Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

ЈСП (Јавно Сообраќајно Претпријатие) Скопје

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од RainBow, 17 декември 2010.

  1. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.074
    Изреволтирана сум од однесувањето на шоферите! Толку некултурни и безобразни се значи што ми иде да ги пријавам негде, само каде е прашањето и дали има некој што би ги санкционирал. Си влегувам во автобус во кој се возам по 100 пати дневно и нешто ми рече шоферот, јас се вртам и му викам „Молам?„ и ми вика „Не туку ми се моли билет те прашувам дали имаш„ Му викам имам, ама каде со вакво однесување и почна да ми се дере да не сум се правела паметна незнам што :x У 2ка и у 19ка ќути ко пи*е ни карти ни ништо не браат и ништо не гледаат, а вака ќе се понашаат ко кретени, од инает не му ја покажав слободната и му реков слободно да ме вози до паркинг да се разбереме таму со надлежните за неговото однесување! Кој му дал дозвола на нервно растроен човек незнам, денес се дере утре може ќе му текне да го истумба автобусот негде, тешки психијатриски случаеви има значи!!! :@ Сеуште се мислам каде да го пријавам, ако некој знае ве молам нека ми каже.
    Друг пат ќе се замуабети со некој гребатор само за да го симне кај што ќе му каже и да не му плати карта ќе му прогледа низ прсти, а со луѓето како мене што на секој 1ви заверуваат слободна ќе се однесуваат простачки :x
     
  2. sunfemina

    sunfemina Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    1.731
    Допаѓања:
    843
    mims-89 на страната на јсп имам читано такви поплаки од луѓе за односот на вработените и ветувања дека ќе се превземат мерки.
     
    На mims-89 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. irena.1

    irena.1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 ноември 2012
    Пораки:
    4.361
    Допаѓања:
    21.348
    Пол:
    Женски
    Денес автоматот во новите двокатни автобуси ми гризна две возења на картичката од десет возења :@ кај скапо па две возења ми отидоа. Абе да си пукнеш од мака. Внатре гужва невидена, неможеш да се пробиеш до шоферот, а и да отидеш да него што ќе ти прави он, а неможеш ни да докажеш.
     
  4. girlx3

    girlx3 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 декември 2012
    Пораки:
    227
    Допаѓања:
    142
    mims-89 џабе ке се жалиш..отвори само на страната на јсп да видиш колку поплаки има и се презема нешто? ништо.
    Искрено и тие се нервозни од ова пензионериве ама немора на секој патник што ке влезе во автобус да се истураат..како и да е..во вторникот се возам јас во авотбус внатре пензионери препуно..мислам дека сам јас бев млада внатре и иде една бабичка цела нервозна таква накај шоферот и му вика мајсторе ај пушти клима види колку е топло не се диши тука..клима се пушта кога е гужва да се разлади внатре му вика.Која клима бе бабо надвор -20 степени таа уште бара клима да се разладел автобусот.. :x
    Искрено повеќе смрдеше во автобусот отколку што беше топло.. И да :!: топло ви препорачувам да не се качувате во 68 дефинитивно е автобус во кој тешко се преживува :puke: ..па лугево се бањаат ли бе? :^)
     
    На mims-89 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. heart.stealer

    heart.stealer Популарен член

    Се зачлени на:
    10 април 2012
    Пораки:
    1.016
    Допаѓања:
    278
    зошто не ми отвара датум кога сакам да видам за друг ден распоред на автобусиве |( ми се ресетира странава :(
     
  6. Peppermint

    Peppermint Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2011
    Пораки:
    868
    Допаѓања:
    13.217
    Пол:
    Женски
    Мимс, а зошто не го пријавиш.Ке си пишеш пријава, ќе си ја поднесеш во службата за внатрешна контрола. Не е оправдување дека се нервозни од пензионерите, сите сме од нешто нервозни на работа, па штом работиш со луѓе мора да се контролираш... Муабетот е дека нервозата ја истураат каде мислат дека можат, што не му се обрати така на некој после Бит пазар.
    И на крај земаат одлични плати, за таа нивна работа.

    И не сум сигурна дека на нивната веб страна се читаат поплаките. Има некоја ради реда. Не се глупи тие, ги бришат веднаш.
     
    На mims-89 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.074
    Што ми е гајле ако е нервозен, плус тоа не му е оправдување, а ако тргнуваме од тоа во 16ка ретко кога има гужви, и само јас и една жена се возевме до центар. Кој го изнервира толку не ми е јасно? Инаку го пријавив веќе во дирекција поднесов пријава, па нека се мисли сега. :@
     
  8. candise20

    candise20 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2012
    Пораки:
    221
    Допаѓања:
    204
    Полошо од изреволтирам Шофер Е Шофер На ЈСП да те poke на facebook!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!! :rofl: :rofl: :rofl: :rofl: :rofl: :rofl:
     
    На mims-89 и sanjalica им се допаѓа ова.
  9. Gossamer

    Gossamer Активен член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2013
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    Кога некој ќе ми спомне ЈСП, особено вторник, петок и сабота, првото што ми паѓа на памет се пензионери. Треба името на претпријатиево да го сменат во Јавно Сообраќајно Пензионерско Претпријатие, и така поголемиот дел од патниците останаа пензионери, помладите преферираат да се возат со приватен. Како и да е кога сме кај пензионери и ЈСП еве еден настан што се случил неодамна во 53ка: „ Две баби и двајца дедовци, си се качуваат на последна станица, во двокатна 53ка, и на горниот кат на така наречените „сепариња“ си вадат масичка, и на неа мезенце, ракија, да се чувствуваат како дома- патот бил долг, ќе огладнеле.“ :D

    Јавниов превоз стана ЦИРКУЗ во буквална смисла. |(
     
  10. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    15.021
    Допаѓања:
    123.884
    До колку работат трафиките за карти ?
     
  11. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.014
    Пол:
    Женски
    ^мислам до 18/19ч.
     
    На eli25 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. WeHeartIt

    WeHeartIt Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2012
    Пораки:
    270
    Допаѓања:
    130
    Најмногу мразам кога морав да се возам со автобус. Почесто практикувам такси ама кога сум во баш „тесно“ се возам со автобус. Ни малку не ми се допаѓа однесувањето на возачите и дека сега зима да се замрзнеш. Па старци насекаде...
     
  13. jagotka.99

    jagotka.99 Активен член

    Се зачлени на:
    8 јануари 2013
    Пораки:
    56
    Допаѓања:
    24
    Нервоза.Мислам дека ова е правилниот збор за да се опише возење у ЈСП.Аман бе,аман.Турканици,гужви.Минатиот пат во 51 не се дишеше.Во вистинска смисла на зборот.Дури и се слоши на мајка ми.Па,многу нормално дека ќе и се слоши коа возачот ја пуштил климата на 45 степени.Ок,ајде го сфаќам поарно топло него ладно.Ама смрдеата ? Аман бе луѓе се бањате ли вие ? Сфаќам човек ќе се испоти,ама ова не се поднесува.На жената после тоа цел ден не и беше добро.Убаво и викав седни доле она не,горе имало слободно место горе ќе седнам.Добро.Си стоев јас доле до вратата колку толку не беше толку жешко.Е,сега дојде автобуската на Билна.Е,тука се вистинските турканици.Ајдеее,сите тука се симнуваат.Не дај Боже да си до вратата.Но, добро ме истуркаа малку си се потргнав по настрана и искочија сите.Вторник и петок.Хмм .. Е,тоа више не се издржува!Баби,дедовци насекаде.Мислиш даваат пензии низ градов,па ајде да идеме да земеме.Па поарно ќе беше пензии да им даваат барем ќе знаевме кај идат секој Вторник и Петок.А вака ? Абе не е важно кај иде,важно он има бесплатно возење па ајде ќе се начукаме во автобус ќе се возикаме што ?! Абе ајде .. Баш еден дедо на другарка секој Вторник и Петок си иде вака во град.Се зачудила другаркава кај иде секој Вторник и Петок па го прашала.А,овој и рекол дека иде да си уплати за Лото.Ха ха ха ха!А,тука неможеш да уплатиш нели?!Или,важно е да идеш во град да уплатиш ? |( Добро е што јас сеуште не се возам во автобус секој ден.Ама тие што се возат секој ден е богами секоја им чест! Ќе видиме од средно .. ако дотогаш сеуште им важи ова бесплатно возење. |(
     
  14. dream.queen

    dream.queen Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 август 2012
    Пораки:
    313
    Допаѓања:
    191
    Пол:
    Женски
    секогаш на пензионерски ден идам со 23-ка дека е приватна а тоа мерациии нема лук нема кромид насекаде :D ама па кое тресење е у старине автобуси |( аа сум приметила оние новине двоспратнине се тесни има место само за еден евентуално 2-ца за застанат паралелно а па не дај боже тоа пун автобус све стојат и некоја нафурана бабичка треба да излегува...КОШМАР..тоа бутање ненормално!! дефинитивно треба да има посебни автобуси за пензионери кои одат специјално до битпазар дефинитивно!! :nod: а иначе на некои старци им станувам кога ќе видам дека се изнемоштени мислам очигледно е се познава и на трудници ама на нафуркани бабички кои едвај чекаат да седнат тука јас си седам таа со цицките ми доаѓа ми ги бута у втар со кесиштата од пазар и девојчее може да седнам а тоа 3 места слободни и само дечко ми и вика имате 3 слободни места позади и овааа магла ма нееее bitch.не ти давам :shake:
     
  15. Greg.House

    Greg.House Активен член

    Се зачлени на:
    4 декември 2012
    Пораки:
    27
    Допаѓања:
    24
    Епа ајде сите старци, топан во Мариово. Знам, ги има некои досадни кои по цел ден го вртат цело Скопје. од Ѓорче до Драчево, ама имајте и за нив разбирање. Има луѓе кои во тие денови одат на пазар, во банка, пошта. Тие така доброволно се возат со ЈСП. Немаат пари, како и повеќето од ова два милионско купче народ.
     
  16. srcence1607

    srcence1607 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2012
    Пораки:
    2.366
    Допаѓања:
    2.475
    Пол:
    Женски
    УЖАААААААААААААААААААААААААААААААААААААААС!!!!!!! :@ :@ :@ :@ :@ :@
     
  17. Elennaa

    Elennaa Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2011
    Пораки:
    4.161
    Допаѓања:
    14.171
    Пол:
    Женски
    ^_^ ^_^ ^_^

    Почитувани,
    од понеделник, 21.01.2013 год. со пробна работа почнуваат следниве линии и тоа:
    1. Линија број „33“
    Релација на линија : Долно Лисиче - Дом на печат
    Траса на движење: Д.Лисиче, Г.Лисиче, нас.Лисиче, Транспортен Центар, Југодрво, плоштад Македонија, Дом на Печат. Во обратна насока се движи по истата траса.
    2. Линија број „163“
    Релација на линијата : с.Драчево - Општина Илинден
    Траса на движење: Од с.Драчево по улица Китка, нас.Драчево, Долно Лисиче, Јурумлери, Идризово, преку надвозникот низ Кадино, Марино и Општина Илинден. Во обратна насока се движи по истата траса.
    3. Линија број 18а
    Релација на линијата : Транспортен центар - с.Визбегово
    Траса на движење: од транспортен центар, Бит Пазар, ул.Џон Кенеди, ул. Лазар Трповски, бул. Словенечка, на раскрсница пред семафори врти десно за с.Визбегово, повторно десно после надвозникот и се движи по локален пат паралелно со бул. Словенечка до терминал во с.Визбегово.
     
  18. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.014
    Пол:
    Женски
    Не ќе биде лошо 35ка да ја пуштаат и преку викенд
     
    На Ann.94 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Monna.Monna

    Monna.Monna Популарен член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2010
    Пораки:
    3.562
    Допаѓања:
    7.991
    Пол:
    Женски
    Не ќе беше лошо ова 163 да ја пуштеа и накај Ново Лисиче да поминува. :D
     
    На CharmedGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Ann.94

    Ann.94 Популарен член

    Се зачлени на:
    13 мај 2011
    Пораки:
    727
    Допаѓања:
    1.818
    Пуштена е 35ка во сабота ама ја има само до 4 саат. А стварно фали 35ка да ја има до покасно а не само до 7 саат, а за празници и недела воопшто. Ептен потребен автобус ми е.