Е не е баш така решливо... Камо да имаше приватни до таму до каде што одам, немаше ич да му ја мислам ама за жал не е секој дел од градов покриен со приватни автобуси. Ем и поефтино е со приватен. А и ако некој има месечна маркица за јсп, не знам колку му е исплатливо да доплаќа за да се вози со приватни линии.
Најлошото возење до сега ми било пред 2 недели некаде, во приватна 22ка. Си се качив фино-поштено, си застанав таму некаде кај средната врата и дојде еден човек, застана до мене и ми ја крена мишката под нос и започна да се поти. Ама потење, капки пот му течеа по лицето. Ми се повраќаше, одвај чекав да стигнам.
Дали е до мојата среќа или гредскиот превоз навистина станува се поужасен од ден на ден... Многу сум нервозна, и како и да сака да го почнам овој пост, се ме тераше некако вулгарно да се испукам, ама не иде, не си ја рушам репутацијата на најс грл. Како прво не ми е јасно како им дошло на памет за вчера да пуштат саботен возен ред, кога редко кое приватно претпријатие го празнува св. Борче. 24ка беше полна уште на првата станица и тоа жените што работат во конфекцијата си се беа качиле уште на предходната и се довозиле една станица, за да си фатат место за седење. На нив им се додадоа и оние од Мак Примат. Се стуткав во едно ќоше во автобусот и си наредив да не дишам многу, само по малку воздух да земам за да не зафаќам многу место. А жените расположени, ко да им завршило работното време, па си пуштија песни на телефонот, еден тежок турбофолк, па си се распеаја, ко да се сами. Од таму ќе му префрлат на шоферот :"Мајстореееее, ај однеси не до Ѓорче". Ај, тоа некако го преживав. Ама денес, требаше до 12 да сум дома. И се качувам во 11, стандард, пак во 24ка. И 3-4 станици подолу, кај Шампионче, оп, застана шоферот. "Ќе мора да чекаме друг автобус, овој загреа, толку многу загреа што не смее ни да мрдне". Ок, ајде се симнавме сите. Кој пцуе затоа што доцни на работа, кој стои мирно и чека. Нема врска, ако гледаш дека почнал да загрева што го возиш, што не си го оставил на последна, не требало ни да тргнуваш. Чекавме автобус половина час, нкои од жените се откажаа веќе, си фатија такси за да стигнат на работа. Јас кутрата се нервирам, ама од прва до последна, уште такси ми фали. И ајде, по половина час чекање, пцуење по дечко ми и колата што му се расипа, пцуење по автобусот, по возачот, конечно начекавме една 24ка од Припор. Внатре како сардини, не се дише, едно девојче му вика на другото: "Не мораш да се држиш, и да сакаш да паднеш нема да можеш". Ај некако преживеавме, кога накај хотел Карпош влегува контрола. Нормално, фино, културно, ми - а најс грл, му покажувам на шоферот билетот од предходниот автобус, оној што најверојатно уште седеше кај Шампионче. И ми вика не ти е од овој автобус, викам не е, се расипа тој, се качивме во друг. И се налути, почна да ми вика, слушај девојче, јас да ти кажам, јас кога се качам во автобус не ми е гајле да гледам билети од други автобуси, ти треба да ми кажеш дека немаш билет и да ми кажеш што се случило. Е тука ми претече чашата, си реков ноу мор најс грл. Го погледнав и му реков: "Ова ви е доказ дека јас билет сум платила, а јас сигурно нема 2 билти да платам затоа што ви се расипал автобусот и затоа што доцнам." Ме погледна уште еднаш, очигледно сфати по мојот поглед колку сум нервозна, ми ја скина картичката и се симна од автобусот. Е на симнување ми прфрли, демек немој веќе такви мајмунлци да правиш. Ама јас за среќа се исконтролирав, не за друго, тешко ми се соблекуваа чизмите и не им е многу голема штиклата. Да бев во некои салонки главата ќе му ја дупнев.
Знаете колку многу маразам да се возам со ЈСП?Денес кога си идев,леле луѓе мислам најлошо шпатување со јавен превоз.Влегувам.Нема место.Сите се бутаат.Смрди.Жешко ми е.Ме фаќа склет.Си оди автобусов и на една станица се ослободува место баш пред мене,и јас да си седнам,една теткица ме бута со тоа ташната,јас за малце не паднав,среќа една девојка ме задржи,и оваа си седнува и ми вика изморена сум.Лелее,никогаш,ама баш никогаш не сум се карала така во автобус,ама преку глава ми беше веќе.И и викам "Госпоѓо,не сте единствена што сака да седи.Мислите не сум изморена? Во 6 ипол станав,скоро цел ден стојам,ранецов десеткилажен мислам во секој момент рамењата ќе ми ги скрши,едвај чекам дома да дојдам и кога конечно наоѓам место,се наоѓате вие тука да ме буткате? Нека ви служи на честа!"
И Тито се вози бесплатно во вторник во Скопје Фотографија од човек кој неверојатно личи на Јосип Броз Тито денеска е мегапопуларна на социјалните мрежи. Имено, човекот кој многу наликува на Тито се вози во автобус на ЈСП. Извор: kurir.mk
Јас слушнав дека синеплекс,ова новото кино во сити мол поставило неколку телевизори за возачите да можат да гледаат во 3D dodeka se vozat.+ има само едно седиште за тоа во цел автобус. Ќе се потепаат кој прв да седи.Сите во вторник и петок се бутаат,испотени,нервозни до филм им е дојдено
Најмногу ме нервираат на страната, што се прават слепи за некои критики, објавуваат само тоа што им годи
Се надевам дека конечно ќе стават нови постојки, иако за жал народот ни е вандалски и се што е ново уништува, па очекувам за кратко да бидат уништени (дајбоже да не сум во право). Исто се надевам дека сите автобуски станици ќе бидат обележани во градов и околината затоа што многу често не знам каде да застанам да чекам автобус зошто нема ама баш никаков знак дека на тоа место застануваат автобуси.
Вториник и петок Значи толку се неподносливи.Па уште се буткаат и караат.Стварно неможам да ги разберам овие пензионериве..
Не само за тоа, него... Едно асално постоље нема. Или е искршено, или пак кога врне, клупите се поплава. Додуша и тоа што викаш, ако има клупа, ќе има или една или ниедна. Ако е една, само за пензионерите, дека нели, глупаво е ако ти седиш, пензионер да стои. А некаде и нема воопшто постоље, конкретно во мојата населба. Па ти ако сакаш, слободно чекај автобус, и наврни. А и тоа што вика sunfemina, пожелно би било да стои такво за автобусите, ама за тоа мислам дека малце ќе си сонуваме.
Пензионерите бараат бесплатно возење во ЈСП секој ден! Пензионерите бараат секој ден бесплатно да се возат во автобусите на ЈСП, објави „Вест“. Тие на градоначалникот Коце Трајановски му посочиле дека метежот во автобусите ќе се намали, доколку им се даде можноста да ги користат автобусите секојдневно. „Му предложивме на градоначалникот и ние да дадеме скромни средства на сметката на ЈСП па да му помогнеме на Градот за евентуалното ново одвојување средства за наше секојдневно возење – изјавува за „Вест“ Крсте Ангеловски, претседател на Сојузот на пензионери на Град Скопје. Во ЈСП и во град Скопје велат дека сеуште не добиле официјално барање но дека ќе го разгледаат предлогот. http://skopjeid.com/2012/12/10/penzione ... sekoj-den/
^ Така, така, и јавно да се откажам од градскиот превоз. НЕНОРМАЛНИ едни, утре е вторник, о Боже, о Боже... Собирам сила уште од сега.