница?

    Успевам да излезам, се вртам и гледам едно 5-6 души што влегоа на Градска се симнале на Рекорд. Па побогу, кој се вози од Градска до Рекорд?! Ма што ве вртам сите, палам цигара и терам. Џабе туширање, џабе дезодоранси, перена облека… се отиде во бестрага!

    Поминаа неколку дена, си дојдов некако на себе. Ми пројде лутината и бесот. Станувам сабајле, се тегнам и си мислам што ден е денес – Петок! Оуууу шит!



    Извор: Коментар.мк

    И ај да не е точно?
     
    На Anthem, Monna.Monna, Sanniii и 2 други им се допаѓа ова.
  18. thinkerbell

    thinkerbell Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    2.055
    Допаѓања:
    11.962
    Пол:
    Женски
    Навистина не можам да издржам веќе во автобусиве.
    Дечково од уста ми ги вадел зборовите денес.
    Станувам за полагање и во секунда ми убива мислата дека денес е петок. Мислев до сега ќе им здосади на пензионериве. Во 10, ниедно време, ни наваму, ни натаму, обично сите автобуси се празни. На автобуска кај мене што да видам- 30 луѓе од кои јас бев единствената помлада од 50.
    Доаѓа автобусот, се качувам, ме испоутепаа. И сега сфатив зошто секој месец сум болна. Од автобусиве, т.е. луѓето во нив. Мајку му стара, стави рака кога кашлаш или киваш, не мора во лице кај мене. Битпазар во вторник и петок е поужасен од било кој друг ден. Не можеш да се симнеш, а не па да чекаш пристојно друг автобус.
    Доаѓа 50ка, се качувам, се сместувам горе. На симнување, шоферот изгледа се изнервира нешто, закочи нагло и јас право по скалите надоле и во преградата се лупнав. Не е смешно навистина, ова нема смисла веќе.
    Ми е смачено од ЈСП, ама пустото поисплатливо ми е слободна да вадам, отколку да плаќам приватен. Седма година ја терам истата релација, и мислам дека еден ден поштено ќе се исповратам од мака.
     
  19. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.014
    Пол:
    Женски
    Секој ден кога поминувам кај Бисер, и кога ја гледаам онаа искршенана автобуска станица...се ежам :doh:
    Прво не ми е јасно што и како се случило. А второ толку ли немаат време да ја поправат |(
     
  20. CrazyStupidLove

    CrazyStupidLove Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2012
    Пораки:
    894
    Допаѓања:
    586
    Да, ама сега има и шиптари контролори ради тоа и ги казнуваат. Јас имам видено 2-3 пати ги имаат казнето пред мене.
    Секогаш се во пар, еден шиптар контролор и еден наш.