Слободната студентска за Четврток важи за учебната или тековна година? Бидејќи имам извадено во октомври 2014 и пред некој ден бев да си извадам за 2015 ама таа од бараката на ЈСП беше крајно размуабетена на телефон и неуслужлива, што ми се развика што ќе ми била нова кога ја имам оваа. А на неа пишува за 2014, па затоа не сум сигурна...искуство?
лелеее таа студентска слободна за четврток,се ја заборавам и си плаќам во четврток картаааааа значи за нигде сум
Ne se vozam tolku po avtobusi no koga i da sum se vozelaa mora da ima po nekoj penzioner koga kje gji vidam nemozat da se dvizat 100 godini naprajle se kacile vo avtobus od posledna do posledna vo red ako imaat nekoja itna potreba doktor ona ova ako ama oni sekoj den navistina se zdodevni ama nema..a i sega da ne bidam svatena pogresno abe se tusiraat li tie toaa premnogu mirisa nema vozduh u avtobusite
Електронски билет баба ми го извади, нас ќе ни дадат од школо и сеуште не се пуштени во употреба но официјално од 1 Јануари се користат исклучиво само електронските.
Граѓаните од наредната година ќе ги користат а сега се само пробни за вработените во јсп. Поголема глупост не можеа да направат. Сега со месечна слободна карта се возевме неограничено а со новите ќе ги дополнуваме картичките, како на припејд телефон, ќе ти зема кредит на секое возење. Плус и тие што ќе бидат персонални, со лични податоци ми се малку сомнителни, ја нарушуваат приватноста, имаат евиденција кога каде одиш.
Мене искрено не ми е јасно дали со тие електронски билети што ќе ни ги дадат на нас средношколците ќе бидеме ограничени колку пати можеме да се возиме. И вработените што до сега имаа слободни, сега и они ли ќе бидат ограничени, дали тоа значи дека веќе нема неограничено возење. Ако е така, стварно се Ненормални!
Нас средношколците исто ќе ни дадат електронски? Пошо така тие ќе се трошат коа ги куцнуваш и ваљда некако ќе треба да се дополнува А инаку електронскиве можат и малолетни да вадат или? Нели слободната за зимски распуст не важи и после 20и јуни Инаку и јас се согласувам дека е глупост. Демек да се знаело каде има највеќе патници, а уствари кој каде оди е работава. И ај, како ќе мудокажеш на некој дека си куцнал? Некој ќе си влезе туку така, конрола не може да провери
Мајка ми пред некоја недела кога прашала во билетара и рекле дека до Нова Година ќе ги користиме слободниве од лани што ги имаме, а за после што и како ќе биде со новиве електронски картички ништо не се знаело.
Моментално немам картичка за слободен четврток.Нова не ми вадат поради новите електронски уште немале добиено наредба.Дали ако се возам во четврток со студентска легитимација (нешто што ке докаже дека сум редовен студент) ке бидам казнета од контрола ? Некој со вакви искуство ?
@Cheryll најубаво да си прашаш. Имам еден мрза другар и од што го мрзеше не извади таква слободна само за четвртоци а се вози со индекс. Си влегува и му кажува на шоферот и до сега немал проблеми, ама не знам како не налетал на некој контролор. Зависи од тоа на каков ќе налеташ, некои и без никаков билет пуштаат а други пак не. Инаку која слободна е жити се тоа ако морам да ја куцнувам цело време и да ми одзема кредит? Тогаш не е слободна туку се повеќе картички споени во една, како онаа за десет возења што ја има сега. И ако ја загубам недај боже пропадна целиот кредит? Јас не ги разбирам, сакаат да платам слободна, која јас за да отидам до факултет и да се вратам морам да сменам 4 автобуси најмалку,( а недај боже ако морам да идам до библиотека по книги или во читална се фаќаат и по 6-7 дневно) и што ми се исплати мене така? Ми доаѓа исто како да куцнувам картичка, а не слободна да имам. Што е форава? Да заработат повеќе пари или?
Постои ли слободна за вработени, или таа е таа истата како за сите останати што кошта 1460? Да знам дали треба да барам потврда од работа или не ми треба?