Многу сум изреволтирана и разочарана од денешната случка што ја доживеав, а свесна сум дека било каде и да се обратам - ќе биде само залудно потрошено време, а богами и нерви. Се качив во Влае во 2-ка, си имав претходно купено карта и отидов да ја куцнам на апаратчето. Е сега, апаратчето ми ја куцна(ми го исече само квадратчето), ама бројки не ми остави - од типот на датум, време и слични ствари, јас забележав и се обратив одма кај возачот. Беше прилично арогантен, ама на крајот сепак ми рече, добро ај нема проблем, седни, и не ми ја поткина или слично. Доле немаше место, па се качив на горниот спрат да седнам, требаше долга релација да возам. После некоја станица, се качија дивјаци од контрола, ми побараа карта, им ја покажав мојата и им ја објаснив целата ситуација со апаратчето и бројките, и дека шоферот е сведок на самиот настан, и дека ми ја има одобрено картата. Верувале или не почнаа да ми се дерат, да урлаат, да мафтаат со раце, народ ме гледаше као задњи криминалец, едниот проба да ме влече за рака да се симнам, и тоа мислам дека беше последната капка што ја прели чашата. Цело време си викав у себе, остани достоинствена, не се карај, али некој да ме тегне мене за рака и за јакната, да ме влече?! Родена мајка ме нема потегнато, некој сељак од Пустец ќе се понаша со мене на тој начин. Тука почнав да му се спротиставувам, да викам и јас, се направивме лом среде автобус, луѓе фаќаат сеир од страна, и се симнав кај возачот за да им докаже и потврди дека картата ми е одобрена. Ситуација бр.2, доле направија некој жгуљав муабет на албански контролорите и возачот, возачот не сакаше да потврди дека ми ја има одобрено картата, и од што бев така многу изреволтирана и изнервирана ми надојдоа солзи на очи, ми идеше да ги згазам сите до еден... Ми бараа 300 денари да им платам или не знам таму што ќе ми правеле, со што секако не се согласив, им се заканив дека ако уште еднаш ме допрат или повишат тон на мене - ќе викнам полиција, па заедно ќе го решиме проблемот. Им ја искинав картичката без бројки пред нив, ја чекав следната станица и се симнав, а они се смеат ли се смеат, дури на излегување ми рекоа и нешто крајно безобразно, што ми е срам да го пишам дури... Ако имате некој предлог како да добијат некоја казна, иако сигурна сум дека не е изводливо тоа, слободно пишете ми, добро паметам како изгледаа и двајцата.
Анабел , веданаш да пријавишво ЈСП. Јас пред неколу години имав слична ситуација кога без никаква причина возачот ме обвини дека сум ја фалсификувала слободната , бог да чува. Почна да се дере, да вика дури се дрзна да ме влече за рака бидејќи беше пијан. Јас веднаш се јавив на моите. Попладнето го пријавив во ЈСП, па имаше некоја дисциплинска постапка против возачот, ме викаа да сведочам таму.Колку се сеќавам дека и го казнија парично мислам. Немој да оставаш така. Си зрешила само што си ја скинала картата. Инаку од ЈСП се мнгу, многу невоспитни.
anabel-a јас до сега имам слушнато за уважени пријави во ЈСП за малтретирање од страна на контролори во нивните автобуси без оправдана причина и не мислам дека е залудно да реагираш. Како прво без разлика дали некој има карта или нема или како и да е...контролорите и возачите немаат никакво право никого прво да допрат, а камоли да влечат или на било кој начин физички да напаѓаат.
Ова е смешно и апсурдно што доживеав! Дали ако отидам во некоја прашума во Азија повеќе ќе се почитувам како припадник на нешто, како корисник, како жртва ради комплекси на неандрталци заостанати?!?! Се јавив вчера на овој број 0 800 15-115, да го пријавам случајот со ,,контролорите'', раскажав што како беше, која е мојата жалба, бев доволно учтива да не употребам дополнителни пикантни зборови за целата ситуација, за да на крај јас добијам одговор од човекот со кого имав прилика да зборувам, дека нивните контролори си ја вршеле работата најдобро што можеле, и дека сите неправилности биле поради МОЈА ЛИЧНА ГРЕШКА, многу често се случувало тоа! Коа го слушнав ова, се налутив и им спуштив, залудно, реков дека се е залудно, не вреди ниту човек да води нормален разговор со нив..Амеби.....
Анабел, немој да се откажуваш. Тој со кој си разговарала на телефон не е ништо поарен од контролорите. Ти најдобро да си напишеш еден допис/пријава за неправилности во работење на контролорите и да си го пратиш по пошта до директорот на ЈСП. Бидејќи немаш појма како се викаат контролотроите ти напиши дека не се легитимирале при контролата што е нивна законска обрска и затоа неможеш да се повикаш на име.Но , наведи точна дата , време и место каде се случувало , па они ќе си знаат кој би на таа линија возач, контолор итн. Ништо не губиш со тоа што ќе напишеш, а можеш само да добиеш. Ако не друго барем морална сатисфакција. Поздрав
Да не знаете кои приградски/ градски автобуси тргаат од транспортен и застануваат пред хотел Контитентал?
Ова доцна го прочитав, ама налетав на таква ситуација со една постара жена во 50-ка. Жената си извади карта регуларно, ја откуца и влегуваат едни два-тројца мајмуни така наречени контролори (мајмунчето не заслужува да го споредувам со такви), ќе ги наречам и јас шиптарски дивјаци. Ја убедуваат жената дека не и е добра картата и дека треба да им плати казна од 200 денари. Женава ги убедуваше, се бранеше, дури почнаа солзи да и течат, ама и направија таков притисок па женава извади пари и им плати за ништо. А толку што беа неписмени и рекоа дури дека ја паметат дека и друг пат се возела без карта. Почнаа да реагираат и патниците. Говедата и дадоа потврда дека платила а на потврдата ниту печат ниту потпис од контролорот. Имаше среќа што и возачот ја поддржа и и даде негов телефон како сведок а за контролорите рече дека не ги знае по име само знаел дека се албанци. Еден сосед на женава рече дека ќе и помогне да ги пријават. И не само 200 денари, туку треба со писмо да се обратат малтретираните граѓани за да бараат оштета, не само тоа што го платиле туку да им платат и за претрпен стрес. Јас не знам дали им прават некои лекарски тестови пред да ги вработат контролорите па и возачите во ЈСП, ова е срамота, дивјаци беш трошка култура, воспитаност а да не зборувам за писменост. Како можат да пуштат такви да доаѓаат во вербален и физички контакт со граѓаните, кога такви насилнички личности се потенцијален ризик, како за здравјето на корисниците на услугите на ЈСП, така и за финансиската страна на ЈСП (производ на жалби и поплаки) Баш сакам да одговори Анабела дали се жалеше некаде и дали и успеа. А да пофалам и една денешна случка. Во автобус со број 52, кој од Хиподром вози како број 50, се качи една постара жена на која и станаа да седне бидејќи не и беше добро. Жената се симна кај Континентал и веднаш падна на тротоарот. Возачот од автобусот како и многу луѓе кои се возеа, излегоа да и помогнат. Веднаш викнаа брза помош кои, за чудо, дојдоа многу брзо. Реков дека ова е за пофалба, не за случката, навистина жално за жената, се надевам дека и е добро и дека не е нешто посериозно, туку за подготвеноста на луѓето да помогнат (добро, можеби не беа сите толку подготвени, ама повеќето се надевам беа). Да беше некој друг возач, можеби ќе продолжеше без да му даде значење на случајот, ама ете овој застана, излезе, помогна додека да дојде брза помош.
Јас еднаш се качив во 57 ца и немав ситно, беше ептен рано од сабајле а и каснев многу з а на работа и неможев да уситнам. Му подавам на возачот пари и тој арогантно ми вика шо се качуваш со 500 у автобус и неможев да издрзам и му с е вратив му викам: па ти што не си уситнил пари за да имаш да враќаш на патниците, тоа е твоја обврска затоа зимаш плата , јас поштрно ти давам пари ако сакас земиги ако сакаш не ги зимај твој проблем.... и после ви вика епа добро ај ке се снајдеме некако.. Безобразен ни еден грмеше цел автобус од мене, кој е тој д ами повисува тон кога поштено плаќам, будала ниедна.
искрено неможам да ѓи поднесам пензионерите, сега вторник, петок и недела па 3 дена во неделата да неможеш у автобус да се качиш па труе бе луѓе неможам да дишам :Р два пати ми се има десено да повратам од нив малку ми беше непријатно ама гајле ми е...
Денес во 24 (од кисела вода до тафталиџе) околу 13:30-14 часот немаше многу гужва, чудно ми беше вторник без многу пензионери А и на пазарче на таа автобуска немаше премногу пензионери како што знае да има вторник и петок
Да прашам 22А застанува кај Европски факултет?? Треба да идам во театар, од Соборна многу одење ми се фаќа, а страв ми е да не ме однесе до Водно...