Зошто за нив бесплатно? За учениците,студентите треба да е,а не за пензионерите.Кај ке одат они? Грубо звучам,знам,ама ова е факт.
Не сум споделила една случка од јсп. Беше околу 4, се враќам од работа, автобус за мерак, двокатен ама ден за пензионери беше. Јас се сместив горе, топличко, на тие столчиња позади по едно, ставам слушалки пуштам музика за да не заспијам и тотално се опуштив и заборавив кај сум. И одеднаш на бит пазар кога застана, слушнав лупање по скали, кога гледам една така доста елегантно пополнета ромка, да не кажам циганка оди по тие тесни скалички со буре големо колку неа, за зелка веројатно дека беше сезона на ставање зелки тогаш, како се искачи со бурето не знам, па кога почна да мавта да брза да фати место позади, само гледав кога ќе ме учука со бурето. А по неа цела фамилија, син, снаа, внуци итн. Сеуште се чудам каква и беше таа умешност да влезе со буре во автобус па и да се качи по тесните вртени скалички за горе После ова, ништо повеќе не ми е чудно во автобусите на јсп. Имав видено во меѓународните и меѓуградските автобуси патници со теписи, ама буре во јсп ми беше дотогаш невидено. Со нови импресии нареден пат.
Ако им дозволат секој ден да се расшетуваат без пари, баш напротив нема да се намали гужвата. Секој ден ќе биде пекол. Зарем они имаат осет? Секој ден до максимум ќе искористуваат т.е. злоупотребуваат за да се возат. Греота е да се пропушти гага возењето. Па како навистина дрско се понашаат, како нивни да се автобусите. Една пензионерка пред неколку дена ќе ме утепаше за да не и го земам местото , а немав ни намера да седнувам зошто мене ипак ми е незгодно помеѓу пензионери да зафаќам места за седење и обично стојам. Стануваа 2 жени за да се симнат и јас на тие да им направам место да поминат, пензионеркава во нив буквално со раце ме турка со сета сила. И добро и велам не ви го земам местото, ќе седнете! Не мора да употребувате сила, само да излезат луѓево ако може! И ме гледа и се смее ...и пак се истурка и седна на едното столче, а другото остана празно. За 2 станици излезе. Аххххх што нема приватни линии за таму кај што ми треба...абе нема да стапнам во ЈСП!
Сабајле баш беа подготвени јсп како и државниците нели, не можат да се справат со еден снег, а не па да водат држава. Автобусите каснеа, беа преполни, просто висиш на врата, еден па упорен да влезе ја грабнал мојата ташна и влече ли влече, како држач да му беше, не можеш воздух да земеш од што немаше место. А и кај одеа бе пензионериве на ова време, нормални ли се, само гужви прават па и денес кога каснеа автобусите, ходниците во болнициве само со пензионери се полни, претераа.
А демек и вака не се возат секој ден џабе??? Вчера у банкиве беше фул, се пензионери, шо мислите давале 35 денари пута 2 за да одат пензија да земат? Ај донт тинк соу! Јас ги жалам ученициве и овие што мораат да идат на работа со бус, секој ден. Не за жабе викаат дај им прст ќе ти земат рака! И после гласајте студенти, кога никој не мисли на нас! Како да пензионерите се столбот на една држава а не студенти, па само за нив има бенефиции. Секој ден се возат беспри и никој не им писка, а контрола да фати било кој друг врз карта има резил пред цело Скопје да те напраи. Што се праи за гласови пред избори
Се испотепаа по мразовине денеска, теј, јас не трчам по автобуси, тие запнале по снеговите, и тоа трча бре, е де, ќе дојде друг по 10 минути. Ете тоа ме нервира, нивната себичност и што јас размислувам дека не е добро да паднам и да бидам обврска на некој ако нешто, не дај Боже, пу пу, ми се случи... А тие мака немаат. Абре човек, каде си тргнал, абе леле бе, ќе се испоотепаат, после внуци и синови и ќерки ќе им го берат гајлето. Јас сакам и бабиња и дедиња, ама или досега сум налетувала се на некои фини, овие клети се бе, клети! Се надевам Еди стасала и купила бананчиња успат.
^ Утре сум мила ама осеќам дека ќе отидам со два т.е до Железничка па од таму со директниот А крембанани уште сеа купив.. долг пат ме чека утре! Од коа почнаа да се качуваат и по горниот спрат овие бре? Порано само доле седеа.. сеа и по скали трчаат.. ц ц ц.
искрено, јас денес се понадевав дека ќе биде попразно. Си велам од страв да не се утепаат на мразот нема да излезат. Лелеее па тие бетер побрзо од мене се движат
Случкава беше од вчера. Ама така ме изиритира... Не, не беше со пензионерите. Се возев во двокатен, за накај школо. Доле бев. Ама имаше гужва. И една госпожа (незнам која беше, не ја загледав, само знам дека беше беше млада), се развика: Леле, аман од дечиштава, веќе. Па добро бе, што чекаш да се симнеш 5 саати, откако се затвори вратата? Убави си пишува таму: Почитувани патници, ве молиме навреме да се подготвите за напуштање на автобусот. Како сите се симнаа што беа горе, само ти не успеа да се симнеш? А ко второ, ти треба да знаеш дека тоа време накај 12-13, секогаш има ученици во автобусите.
Ова се мисли за постојките? Или нови автобуски станици? Ова првово ми е повероватно. Нови 226 автобуски станици ќе никнат во Скопје Нови автобуски станици ќе гради Град Скопје, целиот проект ќе чини 1,6 милиони евра. Според најавите ќе бидат изградени 226 нови автобуски станици од страна на македонската фирма Турбоинжинеринг и се очекува сите станици да бидат готови до крајот на следната година. Станиците ќе бидат изработени од нерѓосувачки челик во комбинација со стакло. На секоја постојка ќе се постави клупа, корпа за отпадоци и информативна табла на ЈСП.
^ За постојките Елена . И апел до ЈСП подитно да си ги исперат автобусите, нарочито двокатните. Премногу се замаглени од прашина прозорите, навечер како што е темно плус и ова - не може човек да види кај треба да се симне.
Автобусите се перат колку што знам јас,ама нон стоп се возат и нормално е да се прљат,а и башка Скопјево наше е многу загадено и прљаво.
Мене ми е највеќе, поради тоа што трујат, пардон... брздат на пот, на прљавштини... Поготово тоа двокатните. Подобро ќе беше да беа дрвени или пластични, отколку со навлаки. Пред некој ден, во 22ка, толку беше загушливо... што мислам дека ќе се онесвестев. Надвор степени под нулата, а внатре во автобусот пишуваше дека има 15 степени... Ако не беше 25 степени, Елена да не се викам. Не се дишеше. Тоа бактерии се размножуваат во топлото... Нека намалат малку температурната разлика... Ми идеше да скокнам од прозор. Ама ако отворам прозор, ќе се дигне цел автобус во вис, како е климатизиран автобусот...
се согласува со Elennaa внатре го рокнале парното мислиш во сауна се наоѓаш ма и бетер, а надвор - 10 искачаш и дамла те мава .. тоа многу ми смета нека го пуштаат парното да ама нека го наместат на нормална температура хх
Овде има подетални информации... http://sitel.com.mk/node/52930 Значи, да се збогуваме од старите автобуси. Океј. Само се надевам дека нема и овие со брзината на светлината, да ги ишараат, или да почнат да резбаат низ нивните седишта. Не ги личи мајката, нови се. Година дена се стари... Што е толку интересно да се шара низ автвтобуси? Одма ќе ги унаказат. Иначе, горе како што прочитав, ќе имало и нови автобуски линии. Нови постојки, нови автобуси... :up: