Има еден лист што го земаш од билетара, на тој треба да ти стават печат од факултет и со него и индекс вадиш слободна.
Јас лани ја изгубив слободната, пријавив во изгубено - најдено, али шансите ако некој случајно ја нашол па ја пријавил за да ти се врати - се многу минимални, затоа што верувај сведок сум на преееемногу случаеви, каде што слободните ги продаваат кога ќе ги најдат изгубени. Е сега не знам, ако си средно, треба да си земеш потврда од школо и со неа да одиш во ЈСП во Автокоманда, одма ќе ти извадат нова, само треба и да се плати нешто некој надоместок - околу 1000 ми се чини беше.
Кога и да се качам да се возам секогаш се случува нешто, колкав малер сум. Првиот пат кога се качив автобусот удри во кола и сите што стоеја паднаа на земја...страшно Другиот пат решив да се шверцам и веднаш наредната станица ми влезе контрола и нема каде. Дојде дечкото и ми вели карта, викам немам. И кога запна казна да платам, ајде молење, се нема пари вака така не платив казна, само ми рече ова опомена нека биде...се спасив А инаку гужвите во вторник/петок се страшни.Баш претходната недела се возев во петок во 50ка околу 1 часот леле...Покрај миризбите од сите страни неможев да стигнам карта да купам буквално од луѓето неможеше вратата да се затвори. Еден дедо запна ке влегува, а се беше фул, па кога почна со бастумот да мафта, едно девојче го удри и на крај не го качија. Толку немаше воздух што бев принудена да се симнам една станица порано и да пешачам бидејки ке се онесвестев. Подобро пеш, одколку во таква гужва...
Тоа е овде https://maps.google.com/maps?q=42.00818 ... 17&iwloc=A 2,4,12,22 застануваат пред сити мол, од таму ке треба малку да пропешачиш ... имам впечаток дека не знаеш точно кај треба да одиш, па ти препорачувам да останеш дома, ќе се изгубиш во маглава.
благодарам на инфо , знам од прилика кај е Имес ама не сум била натака со години па за секој случај да си прашам , и не се секирај не се губам не идам сама
Катастрофа.Само тоа ке кажам. Секогаш слободната ми е во новчаникот,а новчаникот во ташната.Пред некое време отидов на заболекар бидејки ме болеше ужасно забот и да не ја носам ташната,извадив слободната и ја ставив во јакна и таму ја заборавив.Утревечер бев на гости кај баба ми,ама не ја носев јакната,туку капут и влегува контрола во 57 и си викам ај да отворам новчаникот да ја извадам слободната.И кога видов дека ја нема мене ми текна дека ја заборавив во јакната.Како се засрамив.Навистина ми беше срам.Тој кога запна да платам 300 ден.,а ја во новчаникот имав 400 ден. и тие пари ми беа да си купам пантолони бидејки ми требаа,јас велам на тој дека немам пари,па почна да се расправа.Беа двајца,еден Македонецот,другиот Албанец.И среќа тој Албанецот што беше,му кажа на Македонецот да ме пушти,дека не мора да плаќам инаку тешко ке се извлечев.
^зошто катастрофа? грешката била твоја, иако тоа не си го направила намерно. И мене еднаш ми се има случено да ја заборавам, но поштено си се симнав со нив од автобус и сакав да платам, ама чекав цел новчаник да ми го донесе мајка ми зошто јас ништо немав во мене...менувајќи ташна новчаникот ми останал ни лк ни пари ни слободна ништо со мене. Кога извадив после пари за да платам, тој ми вика дај да видам слободната, и кога ја виде се насмеа и вика ај ај немора штом си имала навистина слободна. Муабетот ми беше, не треба да плукаме по други што постено си работат, ако ние сме згрешиле.
Што мене ме обвинуваш и се однесуваш како да сум најголема грешница? Има многу што намерно не плаќаат и јас виновна затоа што еднаш во животов сум заборавила? Тоа ми се случи само еднаш,а луѓе сме секому му се случува. И тебе ти се има случено ама јас сум најголемата грешница така? Извини,ама те молам внимавај што зборуваш,бидејки јас не сум ти тебе за да ме навредуваш.
добро, со што точно те навреди? вистина е дека е твоја грешка, ама не си грешница, фала Богу. се случило, си заборавила.. на сите им се дешава. ништо лошо
Дали знае некоја од вас за утре ,дали работат автобусите на Јсп според регуларниот распоред ,како секој друг дсен.оти празник па не сум сигурна,да не чекам џабе..Фала однапред
Многу сум среќна што се сменија автобусите..ми текнува порано дури отидам кај баба ми зимно време ќе се заледам. Сега зимо е топло, лете смрзнувачка, ама не се жалам, доле си седам . Најголем проблем пензионериштата. Сум имала неколку непријатни случки, некои дури ми го расипале денот, еднаш па се расплакав во автобус од нервоза ...