Фала Богу, до сега, не сум видела некој полугол во автобус. Ама за два дена пак ќе биде вака... Spoiler Иначе вака, да не знае некој случајно, кога ќе ни ги даваат новите слободни? Оти приватните не не` пуштаат со стари слободни. -.-`
И јас тоа се прашувам. На нас во школо ни рекоа најверојатно почеток на ноември, ама па на почеток на година ни рекоа и почеток/средина на октомври па ништо не се случи.
Елена, новите слободни нас ни рекоа месецов што следи ќе ни ги давале. Па сега колку е ова точно, не знам. Али јас искрено се надевам дека месецов ќе бидат готови, затоа што со душа чекам да избегнам државен автобус во вторник, петок и сабота. Не ги можам веќе, вчера со еден пензионер се испокарав дури, страшно беше влезен у филм човекот.
Морам да се самоцитирам, истечено е времето за редакција. Денеска ни ги даваа слободните нас, портокалови се новиве и поубави .
Ама поубави... Вриштат. Сигурно некој неписмен ги составувал. Радо би да ја скенирам слободната, ама ќе ми се открие името и презимето. Значи пола латиница, пола кирилица... Пола букви фалат... Па уште Арена Фили Втори ставиле. Каква врска има тоа со автобусите? Толку време им требаше, за овие чуда.
^ И на нас денеска ни ги даваа, абе се чудам Стадион зашто го ставиле, Господи, Господи. Па тоа буквите одтпозади како јас кога пишував на табла во второ, почни одздола 2 метра погоре заврши. Btw, за ова да го ставам дојдов: http://www.lajkuvaj.com/30412/ За жал така е.
А знаете мене дека не ми текна да прочитам отпозади што пишува . Видно узбуџена бев дека ни ги даваа после сто години, и не обрнав внимание нешто посебно на правописот. А Филип Втори арената ја имаат ставено малце монотонија да разбие де Утре во приватниве автобуси слободнава во фаца ќе им ја тутнам, особено кај оние што не ме пуштаа пред да ни ги даваат новите. Ќе биде ин јор фејс бејбееееееееее
Леле,ЛЕЛЕ, ЛЕЛЕ! Јас не се возам скоро и ич со автобус, ама денска си наплатив за 10 години. Денес морав да идам итно до симпо да земам нешто од кај тетка ми, ме чекаше и викам ај да не се влечам да не ме чека залудно, ај ќе фатам 22ка. Оу мај гад колку се покајав. Неможеш да влезеш врнатре, и си викаш поарно и да не влезев. Имаше тепачка непосредно од мојата десна страна, една циганка, мажот нејзин и една баба, ама дрска лоша баба. Абре внатре ем 100 души се стискаме овие на велеико се маваат, со лактови у лице, со боксови. Автобусот на сред улица застана за да може кондуктеров да ги раздови. Ама дерење беше врискање, колеж, и тоа се на 3 чекора од мене. Се напнавме и се симнавме неколку луѓе,претежно студенти кои идеа на граджен, зашто овие до полиција може ќе ја доведеа. Срамота е ова стварно. Сироти па срденошколиве и ученициве, послебно помалите, ќе ги стутакаат у ќош, глас неможат да пуштат. Стариве ја претераа, една бабичка, се качи за една станица и се симна и на другата трк по друг автобус. Изгледа сакаше да се возика само. Срамота, владава не е нормална жими се, џабе им дава само поише денови, ама овие секој ден го користат за да си прават искурзии. Да ги пуштиме министриве да се повозат до работа и назад некој вторник или петок, па да видат како им е на луѓето. И се налутив да ви кажам, не извадив пари да му дадам на кондуктерот, додуша не ми ни побара, зашто до возачот само со телепортер се стигаше карта да си земеш. Лош, лаком и некултурен народ сме, тоа страшно.
Во 24ката е најголемиот хаос... кој што сака нека каже Ми се има случено повеќе пати да ми се погоди некоја старица која во текот на цело возење се потпира, да не кажам лежи врз мене. Јас ќе се поттргнам, таа по мене, јас 2 чекори- таа 2 чекори. Он ди адр хенд, има и некои срцки бабички, со задоволство да им станеш. (не дека е проблем, ама како што знаеме има многу луди и безобразни )
Ај јас да ве питам нешто. Јас го изгубив новчаникот а внатре ми беше новата слободна што ни ја даваа во петокот. Е сега, во школо ги прашувам што треба да правам за нова да добијам и се што ми викаат е оди во ЈСП во Автокоманда и ништо друго. Прашањето ми е дали има некои посебни процедури, пријави треба ли да пополнувам и слично? И дали се наплаќа за нова слободна и колку се чека отрприлика за да ти ја дадат? Оф ќе се отрујам, посмотана не можев да бидам .
^Прашај прво во Јсп за изгубено-најдено, може да го оставиле и да ги земале само вредните работи! Ако го најдеш, ќе се спасиш барем од малтертирање по административни постапки.
А мене веќе ми е преку глава секој вторник, петок и сабота да слушам исти лејм муабети за пензионерите. Аман, возете си се со приватен тие денови и завршена работа. Ако некој проблем е нерешлив, постои начин да се избегне.