Сеа не ни чинеле новиве, а со години јадеме *тииииииит тииииииит* за старите автобуси. Нема крај со нас македончињава, нема, сериозно нема. Старо нечини, ново нечини. Ништо нас не ни чини. Ама секое чудо за 3 дена. После ќе се навикнеме ама за почеток мора ние да искритикуваме, тоа у крвта ни е. Јас редовно си се возам у новите приватни автобуси и топ ми е! И се возам веќе со месеци од пролетта негде и не сум видела нешто да им фали до сега, супер се сочувани. Вие возете си се у старите ЈСП од 45та Јас се надевам дека ќе ја имам честа набрзо и у државниве да се возам. И сакам у ново да си се возам. Е така!
Ќе се возиш во ново кога ќе нема каде да стапнеш. 5ка има предолга релација за единечен автобус и тоа е тоа. Преголема е гужвата, дуплите се таман. И што дека е ново кога се тесни? И во 22ка е исто, едно сабајле немаше државна, дојде нова приватна и немаше место да се качам И? Нова е? Што фајде? Ама ете, битно ново донеле.
Редно беше да се обнови возниот парк на ЈСП, стварно автобусите беа за никаде, крш од времето на дедо Ное. Само има една работа што мене лично воопшто не ми се допадна. На автобусите пишува ''Донација Влада на Република Македонија''. Владините членови со свои пари, од свој џеб ги платија автобусите или пак било тоа предвидено во Буџетот на РМ? п.с. И може да ги тргнат тоа црвените панделки, сите го видовме подарокот од Владата
Како да не, од свој џеб. Мили им се тие парички што се слеваат во џепчето. Автобусите се сигурно купени со буџетски пари, само дали има пари во буџетот и за нив
Могуче, могуче Инаку за овие новите приватни што ги донесоа пред некој месец, сигурна сум дека се донација од Германија, кај нив изгледа тие се сметаат за стари
И тука не си во право. Нив си ги купија приватниве превозници откако го донесоа законот за увоз на половни возила. Така поефтино ги купуваат. Ама и да се стари, тие се сочувани. А ние не сме нешто ново да ни дадеш... веднаш ќе му го најдеме крајот
Аиии, штета што не ми текнува кој ме лажел, ама здраво ме излажал И да, во право си, еее какви беа кога ги донесоа, какви се сега
Е па редно време беше веќе да добиеме нови автобуси! Само кога ќе ми текне на сета прашина што ја имам проголтано во старите, на сите настинки што ги имам добиено затоа што му фрчело ладно во кичма, на сите дождливи денови кога течело вода од кровот, прозорите во лето не се отвараат, во зима пак не се затвораат Само којзнае до кога ќе бидат нови и сочувани овие...
Анат, знам дека се со буџетски пари купени, ама зошто тогаш не напишат Донација од граѓаните на РМ, туку пишат од Владата. Да ги даде од џеб парите па ако сакаат нека се пишат и со име и презиме, ама вака...ептен ми е глупаво. Испаѓа еве ние се смилувавме за вас обичните смртници, па додека ние се возиме во луксузни приватни автомобили, вие возете си се во Украински и Кинески автобувчиња и не мрчете во наредниве 50 години.
Еј Уууу како не сум видела дека ќе има и дупли, за џабе се потепав само Е тогаш може, тоа ми се свиѓа
не ве информирале погрешно автобуси на два спрата треба да има но не се стигнати уште е сега прашање е кога ?? што се однесува до новиве автобуси можам да кажам дека денес се повозев во еден. ок беше баш онака културно направен но многу пластичен. е сега морам да кажам дека бев стоплена до дома но се се сведува на тоа до кога ?? уште веднаш децана се бесат по држачите а родителите ги гледаат и не ги учат дека тоа е неправилно но ние сме балкан секое чудо за 3 дена и туку ќе видиме ги снемало. морам од сето ова да го искритикувам шоферот што возеше како со страв да вози или не го научил уште е стварно останав во дилема. сепак што е ново се е убаво
Сабајлево ко и обично чекам 24 ка за на работа и гледам доаѓа нов автобус. Стварно супер внатре, нови седишта на кои што не ти се смрзнува газот на даската,топло што е најважно од се,па и среќа во сред петок место за седење Е сега веќе нема да се возам со такси, се исплати да го чекаш автобузот, милина да се возиш во него.
Јас се качив веднаш наредниот ден одкако ги пуштија, туф ја гледам 16ка се симнува од горе и тоа со машна, пусти радости бев, влегувам луѓево со насмевка ме гледаат, сите среќни, ново им е, разгледуваат,, а внатре „добредојдовте во новите автобуси„ ми се допаѓаат, само неморале да бидат обложени со платно седиштата некој смрдлив газ ќе им е*е матер Средношколци позади мене коментираа: „еј брат страв ми е да допрам нешо у новиов автобус„ и другиот му одговара: „и мене, немој не допирај да не ти остане рачката во рака„ Еден пак збори на тел и вика: „еј брат сеа шепкам и пак цел автобус ми го слуша разговорот„ Иначе двокатните се чека да дојдат од Кина во 2014, штета ако 2012 е крај нема да ги видиме и сефтосаме што би се рекло!
Денес ги сефтосав новите и отсега ќе ги избегавам како прво,тоа седењето обратно не го сфаќам од шо си гледав на прозор па и обратно седев ,ми дојде ,од шо ми се сврте...друго-превише се тесни,неможеш нога да скрстиш -а јас без тоа неможам и секој може да те гледа шо е над тебе недај боже порака да пишуваш све ќе ти прочита а оние свирачките седишта пак -прича за себе.ко сардини нагмечени луѓето беа-ама пуста желба да се седи итн итн...ама сите беа радосни ,и во автобусот само за него се зборуваше одстрана народ подзастануваше за да го гледа новиот автобус не требало да ги обложат седиштата,500души ќе седна и секој че даде дополнителна арома на новиот ни автобус едино ,ако не ги одржаваат материјалите нонстоп ... и да -имаат парно,бар се сварив внатре ко шо смрзнав претходно
Денес конечно си се провозев со новиве автобуси.Мирисаше на ново и башка топло е Ама на пензионериве пак им фалело и телевизор,досадно им било така возњето Ајде се надевам дека вака убави и ќе останат без да им фали некое седиште или што и да е