Влегува во двојка контрола. И како поминува нели си бара карти, и имаше една група албанци, сами ги поттупна по рамо, им прозборе нешто на албански и си отидоа. Ни к од карти. А да фатеа македонец без карта се знае што следува. Ужас е ова значи. И добро ќе беше само на ова да се ограничеше, ама во секоја сфера е таква работата...
Денес од школо ми ја земаа слободната за да ми ја заверат . Се возев 2 пати без да платам . Зошто да платам кога имам ? А баш сакав да наиде контрола . Ми рекоа во школо дека не треба да плаќам , не ни плаќав
Влага во 57, ама не прави проблеми на албанци . Инаку он топик, се возам со автобус секој ден скоро. Иии, немам слободна, бидејки живеам во кисела вода а наваму одат многу селски, алабански автобуси (почнувајки од 70ка) па не влегува контрола, па не плакам карта Инаку за условите сите знаеме какви се, а мене пак и пак и пак не ми е јасно како може после сите пари што им се слеваат на сметка да немаат бар 1 нормален автобус. Ми текнува и на едно возење со 13 ка. Ја вози една жена, и кај Автокоманда се качија банда албанци. Почнаа да го клатат автобусот, да се дерат, пробаа да кршат. Леле кога им стана женава. Партали ги направи, па овие видоа не видоа се симнаа Многу ми беше мило. (жена си е жена сепак )
Мене денеска сабајлето некој убаво ме фати за газ во таа гужва, а јас не можев ни да се помрднам од толку што имаше луѓе во автобусот! Не открив кој беше, околу мене имаше и жени и средношколци, ама се сомневам во еден тип што беше близу мене. Си се поместив кога се подрасчисти гужвата
леле феминки морам да ви раскажам се враќам прееска со двојче накај дома и верувале или не во автобус имаше еден дедо-шиптар со кече се комплет кој си носеше кокошка во кутија да да во автобус кутија во кутија кокошка не ми се веруваше не знаеш дали да плачеш или да се смееш ах да идеше уште некој автобус до пмф а не вака само двојче ти е избор единствен
^ахахаххахахахахха ме пресмеа Вчера имаше една циганка во 22ка, леле луѓе колку беше одлепена на еден 40 годишен човек почна да му збори, леле колкав ти е наааа волкав, леле поглем не сум видела, аууу леле каков ти е хахахахахахха Значи што се се вози по автобусиве ќе си умрев од смеење!
ЈСП ве снима! Внимавајте на однесувањето во новите автобуси Новите автобуси што ЈСП ги увезе од Украина, меѓу другото ќе имаат и камери со кои ќе се снима однесувањето на патниците. Поради тоа ЈСП деновиве ги подучува граѓаните на културно однесување. Така патниците повеќе нема да смеат да ги отвораат и затвораат вратите, да носат со себе оружје, животни и храна. Седиштата во новите автобуси ќе бидат обложени со материјал и приоритет ќе биде, патниците да не ги кинат. Интересно е што и возачите нема да смеат да се расправаат со патниците, тие ќе треба само да возат. http://www.mkrevolucija.com/index.php?o ... 29&lang=mk Е ај баш да видиме
Јас баш и не се возам со автобус бидејќи училиштето ми е блиску, а обично преку работна недела не одам накај град освен ако немам нешто битно натаму. Најчесто со 22, 24 и 7 се возам и тоа во петок така што знам какви маки си имаат оние кои мораат секој петок да се возат во автобус додека на секоја станица се симнуваат по два-тројца, а се качуваат по десет пензионери. Неколку пати ми се има случено да влезам да се шверцам, но еднаш ме фати кондуктер, пола саат ми велеше на мене и на уште две девојчиња и три машки дека треба да платиме двеста денари, ама јас не сакав да платам иако имав, ни викаа во полиција ќе одите, ако не платите 200 евра казна не знам што. Заради тоа поминав три станици од онаа на која што требав да се симнам, на крај не извадија надвор и нас девојчињата тој не пушти а машките останаа. И за што не мачеа кога на крај пак не плативме? И од тогаш не се шверцам, фино лепо ќе си платам, а ако немам пешки ќе одам. Е аман веќе, ако не платиш случајно 30 денари мислиш ќе те утепаат. Инаку за ова последново, зошто да не смее да се носи храна? Сигурно јас нема да носам испечено пиле во раце, но чим во такси смееш да внесеш храна зошто да не и во автобус?! Бог да чува, што се нема да измислат.
А некој од пазар, како ќе си оди дома? Треба одредени јадења да се забранат, или да мора да бидат добро затворени, да не смее да се јаде/пие. И пример, ако има ограничено 100 луѓе кога ќе се напуни, да не застанува додека не се симне човек.. (Незнам колку е инвентивно ама..)
Тоа е навистина невкусно, не мислев на таква храна и да земеш насред автобус да јадеш, туку ете Дејзи како што кажа во сабота и недела најмногу се возат луѓе кои се враќаат од пазар. А и било каква храна да се внесе океј, се додека не се вади надвор, тоа е сепак некултурно.
Офф леле не сум прочитала убаво ... Да се надоврзам..За таква храна да секако дека не би требало да се забранува сепак има луѓе кои живеат на различни релации,па многу нормално дека не би им се исплатело со такси да се возат па мораат со автобус. Абе прво нека донесат нови автобуси па после нека воведуваат нови закони
Ахх...Толку многу случки,смешни и нз..За петоков,ЕДВАЈ ЧЕКАМ некоја баба да ми рече да станам,пропратено со злобен поглед т.н станувај или .Уф како добро би се испразнила на неа,НЕ МОЖЕШ ДА СТОИШ А МИ ШЕТАШ ЦЕЛО САБАЈЛЕ ПО ПАЗАРИ ! Посебно ме изнервира една случка пред некое време..Чекав 7ца, а има многу гужва,доаѓа бувчево,и одма се разбутаа да влезат,а немаше место ни за клетка,и ете ја се дере една тетка,па ајде чекајте ние да влеземе,ние имаме картички,вие слободни имате.ПА АКО ИМАМ СЛОБОДНА ДА ЧЕКАМ ЦЕЛ ДЕН АЈДЕ Ни сама не знам како си се воздржав. И 24 ми е легендарна.Гужва уф...со другарка ми најчесто се зезаме,ќе има варање во 24
Јас денес ја имав честа да се возам во нов автобус. Прво, единечни се. На пример 5ка секогаш е претрупана и кога е дупла, не па единечна. И многу се тесни некако, нема кај да се застане, гужва невидена, ќе се потепаат луѓево. Вратите се многу незгодни, не можеш да се пробиеш до крајната врата за излез. Седиштата се никако наредени, се наопачки некако Па уште и машни им ставиле
Денеска на работа, едно 5 пати помина нова 16ка, и сите зјапаа како мавнати со мокар чорап. Автобус е бре луѓе, не е спејс шатл. Не се овие автобуси за нас и за нашиот народ. Абре ние сакаме буткање, тискање како овчички во трло, сакаме караници, понекој лакт во слабината, милион ќеси натоварени со се' и свашта од пазарче, па да се тетеравиме, па прозорчиња да си отвараме... Па каде е онаа реа, лете и каде е оној провев зимно време? Не, не, не ги сакам автобусчињата. Не ми се во духот на македонштината.
Можам само да замислам во петок како ќе биде Не одам на работа тој ден, си го ризикувам животот така.
Оооф,муки со овие новиве автобуси,ама барем отвараат задна врата да се шверца чоек (коа нема пари де ).Ааа,па тоа седиштата какви се со платно абе мерак да ти е да седнеш.Ама ќе видиме што ќе бидат за 2-3 месеци. А баба ми во петокот дојде,требала да иде на лекар и ја и викам:Бабо,влези си,во петок бесплатно е ,ама она се запнала ќе плаќа.А некои одвај чекаат пето да дојде,знаат дека е бесплатно,и планираат кај ќе се шетаат.
ајде кога ке ги пробам ке се вклучам во трачарењево вака на изглед пу пу машала добри се за удобност незнам хехех али смешки кога на прво возење еден не им тргна хехехе
Уште не сум се возела ама видов денес еден автобус и убаво изгледаат сега за сега, а за 2-3недели можам да замислам