Видовте ли што се врти по FB, паролата: излези од автобус и својот билет дај му го на тој што влегува?
^за 17ка не сум сигурна зошто знам пишува кас.Илинден ама до каде точно незнам. А 15ка А ти застанува карши Филип II, значи ќе треба пеш преку палас.
Денес влегов во автобус и за беља не купив билет и влезе контрола. Им кажав дека немам билет слеговме на мојата станица каде што требаше да слезам и прво сакаа да ми пишат казна од 75 евра, но јас ги молев, им кажав дека немам толку пари и ми рекоа дека ќе ми напишат казна само 1000 ден и ми напишаа некаков лист и ми рекоа да одам во автокоманда да платам, не ми дадоа ни уплатница ни ништо и ми ја вратија личната карта, ама најверојатно ми запишаа лични податоци. Да си платам сега казна или? И каде се наоѓа тоа во автокоманда каде што треба да платам знае некој?
Да си платиш да и друг пат да не влегуваш во вторник и петок без билет во автобус. Друго тоа во автокоманда се наоѓа одма карши факултетот за земјоделски науки на семафорите од десната страна. Ќе видиш тука одма голема табла пишува ЈСП скопје.
Денес ме фати контрола во 2-ка. Ми пишаа казна 1000 денари и ми рекоа дека денес во 10. часот морам да појдам да си ја платам казната. Ми напишаа две ливчиња. Едните останаа за нив, а две ми дадоа мене. На едното ливче е згрешен матичниот број. Да одам да плаќам или?