Да истото и на мене ми се случува тоа е дека некој луд пијан ненормален не знам со колкава брзина поминал и ја собрал автобуската и сеа на ништо не личи А за јавниов превоз еве нешто и јас да пишам автобусиве стварно се убави средени се тоа си е ок ама со стариве луѓе во вторник и петок ништо не праиме мн се досадни искрено без усул се башка не се ни бањаат некои од нив кашлаат болни се и да немаат некоја работа битно се возат низ рад по цел ден уште фали и навечер да се возат кога е време за излегување е уште тогаш да ги видам жими се пешки боље ќе одам хехехе.Немам ништо против старите луѓе и јас имам баба и дедо стари ама претеруваат јас дури и на моите баба и дедо им викам да не идат кога има студенти,ученици по автобусиве гужва прават .
Eве и јас да ви спомнам пример од пензионерските денови во ЈСП и тоа на мое изненадување ПОЗИТИВЕН! Во петокот се враќам со 24-ка од Лептокарија со торба (пошто бев на куглање) и си фатив автобус, и седнувам позади бидејќи имаше слободно место. И после гледам една пензионерка иде накај мене и ја си станувам, а она: не не не седи си слободно и тоа со културен тон, бев изненаден. А една жена што седеше до мене ми рече: Ич не се секирај за пензионерите, они се поодморни од нас! Ете и некој позитивен пример за промена! BTW не мирисаше на кромид, лук или сл.
Јаооооо што нема да видиш и слушнеш За пензионерите веќе...шта речи. Порано беше и да врне и да вее поштар пошта носи а сега е и да врне и да вее и марсовци да паѓаат пензионер во вторник и петок во автобус се качува. Денеска кога си доаѓав од школо седиме со една другарка и зад нас на тие четирите столчиња што се, седнале бабички и си дискутираат за Велики брат. Пензионерки бе, за Велики брат. Се стискавме нели од срам и куртоазија ама за малце ко балони ќе пукневме.
Баш заради пензионерите не се возам во автобус на ЈСП. Колку се само безобразни. Ќе се испотепаат кој прв да се качи во автобус. Една мода другарка се возела во 5ка и се качила горе на спрат. Таму двајца пензионери играле шах. Сум се изнасмеала кога ми го кажа тоа.
Јас дојдов на темава да си се пожалам пак од пензионериве . Леле бе па дечкиии, невозможни се. Цела 24ка мирисаше од нив, а не даваа господата да се отвори прозор, им дувало промаја. До мене една бремена жена, не и даваа да седне, затоа што немале каде да ги стават кесите од пазар со кромиди, паз и што ти не, мене ми се слоши, а не па на женичкава. И згора на се, една баба од 100 кг ми се обеси уквално на рамена, за јас со моите 45 кг да ја држам. И не можав да издржам и и подвикнав да ми се тргне, уште па и крива бев, што немала она каде да се држи. Пуштале долонителни автобуси? Што лажат само? Ова не се издржува више.
Не,не ова не е во ред.Им пишав триста илјади поплаки,па нека видат они.Не се криви пензионериве сеа и они сакаат бесплатно да се прошетаат,ама барем култура да имаат.Се бутка,ти коментира,превртува очи... Денес баш една баба сакаше да влезе и гледа дека автобусот кај и да е ќе се сруши од сите луѓе внатре и упорно се бутка.Ај тоа,ами после цел пат коментираше како ние,учениците сме виновни што се возиме Молам? Што да правам? Да летам? И јас морам некако да си одам дома! Ма циркузи се.Најлудото што ми се има случено- јас стоев најгоре на скали,а една тетка се симнуваше.Да се симне,овој сврти и она така се заниша,ме фати за рака,за малку не се утепа надоле и јас со се нејзе надоле прерипав 2 скали.И ми се извини,ама јас со главата во таа жолтата рачка и...
Денес за прв пат да се случи вакво нешто.Не се сите исти.Една баба,си се возеше денес сабајлето кога јас одев во школо и таа седеше.И рече седни си.И јас кога ја погледнав .И рече,млади сте вие треба одите во школо,заморни сте,а ние немаме никаква работа,слободно седни.Ова е чудо.И само се насмев и и реков благодарам бидејки навистина заслужи.
Еј во автобусиве што нема да слушнеш и да видиш.....ок пензионериве што знаат да те изнервираат ок не ми е проблем да им станам ама и ретко седам така да.. ама некои стварно претеруваат со понашањето.Денес еден дедо си доби ќотек,жалосно бе,кај отиде светов со ненормални луѓе арно и земјава ги држи можда и дедово нешто пререкол ама со кој памет ќе тепам 60годишни луѓе плус од пензионериве сите шофери што брзо возеа ги сменија пошто им сметало брзото возење ќе ги утепал некаде офф...сеа ќе се клатам по автобуси кај што ќе мирисам алхохол
НОВИ ПРВИЛА НА ЈСП Глоба од 75 евра за патниците што ќе бидат фатени без билет Патникот што ќе биде затекнат без возен билет во автобус на ЈСП ќе мора да плати казна од 75 евра. Како што соопштија од ЈСП, оваа казна патниците ќе можат да ја избегнат само ако на самото место веднаш платат казна од 300 денари или најдоцна во рок од осум дена ако немаат пари со себе. Проблематичните патници што ќе одбиваат соработка со контролорите ќе се соочат со полициска интервенција. Spoiler Претерале со ова.А казни за неморалните возачи нивни што се однесуваат како на трки ,доцнењето незнам дали го корегирале ..... Зарем само по џебот на народот да се удри
Јас знам дека во оваа наша мала слатка држава дека никој не е нормален и затоа и државата ни стана ненормална. Наместо да направат нешто асално им дадоа три дена во неделата бесплатно да се возат пензионерите. Денеска кога влегов во автобус,не се дишеше,воопшто убаво не мирисаше.И бев единствена млада,се почувствував како изрод. Само не ми е јасно зошто?! Сакам некој да ми објасни. Јас,ученичка,земав слободна од школо и еден ден ја заборавив (досега само 2-3 пати во годината ми се случило тоа) и дојде контрола.И после вика 200 ден.Молим? Дали е некој нормален тука? Да давам 200 ден,а одам во школо за да учам,а пензионериве си се шетаат бесплатно од пазарче на пазарче или на лекар.И после ми вика стани ме боли ногата.А мене никој не ме прашува,си станувам во 7 и си одам во школо си се враќам и не кукам,обврска ми е и си ќутам.Ако не можат да стојат нека си седат дома,немаат обврска да се шлаат по улици. Најтрагично е што и дедо ми е пензионер со 2 инфаркта и секој вторник,петок и сабота си се шлае по улици.Му викам немој бе дедо пак ке те удри,и нема назад он не па не.Кај живее во природа,во село,не он сакал во град да оди.Абе не може да оди,се го боли,ке одел во град.Господе боже!
А казни за ПРЕПОЛНИ автобуси ? Зошто реално не можеш да дишиш внатре од сабајле, вратата позади тебе не може да се затвори, не дај боже ке ти се слоши и да сака некој нема да може да ти помогне... страшно нека си средат нека си пуштат повише автобуси на линии кај што е ненормална гужва... на пример од Лисиче 7ка што оди, па тоа цело село и околу не можат во еден автобус да се собере... и нема врска што ми одговара што ми поминува пред зграда си одам на 15ка или 22ка за да можам не да седнам туку едноставно да влезам во автобусот
Не ги оправдувам патниците без билет ,но ова дефинитивно нема да важи (секаде на сите линии ).Можам да се опкладам дека во автобуси како 2ка ,9ка,19ка,55ка и слични (колку што се сеќавам ) ке си биде иста песна.Но ајде и тоа чудо ке излезе на виделнина .Гледано од страна на граѓанин-возач ми пречат ЈСП.Застануваат-паркираат како сакаат,се тркаат со приваниците ужас ! .За преголемата гужва се донекаде криви и самите патници но што да се прави кога се брза насабајле.И до кога ова фосиливе ке претрчуваат и трчаат по ЈСП невнимавајќи преку улица во вторник,петок и сабота (имаме и ние проблем возачите )
Богами, за 9ка, не знам баш колку ќе важат правилава... Контролорите лесно можат да се погодат со патниците, ќе се прозборат два-три збора и готово. И добро бе, кога приватниве ќе се научат да пуштаат со слободна? Еднаш, се изнаредивме пред приватен автобус ученици, пола пушти со слободна, а пола им затвори врата пред нос. Едно девојче му тропна на врата (бидејќи на неа и затвори врата). И овој излезе од автобусот, почна да вика: - Неписмена, ти ли ќе ми учиш школо? Еднаш па, јас 5 минути му објаснував дека сабота е работен ден и дека се обработува ради четвртокот за Велигден. - Е како да не, каде пишува? Е да ти родам сега компјутер, па да ти побарам на интернет. Е Бог да чува... Јас па сум пукнала да им влезам во приватен... кај не се диши внатре, нема асален прозор... ама што да правам кога оваа мојава државна, е секогаш пуна. Еднаш исто, влегуваме во приватен: - Имате позади државна. - Ама пуна е, нема место игла да кај да се фрли. - Па што ме интересира мене тоа? Ајде надвор. И јас пред да влезам, треба да губам нерви... е овој шофер пушта, овој не пушта. Со исклучок на приватна 22ка, што секогаш пушта со слободна. А како што сум приметила и 23ка и 12ка... ама со нив не сум се возела повеќе од 2 пати, за да кажам точно. ******** Иначе, неодамна наслушнав дека ќе се купувало дневно само еден билет. И со тој билет ќе се возиш во кој сакаш државен автобус, во текот на цел ден. Фактички, 30 билети да ти требаат за цел месец. И да смениш 4 автобуса тој ден, само еден билет ќе ти треба... Ама колку е вистина...
Па да, ќе се продаваат дневни билети, ама мислам дека ќе бидат 100 или 150 денари, не се сеќавам колку беше, читав на некоја страна... Ама ќе постојат и тие за едно возење ако добро прочитав. Само кога ќе се воведе тоа... А како и да е, пак нема некоја корист од дневниот билет ако е со толкава цена...
И јас имам чуено за дневниот билет, најверојатно наскоро ќе стартува со цена од околу 100/150ден. Што е искрено исплатливо, кога ќе тргнеш цел ден до град да завршиш некоја работа....после се враќаш дома, и тој билет може уште некој од домашните да го искористи.