^ Еее, па вие па. Долно, Горно, Ново, Старо... Колку Лисичиња имате? И колку автобуски линии? Со сите што одам до Карпош, сите тргнуваат од некое Лисиче. Накај мене има само една, до центар и крај. Ај сега да не ја кажувам и така повеќе пати сум се издала, доста е.
ни важат ли слободните? денеска сакав да се качам во приватна 22ка и не ме пушти возачот, ми рече не ни важеле слободните........
Важат, зошто да не важат... И јас се возев во приватна 22ка, ништо не ми рече. Убаво си пишува на слободните: Билетот важи во 20.06.2013 година, секој ден во периодот од 05:00 до 24:00 часот. За време на зимскиот распуст билетот не важи.
Треба да провериш и од која компанија е приватниот автобус. За некои важи слободната, за некои не. Пишува на нив. (Јас знам од сестра ми). Мислам дека важат на „Слобода превоз“ и уште некоја.
Го заборави и селото Лисиче Да бидам искрена, ни јас не знам колку Лисичиња се, а не сум ни била во сите, некои ги знам само од што ми ги збореле.Знам само дека живеам во Ново Лисиче и дека од овде одат 5, 15, 15а, 3, 3а, 3б, 35, 23, а ги има и 13, 42, 44 на булевар Србија.Така да, во право си, ама ич немам право да се жалам, а ни да барам уште автобуси Ви ги оставам новите линии на вас, кај што нема толку многу
Важат од денеска слободните и во приватните, не знам зошто не те примиле. И јас се возев со приватна 22-ка денеска и тоа 4 пати ( да искористам максимум што можам ) и ме примија најнормално без проблем. Требало да запишеш регистрација и бројче на автобусот и да се јавиш да го пријавиш. Инаку, пред некој ден повторно ќе утнев станица. Бев во двокатен, беше тутка внатре, прозорите стандард замаглени најмногу што можат да бидат - исто како некој да си играл со кал на нив. Од никаде не можеш да видиш до каде си, едино кога ќе застане на некоја автобуска па ако успееш да ѕирнеш надвор чисто ориентаиционо до каде си, инаку рачунај автоматски се симнуваш на погрешна станица, особено ако одиш на помалце познато место. Трагедии.
Нели, откако сеа скоро кога стигна последната пратка на нови автобуси и ги пуштија низ градските улици, кажаа дека е целосно обновен возниот парк на ЈСП? Тогаш зошто по ѓаволите вчера низ градов уште возат оние старите, со хармоника, и единечните кои имаат клима која лете-зима дува само ладно? А, и моментот - тие автобуси се градските 41 и 7
Уште се бркаа бе :geek: http://www.youtube.com/watch?feature=pl ... WDideS7kiE Spoiler http://zase.mk/brutalno-odnesuvanje/
Не се возам често ама кога се возам со постарите сум фина сепак постари се.Ама кога почнаа да се возат зашто немаат друга работа ме направиа да бидам дрска со нив.Пред некој тесетина месеци може и една година у автобус друштвото ме чека јас неможам ни да влезам и глеам празно место и трчанката да го фатам седнувам и една бабичка: Ајде те молам стани јас сум стара не ме држат нозете веќе..(и сите тие нивни умилкувања)И до мене седеше еден дечко и и вика кој те тераше да излезеш и јас викам ај што ќе се расправам ќе слезам тука и пешки ќе фатам...оваа седнуе отвара весник и зимада чита притисокот 10000 ми се качи пред да излезам само и го потегнав весникот и се насмеав во фаца и излегов.Од тогаш се праам на тошо кога ќе фатам место
Уште и си имала среќа што те замолила.Мене само знаат да ми кажат - Ај девојче стани, постара сум, да седнам!Ни те молам, ни извини, ни ако сакаш...И тоа само жените го прават, дедовците ако не си најдат празно место, си стојат, ниеднаш не се осмелиле да ми кажат нешто.Безобразни женетини
Јас затоа, да ви кажам право... Ако видам дека има повеќе гужва, ќе застанам некаде и не ни гледам дали има место за седење. Бегај таму, после кој ќе се расправа, ќути си, трај си. Само многу мрзам, кога во раката држам опрема физичко, јакна, чадор, очилата, слободната (ако сум влегла во приватен), па уште за шипка да се фатам... Ама ај, ќе се стрпам некако. Или одам директива на втор спрат, ама пред тоа скришно ќе ѕирднам дали има горе празно место. Таму барем, не се качуваат постарите, и не ме стануваат.
Кога сте веќе кај седењево, скоро секогаш седам во автобус , мислам кога тргнувам од кај мене за некаде, празен е автобусот не за друго. Од школо кога се враќам претежно деца се возат е тоа е тепачка за да влезеш во автобус, ама се постигнува некако. Единствено кога треба да мењам 2 автобуса за до школо стојам, не ни гледам дали има слободно, за 3 станици не ми се исплати да седнувам.
Чисто информативно, на нет прочитав дека има нов возен ред. Така да ако тргате негде убаво проверете кога има по распоред.
Колку се нервирам кога е вторник или петок!!! Еднаш се возев и се качува една баба и ми вика може да ми направиш место и јас се преместувам на другото место и бабава ми вика ама те молам стани и и викам па еве направив место и таа ми вика, ама стани и од другото и викам зошто и оваа ми вика ќе видиш и нејќев да се расправам станав и на едново место седнува она, а на другото си ја става ќесата со зеленчукот што го купила! Безобразлук, само да не ги држи во скут!!
Е, денес беше интересно. Не се диши-игла нема каде да се фрли, а внатре се караат дали Грујо бил крив. Грујо е крив, што има гужва, Грујо е крив! И еден куп продики. Ама многу е интересно, кога ќе речат: Оди во средина, види колку место има. За каква средина, за какво место збориш? На таван да се качам? Таму мислам дека, ако прднеше некој, ќе се осетеше дури на последна станица, кога ќе се испразни.
Kога одам на факултет морам да се качам на автобус, не дека ми е мерак пред некој месец, имаше премногу гужва, разбирам и мене не ми беше комотно. Cтига автобусов на мојата станица, а јас блиску до вратата, да не речам на чекор, ама пред мене имаше една постара тетка. и културно и велам: извинете, ќе може да поминам? Tука треба да се симнам. A она се врти ме загледува и наеднаш ја дига главата нагоре демек чавки гледа. и јас пак: Aко може само малку... Oна пак си брое чавки. и веќе беше касно, автобусот тргна, не можев да викнам бидејќи имаше многу гужва и си чекав на наредната да се симнам, а не беше баш блиску. и зошто? зошто се правеше на будала женава? Jас разбирам дека нема место и дека е тесно, ама што доби со тоа? после на наредната станица еден постар човек ја изгура, без да ја замоли да се тргне, па успеав да поминам. Tребаше и јас така да направам. A најтрагично од се е што ако се испонашаш некултурно ќе почне пред цел автобус да ти вика и да те срами и ти ќе испаднеш крив на крај.
Ах колку мразам да се качам во автобус во вторник и петок...Срамота жива..:/ Бидејки се качив уште на прва почетна станица,на наредната се качува еден дедо..Автобусот беше скроз празен а тој ми вика мене: девојче ајде стани? многу се изнервирав и му викам зашто? видете колку празни места има !! и тој на се ова ми вика : па ова е мое место .. -.- И викам епа нема бе ,си стаив слушалки во уши ,гласна музика и 2 % не го исфермав,после мојот инает тој којзнае кај седна не ни го приметив а и не ме интересираше .. ! Ајт у курац нека идат