АВТОБУСИТЕ НА ЈСП - ДВОЈАЗИЧНИ Беше само 9ка, сега и сите други... Прво сакав да кажам нешто за тој што држеше говор, ама поарно да си преќутам. Да не речат после Миле вака, Миле така рече... Вака анонимно.
сте го гледале видеото како шоферот им стаи затка на пензионериштана..? Ако не ќе ви го раскажам..Се караат насабајле стари и млади нормално овие каснат на работа корне на пот...после неколку минути шоферот на микрофонот вика:Млади дај те бе разберете ги,надвор ладно а нив од дома ѓи избркале и сите хахахахахахаха и толку јас се изнасмеав и еднаш го употребив во автобус на една бабичка коа не ми даваше да излезам
Ова превозов е единственото нешто што ми ја впива енергијата, и што обавезно ми го заебува денот! Аааа колку сум јас исфрустрирана од овие автобуси, немате поим! Милион пати имам коментирано во врска со оваа тема, што веќе стварно ме мрзи да се повторувам и овде. Само едно ќе си кажам: Да даде Господ овие од ЈСП еден ден да влезат во автобус (вторник или петок), на некоја станица во средина од линијата, едвај да се пикнат во автобусот, вратата да им фати рака или ташна сеедно (битно да почувствуваат како изгледа), потоа да ги испобуткаат во средина во двокатните (каде што едвај се разминуваш), бабиштана да им извршат една тортура од шамарање со кесите од пазар, и кога веќе конечно ке се намали гужвата, нели ќе се качат по скалите, па коа повторно ќе се симнуваат им посакувам едно превртување и лупање на сите страни по тоа одвратните скали, да се почувствуваат како да се наоѓаат во блендер. Амин.
Ни срам ни перде, требало да ја станиш после ти неа или најбезобразно како неа да и ги тргниш кесите и да си седниш. Уф колку ги мразам пензионериштава во Скопје!! Ужасно се дигнати и арогантни. Во ниеден друг град не сум видела такви пензионери.
Мене ме нервираат, што на нивната страна, се прават наудрени, на скоро сите прашања. Ги објавуваат само тие што се за изгубено-најдено, или за изгубена слободна. Едно прашање, на дваесет можни начина. Spoiler Мojata kerka ja izgubi slobodnata karta. Taa e ucenik vo I godina sredno, pa me interesira procedurata za vadenje na nova slobodna karta. Od ucilishte zemavme nova potvrda deka e redoven redoven ucenik. Ve molam da mi kazete kade i koi dokumenti treba da gi dostavime za nova slobodna karta? Vi blagodaram Потребни документи се: -изјава од родител заверена на нотар -потврда од училиштето дек ае редовен ученик -фотограгија -280 денари Mozhe li da mi kazhete dali od kaj vas treba da se podigne izjava za izdavanje nova slobodna karta bidejkji prethodnata mi e ukradena ili pak roditelot treba da napishe? Blagodaram Потребни документи за издавање на нова слободна се: -изјава од родител заверена на нотар -потврда од училиштето за редовен ученик -фотограгија -280 денари Spoiler dali za maloletni deca od 6 do 14 godini prevozot vo avtobus ne se naplatuva Да, бесплатен превоз имаат право деца до 6 години. dali deca do 14 godini ne plakjaat karta ?? Деца до 6 годишна возраст не плаќаат билет. Da ve prasam dali za deca vo avtobus e besplatno? Nekoi vikaat e nekoj ne,da neznaes na kogo da veruvas.. Vi blagodaram Билет за деца до 6 годишна возраст не се наплатува. Spoiler Здраво, Сакам да прашам со која линија може да се стигне најблиску до аеродромот Александар Велики и до каде точно? Благодарам ЈСП Скопје не ја опслужува линијата до аеродром ,, Александар Велики,,. dali ima avtobus do aerodrom petrovec,i ako ima kade moze da go vidam vozniot red,fala ЈСП СКОПЈЕ нема автобуска линија до аеродром Александар Велики. Koj broj na Avtobus poaga za Aerodromot Aleksandar Veliki. ЈСП Скопје не опслужува линија до аеродром ,, Александар Велики,, Moze li da dobijam informacija dali ima redovna linija do aerodromot i ako ima na kolku vreme i kade pominuva? Vi blagodaram! ЈСП СКОПЈЕ не ја опслужува оваа линија. Spoiler jas sum ucenicka vo sredno i izgubena mi e slobodnata.Sto treba da napravam za da prijavam deka e izgubena i kade moze da prijavam? Ве молиме да се јавите на телефонскиот број 3171881 во ЈСП СКОПЈЕ. Jas sum prva godina i dobiv besplatna slobodna no ja izgubiv. Dali ke mi bide dadena nova ili ne? Ве молиме да се јавите на телефонскиот број 3171881. Ми иде да прашам, дали има некоја возна линија до Аеродромот. Сигурно ќе објават.
Колку ли само сум изнервирана секој вторник и петок значи учениците кои одат на училиште со тешки ташни и изморени од 6-7 напорни часа неможат да успеат да се качат во автобус од едни пензионеришта-вампиришта што апсолутно беспотребно ги полнат автобусите и шетаат кај ќе стигнат наместо да седат дома и да чуваат внуци и секако учениците се тие кои мораат да чекаат да дојде друг попразен автобус ако можат одвај во него да се качат и одвај да си отидат дома да се одморат. И не ми е јасно како се повеќе и повеќе гледам, но и се возам во СTAРИНЕ автобуси на ЈСП се помалку и помалку пуштаат од новине што ги купија нископоднине и двокатните. Нека пуштаат стари автобуси кои ќе бидат специјално наменети за пензионери-вампири кои сакаат да шетаат низ цело скопје ко будали и да си го губат времето на скитање.
Ајде малце, да се испразнам, се' што ми лежи! Иначе, еден ден, мислам дека ќе го изгубам трпението, ќе ја изгубам контролата над себеси. Смачено ми е, секој вторник и петок, јас да се симнувам после 1-2 станици, наместо таму каде што треба. Па после тоа, да се враќам назад. И нормално, пред нос да ми отиде автобусот. Денес, значи бев буквално до вратата и таман да излезам, се качи една баба, застанала до мене, не се трга! Дрво да беше, ќе се разбереше. Откако не се симнав таму каде што требаше, дојдовме на наредната станица. Оваа пак не се трга! И се раздра: Па симнувајте се веќе, аман! И буквално ме бутна низ вратата. За малце ќе паднев. Идиотка. Однапред се извинувам за речников... ама ептен бев накурчена и ми идеше да и шлапнам една воспитна. Како да излезам од тебе, бе? Па што к.р барате бе, во најголемата гужва? Ќе ви избега пазарот, немој молим те. Па уште некои од нив, не плаќаат карта во понеделник, среда и четврток, затоа што не искористиле во вторникот. Не излегле од дома. Со усул бе, со усул малце, ееј! Има некои што навистина одат на лекар, ама нема ваљда ти секој вторник, петок и сабота да одиш на лекар. Каде го има тоа? Па уште еден дедо, сабајлечки почна да збори: Не може да се возиме на раат, од ова ученициве. Па добро бе, што сакаш? Со авион да одиме во школо? А да, имаше уште една случка, со баба, денес. Кога одев накај школо, јас бев седната на столче, затоа што беше празен автобусот. И доаѓа една баба и почна да ме удира: Станувај, станувај! Среќа имаше некој од позади, па ја довлечка до другите празни столчиња. Мислам стварно, ако не можеш да одиш, зошто одиш на пазар? Значи, јас дневно поминувам 14 станици и за накај школо и за накај дома. Кога сум втора смена, сите 14 станици, јас стојам. И да има место, не седнувам за да не слушам нивни предавања. Е Бог да чува и да брани.... после тоа, младината била никаква. Ма немој да ме ј.беш бре.
Точно е дека треба да се има почит кон постарите, ама овие пензионериве по автобусите стварно ги преминуваат сите граници. Значи воопшто немаат осет бе! Гледаат до врата преполн автобус и пак трчаат, се буткаат да се качат...Па побогу што ќе стане ако почекате друг!? И се прашувам за каде само толку се брзаат во 7 саат сабајле Па уште со цел памет не прашуваат „кај идете вие бе деца“, ни викаат зашто сме ги буткале со ранците - една баба еднаш ми рече „земи си го во рака“, а јас секогаш скоро сите книги и тетратки ги носам (по 5-6) Изнервирана, само си реков во себе „да, да, сигурно, специјално за тебе“ И знам дека е културно да се стане ако влезе некој стар човек што се гледа дека е изнемоштен, тоа е човечки и секогаш би го направила. Aма ептен се безобразни некои што ги гледаш дека се витални, а бараат да им стануваме. Добро бе луѓе, не мислите ли малце дека и ние, ако сме млади, може да сме уморни на сабајле, или пак на втора смена кога од 1 до 7 сме на школо?
Вторник и петок излегувам цел саат порано од дома за да стигнам на време на работа, ако реално стигнувам на работа за дваесетина минути, невозможно е да стинам на време овие денови. Не им станувам на постарите и се тепам за место повеќе и од нив затоа што после јас терба цел ден да стојам и трчам на работа, па тие 15мин седење во автобус ми се навистина големо задоволство. Може да ме нарекуваат некултурна ама неможе мене да ме учи некој на култура што се турка по автобуси и што се вози без никаква цел освен нели да создава уште поголема гужва, неможе да ме учи на ред и култура истапирана тетка што цел ден се развозува со комшиката само за да оговара и да користи бесплатен превоз. Неможе да ме учи на кулура дедо што ги вреќа учениците и што се расправа со секој вистински патник во автобусот. Се случува вчера да јас си седам најнормално, се качува пензионер (не толку стар и изнамоштен) и ми диши у врат за да станам, а јас си свиркам низ прозор. Спроти мене седеше еден дечко така доста полничок кој буквално зафаќаше седиште ипол и дедово му се врти и му вика на цел гас „Види се колкав си две седишта си зафатил„. Луѓе мене ми падна срам и жал навистина, дечково само ја наведна главата и се засрами. Не се нормални стариве значи, од мене сигурно нема да добијат ослободено столче за да го седнат задникот кој и онака по цел ден седи, и после ќе ми зборат дека младите немале почитување и култура, па нема од кого да научат кога 90% сте животињи без грам совест и култура. Џабе и секој ден да им се даде бесплатен секој ден ќе биде иста приказна, ќе си се возат ради реда да си пополнат време, и секој ден ќе се возат од прва до последна станица и назад за муабет чисто онака... А некој секој ден ќе касни на работа, уморен од работа ќе стои, ќе пропушта станици, ќе оди пешки итн...
Ради овие гужви и се мислам дали да вадам месечна, ама веќе не можам да престасам со куцање на тие за 10 возења... Минимум 3 ги куцам како ништо, напанак приватните, напанак што некогаш и пропешачувам... Кога е убаво времето одам пешки, ама не можам, ми треба и на други релации превоз, до ваму до наму, до центар, и најверојатно во март ќе вадам. Кажете ми, јас од факс треба да извадам потврда за редовен студент, сликичка имам, и тоа да го однесам во тие малечките барачиња? Треба некое барање, нешто?
Прво од некоја билетера на ЈСП ќе си земеш молба за слободна (5ден. е), ќе ја пополниш, со индекс идеш на факс да ти ја потпишат и да удрат печат (ја носиш и сликата зашто мора пола од печатот да биде на задната страна на сликата-тоа се ти пишува на молбата) и со молбата, сликата и индексот идеш пак во некоја билетара за да ти извадат слободна. Месечниот билет ти е 1050ден. а кога ќе ја вадис плаќаш или 60 или 80ден. за картончето и пластифицирање.
Ужасов со стариве низ автобусиве е катастрофа. Јас трудна во 9 и морав да се возам во автобус и беше петок а јас на контрола. Леле луѓе дали ми верувате сите седат никој не станува, а за враќање среќа беше празен автобусот и седнав и доаѓа еден „младич“ и ми се туфка пред мене и не знам дали стварно очекуваше дека ќе му станам ?!?!?! WTF ?!!? Наместо да се стимулира малдото население они на старцине им даваат све. Хаос
Во вторник како што сум од 8 на факултет, едвај чекам да се качам во 2ка дупла знаете. Па добро кај одат бре уште во 7ипол сабајле, па и на времево лееелеее! Нема смисла, стварно, тешко се издржува!
Јас од сабајле ги гледам, уште во 6 и 25, а не па во 8. А во вторник и петок, во 6 и пол, доле во двокатен воопшто не се наоѓа место, а горе чат-пат. И тоа во почетните станици, а камоли понатака... И да ви кажам право, јас чим видам дека има голема гужва во автобусот, си излегувам. И си чекам друг автобус. Затоа повеќе сакам да биде ладно надвор, него ли да се затопли. Кој ќе диши на плус 40 степени, во стар автобус.
Добро бе само едно не ми е јасно каде одат во 6 саат? чекаат пред пазар за да отворат тезгите ли? Навистина безобразни се многу..денес кога идев накај школо во 6 и 50 се качив во автобус и тоа едвај..и почнаа мубети помеѓу дотичните старици како гужва сме праеле со ташните па како сме седеле не сме им станувале..добро ајде тоа секојдневно им е ама денес кога се враќав од школо една старица толку многу ме изнервира што ми идеше да и мавнам една клоца и од автобус да лета..прво ми дремеше над глава и кесите буквално у скут ми ги тупна.. ајде тоа добро..али у автобусот гужва невидена и се качува една трудна жена и старциве немаат абер да станат ај тоа па уште ја испобутаа жената и ми падна жал а и така уште само 3-4 станици ми останаа за возење и станав за да седне жената и оваа старицава ми вика ке стануваш и викам да и ми вика ај да седнам стани и у моментот додека станував и сакав да и кажам дека станав за жената уште еден старец буквално ме убута у една старица за да седне..и веќе неможеш да издршам и им викам па добро бе гледате дека жената е турдна остајте ја да седи..и старкава ми се врти и ми вика па ако е трудна што се вози..е тука веќе неможев да издржам и викам па ти ако неможеш да стоиш што се возиш,по цел ден шетате по пазар сеа неможеш да стош и дотичната ми вика да даде господ кај што се шетам ја и ти да се шеташ..абе мрднати се сите... ми иде да ги запалам живи кога ке ги видам у автобус..и една жена исто сакаше да се симне ама шоферот не застана на станица и женава викна за да застане автобусот и една старица се умешува и вика вози мајсторе вози и женава вика да бе да вози ја од работа идам не шетам као тебе и од коа се симна женава старицава почна да вика како жената ја испобутала да за се симне и затоа убаво и напраил шоферот што не застанал..абе ајде.. многу ме нервираат старциве
„Ние кога ќе видиме дека има гужва, пуштаме дополнителни автобуси. Друго не можеме ништо да направиме, не можеме на никого да му кажеме колку пати да се вози во вторник и петок“, вели портпаролката на ЈСП, Билјана Јанкуловска за Радио МОФ. Ме изнасмеа овој коментар. Како па да не пуштале....
На почеток се радував на двокатен автобус се качш горе и раат од пензионериве зш неможат по скали нооо се излажавме тие не скалии и преку прозор ке влезат само да се возат бесплатно се качува горе ај станете деца да седнам ма ако може да се качи може и да стои... па ја претераа секој вторник петок и сабота сега.. каде ли идат секој ден кога е бесплатно...