Фино вели Хипстер, ако ти ја вратил личната карта немој ни случајно да си се изглупирала да плаќаш. Јас знам дека треба да ти ја задржат личната карта, да ти дадат едно парагонче и со тоа и уплатница да си ја подигнеш. Вака за што плаќаш? Ме замислува ова со казна 1 и 2, едната да не се однесува на градски, едната на приградски автобуси, бидејќи има разлика и во цена на билет, логично е да има и во цена на казна. Само чекам јас кој конторолор ќе влезе во автобус за Арачиново и нему слични карти да бара.
Не пишува разликата во што е, едната Казна 1 е 200 ден, Казна 2 е 300 денари... Како и зошто, врска немам.
Изминатата недела, и оваа, скоро секој ден има контрола и полициско комбе на автобуската станица во Чаир. И баш слушнав дека казната била 300 денари, зголемена била нешто... Пред некој ден кога се враќав од школо, имаше огромна чистка на автобуската во Чаир. Дури јас бев исплашена. Гледам луѓе ги пикаат во полициско комбе, ги симнуваат... 9ката зјаеше празна! Како што влегуваа, така ги симнуваа. А овие уво ги боли, што ги пикаат во полициско комбе. Им бараа некои лични документи, што ти ја знам... И не само во 9ка, туку 35ка, 57ца беше мислам... Не загледав убаво, ама празни беа. И тоа повеќето што ги симнуваа беа машки лица. Мене не ме ни прашаа за слободна карта. Како да ги изтребија сите.
Ова го пишува на веб-страната на ЈСП, иако еднаш и наплатија 300 на една девојка која немаше билет, а се возеше во градска линија. Така да, точно - зависи од расположение.
Ќе ги удри нив расположение, си закажав јас директно состанок во ЈСП, ќе одам и ќе се разберам на лице место, зашто никој од веб страницата за поплаки не може да те удостои со одговор. Можеби нема да смени ништо, но срамота е вака да се прават мутави, да вадат цени од ракав и да си ги полнат џебовите. Мене ми пречи што се одвратни, некултурни, неписмени и уште те буткаат. Значи физички агресивни се, изгледа „академијата за контролори“ не вродила со плод. Значи после избацивачи на врата, контролориве на ЈСП ми се ноќна мора, ретко среќавам таков гнасен и скапан тип на луѓе. А кога ќе го откријам името на г-дин Буткач и заканувач, е тек тогаш ќе плаче, од расположение. Додека другите не смеат да ги чепнат во 2-ка или 57-ца, тука се сили на жени и деца кои немаат скршен денар во џебот... Стока бе!
Да си прашам јас. Што е потребно за да се извади слободна за вработено лице?Како се тоа иде процедурата?
Лична карта и слика. Си одиш на шалтер, кажуваш дека сакаш слободна. Мислам дека е една иста слободна и за вработени и за невработени. Цената варира во зависност дали сакаш за сите линии или само за градски
Можеби е покачена казната на 300та ама од лично искуство ви кажувам дека има контролори кои од рака си тресат казни. Лани бев 4та средно, и нели од школо ни даваа слободни.. И мене и другарка во сабота не фати контрола, и ние фино лепо ја покажуваме слободнава. И почна да ни се дере пред цел автобус дека тие не важеле преку викенд (иако убаво си пишува дека важат секој ден од 5 до 00) и ни бараше по 600 денари на двете. Значи на двете посебно ни бараше 600 денари казна. Се расправавме пола саат дека немаме и дека важат слободниве и преку викенд. Ни се закануваше и дека имало контролори што барале казна од 50 евра и дека нив ќе ни ги викне ако не му платиме Незнам само дали има некој нив што ги контролира и што ги пази што прават по автобусиве.
Казната е 300 денари. Баш вчера се возев во двојка, и се качија на Бит пазар двајца. Значи секој ден се возам во 65 и 2ка и има контрола и во овие автобуси. Баш вчера фатија тројца албанци без билет, и им рекоа да платат казна од по 300 денари или нешто им споменаа казна од 75 евра. Овие си кажаа немаат пари, а немаат ни лични карти во нив. Што и како заврши ситуацијата незнам се сминав на станицата кај континентал така да не успеав да видам. Трендафилке можеби подобро би било да си се правела наудрена и да кажеш дека немаш лична карта со тебе. А факт е дека има некои што и така ги пуштаат, не само во 65ка или 2ка. Во било кој автобус, ако се случи да се познаваат меѓу себе си преќутуваат, и никому ништо. Се случило безброј пати ова и со наши луѓе, македонци.
Тренди душо казната се плаќа кај железничка, доле кај што се паркираат автобусите, имаат таканаречена канцеларија, и се вршат овие вакви работи. Но, ако во тебе немаш ливче на кое ја пише твојата казна - не ни ти напишале казна. Нема врска што ти ја земале личната карта, многу често ја зимаат, а не ни пишат казна. Мојот дечко го имаат еднаш казнето, и знам дека тој имаше 24 часа да плате 300 денари, инаку после одма му се зголемува. Сега незнам како се движат овие работи, само можам да кажам дека цел систем на Јсп им е сјебан страшно, почнувајќи од некултурните возачи, до параноичните личности кои се возат и секако чумата од толпа на таканаречени контролори кои се ставени у филм дека ги поседуваат автобусите и дека го имаат цело право на светот да повишуваат и брукаат кого им душа посака. Златно пешки кога сум во можност или делам такси со колешка, исто ме фаќа 40.денари до факс. Јавниот превоз е јавна треска - кој може да ја преживее, од ден за ден се влошува.
Трендафилка морам да те искритикувам НИЕ (тука на форумов ) за тебе имаме мислење на опасна девојка (малце шала ) но сепак си требала да побараш легитимација што е нормално и законски да ти ја приложи да ја видиш убаво и да знаеш кое лице го зима документот (л.к ) .Разбирам гужвата-та и сл дека си го прават своето но има разни луѓе што од зафрканција и досада прават триста чуда по автобусите ...Инаку да кажам од сигурни извори дека контролорите добиваат % тие 300 ден и претпостави дека затоа биле некултурни и насилни очекувајки дека ако демонстрираат сила ке принудат веднаш да се плати (без никаков лист,значи парите во џеб во целост ) .Ако ти ја земале личната карта а не ти дале никаков лист-документ или не ти посочиле каде да одиш за да ја подигнеш (што несмеат да земат л.к ), не ти пишале казна .Сигурен сум дека немале можност ако било гужва па само сакале да те засрамат и изглумат фраери .Не се возам со јсп ,дај боже да пропадне таа фирма и да ја прватизираат за да се стави ред во собраќајот воопшто,а да не збориме што и онака иде само во пропаст и ја дофинасираат од буџетот И никако не ми е јасно ЗОШТО ! За некој да си зима добра плата ,да има вработени со клацкај врата зимај плата и силеџии вработени .Случајно познавам човек што е контролор во ЈСП и по професија цел живот уличен тепач,обезбедување и сл .Го вработиле бидејки не се плаши и се пика секаде по автобусиве (се знае ризични 9ка,19ка ,55ка,2,ка 65ка итн ) ..тоа е тоа ЈСП .
А јас да Ви кажам право, смачено ми е од нивниот возен ред. Не може да помине ден, а да не закаснат или подранат, воопшто да не дојдат и слично. Повеќе би сакала да се издава слободна карта за во приватните автобуси, отколку за државниве. Барем знам дека се редовни и дека нема да му ја мислам дали ќе задоцнам. Излегувам саат време порано, и повторно стасувам во последен миг. Зборувам за релација, која со автомобил се изминува за 10-15 минути. Дури и тоа е премногу. Денес како будала трчав за еден автобус, да го фатам. Според возниот ред, тој автобус не требаше да биде ни тргнат. После 2 минути доаѓа нов. Има периоди кога воопшто нема, и после кога ќе надојдат сите наеднаш... Чим сега не доаѓаат на време... можам да замислам кога ќе падне снег.
Дечки денес си ја изгубив слободната, прашањето ми е дали има некоја процедура за пријавување изгубена слободна или директно да одам да си извадам нова?
Од сајтот на ЈСП Што да се направи доколку се изгуби студентски билет? Ве молиме изгубениот билет да го пријавите во службата Изгубено - Најдено.