како и да е не вреди тој дневен билет..работава треба со домашните да се договарам коа ќе искачам за да имаме дневен а и каде е логиката?.....до душа и не ме интересира тоа..ме интересира каде со пензионериве каде???/ па немоам да се качам бе од нив уште ми доаѓа и ми вика ајде стани ти помлада си..за такви само мрш да не те глеам...ти се дало бесплатно па уште да ти станам..а да те однесам и до дома на раце??? безобралук голем се стариве а за нас средношколците не цепкаат до 20 ми ваZела слободната..па коа моеш за нив бесплатно напрај ми мене цел месец...ич бе не ги сфаќам...
Претепан контролор на ЈСП Вчера во 13 часот и 40 минути на улицата „Втора Македонска Бригада“, на автобуска постојка во автобус на ЈСП со број 19, бил претепан 48-годишниот М.Ј. од Стајковци, вработен како контролор. Тој фатил група од 15 лица како се вози без билет во автобусите на ЈСП, па тие го претепале. Насилниците го удирале контролорот со тупаници и клоци по главата и телото, при што му нанеле телесни повреди. Пред една недела директорот на ЈСП, Мишо Николов, изјави дека доколку патникот кој се вози во автобусот без бил не го плати бараниот износ од 300 денари во рок од осум дена, поднесуваме предлог за поведување прекршочна постапка до МВР, по што прекршочната комисија задолжително изрекува глоба од 50 евра, плус 25 евра за трошоците за прекршочна постапка, кои паѓаат на товар на патникот.
А затоа јас гледам нешто зачестија со контроли а они да ти барале наши луѓе без карта па да си го полнат буџетот со нивно казнување Да бидам искрена и мене ми смета кога ќе видам некој пријател на возачот или контролорот не си плаќа карта, но особено ми смета што шиптарите никогаш не плаќаат карта и кога ќе влезе контрола секогаш поминуваат неказнето (или контролорот е од нивните или е од нашите па му фуфка да биде строг) А за културата и писменоста на возачите, жал ми е но морам да си признаам дека дефинитивно е потребен психолошки тест на секој од нив пред да ги вработат. Не зборувам дека сите се нестабилни и некултурни, на страна тоа дека се неписмени, но ако некој е во ред и способен за возач(во секоја смисла на зборот - способен, во кое влегува психички и физички способен за таа работа и култура и човечки однос кон клиентите(патниците)) нема да му смета таков тест. Прво, возачите треба да бидат униформирани, чисти, испеглани, да не пушат во автобусите, да им биде забрането зборување на мобилен телефон или со патници додека возат, да не се дерат по патниците, да не навредуваат, да не возат брзо и опасно по животот на патниците итн...Не ми се случило еднаш да налетам на некој таков несоодветен за работата, при што сум молела Господ жива да стигнам до дома затоа што "господинот" вози како ненормален, не застанува на автобуски, ја погодува секоја дупка и нагло кочи при кривини. Еден голем минус ______________ за јавното сообраќајно претпријатие-Скопје.
Девојки, сега од октомври сакам да извадам слободна бидејќи сум студент. Што документи ми се потребни и колку пари е месечниот билет за градски линии?
Потребно ти е Барање за студентски билет - се купува од ЈСП трафика - 2 ден., го пополнуваш и го носиш на студентски на факултет заедно со една мала сликичка и ти маваат печат. Одиш во ЈСП трафика, го даваш барањето и го покажуваш индексот и они на последната страна удираат печат од ЈСП, и ти ја вадат слободната. Месечно е 950, а првиот пат ќе доплатиш плус 50-60 за картончето
Незнам темава дали е соодвеетна, ама за да стигнам до Железара (тотално ми е непознат тој реон никогаш не сум била во таа населба) до центарот на Млади инфо на која автобуска станица треба да се симнам дали некој знае? Знам дека 16ка и 13ка идат до Железара.
Девојки дали има автобус кој иде до Визбегово Од каде тргнува и слично... Конкретно ми треба да отидам до https://www.facebook.com/pantermisgiftcentar/about ПАНТЕР МИС ГИФТ ЦЕНТАР, ама колку ќе биде изводливо со автобус, ако некој е запознаен нека пише.
Јас бидејки сум ученичка си имам слободна,а за време на распуст си вадам билет-секогаш.Ми се случи еднаш,бев сама дома,денар немав во мене,а под итно морав да одам кај другарка ми бидејки навистина беше важно,и бев многу потребна и се возев во автобус без билет.И тогаш ме фати котрола.Значи контрола има само јас кога немам билет.И мн се усрамив.Од тогаш повеќе никогаш не сум се возела без билет,дури и да немав пари,мислам да нема никој дома,мајка ми или татко ми да не се дома да ми дадат ке одам пешки.Исто така еднаш си ја заборавив слободната и баш тогаш контрола инаку нема. Се случи еднаш во 24 доага една баба (петок беше) и ми вика да седне ако може,дека јас болела ногата и јас нормално кажав не.Потоа една девојка до мене што седеше стана и бабата седна и цел пат се превиткуваше,се стегаше и сфатив дека навистина има големи болки и од тој ден имам грижа на совест бидејки знам дека Господ ке ме казни. Друга случка.Беше исто така петок и јас кога се качив имаше кај да седнам,скоро беше празно бидејки беше прва станица.Полека полека се наполни автобусот и немаше кај да стои човек,а не пак да седне.И се качува еден дедо-стар,изнемоштен и си реков ајде ке станам,да не си пишувам гревови и тој ми вика седи децојче,немора да стануваш. Еднаш,кога го извадив забот,бев втора смена и морав после тоа да одам на училште.Ама мн лошо ми беше.Едната страна бев потечена,ми течеше крв и ме болеше.Јас се качив на прва станица и немаше никој освен една жена.Возачот ме гледа и ми вика добро си и јас му викам да,и ми вика кажи ако треба да ти помогнам. А пак друг пати се качувам во автобус и други луѓе се качуваа и нешто возачот беше низнервиран и почна на патниците да се дере без причина-тие не ни заслучуваат работа. Се качувам во 57 и по две станици се качува еден маж 35-40 год.,целиот извалкан,усмрден,гаден.И ме прашува дали може да седне.Нормално дека може,која сум јас да кажувам?!Седна и ми вика седи си,уживај.Јас почнав да се тресам,одма ми светна.И почна муабет да ми прави.Ми вика пред 2-3 год. кога имал 22 и кога бил во Германија..Јас се тресам и навистина ми беше страв.Среќа после 3 стѕаници се симна,да не се симнеше тој јас ке се симнев. Заклучок 1:Не се сите патници (пензионери) исти. Заклучок 2: За жал ова е Македонија па мора да се стискаме во автобус,да нема човек кај да стои,наместо да најдат правилно решение тие измислуваат глупости. Заклучок 3: Има разни возачи: и културни и некултурни. Заклучок 4: Навистина не е безбедно и страшно да се вози девојче во автобус.
До Визбегово, оди 18 и 18а. Точно како одат, не знам. А ниту на мапата на ЈСП не пишува. Ама еве, ако можеш да се снајдеш преку ова... Овде се наоѓа тоа што го бараш: http://goo.gl/maps/CDMkP Овде има мапа, каде што пишува каде поминува 18ка, зумирај ја: http://i.imgur.com/onbKu2O.jpg?1
Браво за тој што го напишал ова . На свој грб го почувствував ова минатиот петок, безобразни се старциве немаат граници
Значи денес на враќање од работа не успеав да купам билет од премногу гужва, а веќе на следната станица се качи контрола и викам се извинувам, немам билет, не успеав да земам. Значи не се дишеше, не се мрдаше внатре начукани сите како стока. И тука ми бара 300 (не 200 ден. како што читам сега на сајтот казнен билет за градски линии, туку 300 ден.) викам - немам. Ми ја побара л.карта, културно ја дадов, луѓе ви се верува ли дека не сакаше да ми ја врати??? Моравме да се молиме, дури зема и ме подбутна, значи физички се агресивни, стоки неписмени и одвратни... Да одат таков режим да спроведуваат во 19-ка, 2-ка или 57-да да ги видам само. И едвај си ја земав, ниту добив поврда за плаќање казна, ниту удрив потпис, изнапиша мулето таму нешто... Сега читам дека може да се платат 200 ден. во рок од 8 дена, каде да одам, каде да ги платам и со што точно, кога немам белешка? И кој ги спречува нив, со моите податоци на тацна да не напишат 10 казни ако сакаат во кое било време? Каков систем на функционирање е ова? Па така дрски и безобразни, абе говеда! Стока!
^ Трендафилке, не се потресвај, редовно менуваат колку се плаќа, јас имам слушнато и 200 и 250 и 300 денари, тоа зависи валјда од расположение. Си требала да го шармираш, што се не сум се изнаслушала од девојки за да не им пише казна. Во 2-ка и те како има контрола, толку културно ги прескокнуваат одредени персони а на сите останати им се дере за карта. Убиј ме Боже ни е јавниов превоз, си го средувам точакот и од март со точак ќе идам на факултет, од еден до друг крај на Скопје. Јавен апел ќе пуштам да се оставаат отворени прозори во автобуси. Прееска, на вториот спрат сите стакла замаглени луѓе, ама прозор не отвараме ѓомити -50 е надвор. Дуваме нос, буфтаме, се во автобус правиме. Уште да земам леб со ајвар да си мачкам и кромид да си ропкам за да се вклопам во средина.
Да да, цели 300 ден. казна се изјасни г-динот контролор. Ама онака, буквално од ракав ја мавна сумата, апла се познаваше. Леле луѓе, сега ми се криво што воопшто ја дадов л.карта. Ја не знам од каде, значи од каде на такви неписмени дебили им се дава право да земаат туѓи лични податоци? Требаше да си чекам фино лепо полиција, ама стварно бев уморна и не ми се губеше време. И апел, ако некој знае како и каде, на кој начин можам да си ја платам регуларната нормална казна од 200 ден. во рок од 8 дена, патем БЕЗ никаков писмен доказ за тоа, па ве молам нека сподели.
Јас бев сведок во 2 кога три момчиња, до 20-тина години да беа, си ги пушти контролава без збор! Бараа билети од сите, и од син ми, кој на пример има 11 години и редовно и за него купувам билет, а овие 3 ги забележав зашто до нас стоеја... Брука! Овој им бара полугласно карта, овие го гледаат ко телиња, едниот се насмеа само и мафна со главата демек немаат, контролоров ги погледна строго, ги гледа демек онака “сега што ќе правиме“, застана автобусов на станица, дечкиве на врата беа, се спремаа да се симнат и овој им покажува онака со глава да излезат. Нормално, тројцава беа „по рамковен“. А може и тој беше, си се штитат. Ама кога во еден обичен автобус си дискриминиран затоа што не си од „нив“, да не збориме до кое дереџе ни е државата. Trendafilke Казнен билет I. Цена 200 денари. Доколку дополнителниот билет не се плати на лице место, патникот е должен да го плати на благајна или на жиро сметката на ЈСП СКОПЈЕ - Скопје во зголемен износ од 1 000,00 денари во рок од 8 (осум) дена од денот кога е затечен на лице место без билет. Казнен билет II. Цена: 300 денари. Доколку дополнителниот билет не се плати на лице место, патникот е должен да го плати на благајна или на жиро сметката на ЈСП СКОПЈЕ - Скопје во зголемен износ од 1 000,00 денари во рок од 8 (осум) дена од денот кога е затечен на лице место без билет.
Да уплатам 1000 ден. на жиро сметка или благајна, без никаква белешка? Чисто ме занима му стигнала ли на некого казна од 75 евра глоба... за смрдлив автобус на јсп...
Тренди не ти ја врати личната карата или ти ја врати? Ако ти ја вратил и како што те разбрав не ти пишал никаква белешла, записник или не знам како точно се вика, со тоа што ти ја кине казната и едно останува за него, едно за тебе, што има да плаќаш бре, кај има доказ црно на бело, ти се потипишала некаде, не, па така и нема доказ никаде дека де фатил без карта, така и не се луксузирај 1000ка да им плаќаш за што? Nullum crimen sine lege, у случајов нема никаков писмен доказ на кој може да те натера да платиш ништо. Нема да ти стигне ништо, верувам, а долку ти стигне ќе негираш, има ли сведоци да го докаже делото, нема, он ќе биде само на зборови, без материјални докази.