Луѓе сакам слободна да си вадам ама не ја сфаќам процедурава со електронскиве. Нема више од оние обичнине слободни? Што е поентава со електронскиве и какви се тие кредити? Вала не разумем, дај некој нека ме просветли малце.
Првично беше кажано дека старите слободни ќе си ги користиме уште октомври потоа ноември мораме да вадиме електорнска. Сега на форумов читам дека елетронската ќе важи од јануари. Најубаво е да си прашаш лично ако ја вадиш на ново. Доколку го имаш картончето од страта само залепи си маркица за октомври. И да сега имаат на железничка донесено жолт автобус кој го претвориле во канеларија, стои кај чешмата, кај бензиската, влези си и прашај си. Другаркиве колку што прашале, веќе нема слики носење туку директно во тоа автобусот те сликаат ( хаос )
^ а шо е со тие кредити? Па ако ти одзема за секое возење ондак не е ли исто ко секое возење само автобуска карта да вадиш од кај шоферот? Шашма ми стана главава, некако не ја капирам поентава со електронскиве.
Никој не ја капира... ни сами не знаат. Чим вадиш нова слободна, мора да биде електронска. Значи ќе идеш на железничка ќе те сликаат, и ќе ти ја направат. А за плаќање таму прашај си, пошо на сто места прашав сите различно викаат.
Уште август месец имаше излезено на една утриска програма директорот на јсп, и според тоа што го кажа јас разбрав дека слободните треба да имаат одреден кредит на нив ( кој ке може да се стави и преку телефон или преку трафикиве да се надополни) и при секое влегување во автобусите ке се отчитува картичката на уредот и така ќе одзема кредит и ќе отчитува време. Истото е и со тие од 10 возења. Разликата е тоа што поевтина е онаа за лична употреба ( со слика, и смееш само ти да ја користиш) ама можеш да си земеш и обична која е нешто поскапа ама затоа можат на пример сите од твоето семесјство да си ја користат. А цената на месечниве е некаде околу 1250 . Абе ја мислам да фатиме да се буниме да си вратат се постаро Што има да ми водат евиденција во колку саат во кој автобус сум се качила и кај сум отишла? Демек ги интересира каде и во кој период има гужва, а контролорине да не не знаат?
Еј па ондак исто се фаќа дали имаме електронска или не. Јас во денот некогаш и по 7-8 автобуси менувам, зависи каде одам. Ондак за два дена ја кредити ли треба да ставам, ај у курац нека се гонат. Па и башка евиденција кај идеш бре бре бре... А контролоров од кај ќе знае дали сме куцнале или не? Као, еве иам електронска ама не ја куцнав денес, и шо?
Таа е таа, истата. Не треба потврда од работа. Само незнам сега дали ќе измислат нешто ново со електронскиве картици/слободни. Би требало како што разбрав јас да биде новата слободна поскапа за 200 денари и да се поминува на апаратчето, а немало да одзема од сумата. Фактички немаш сума како надополнување на кредит, туку плаќаш фиксно за цел месец како досега. Така сфатив, така е логично да биде.
^ Претпоставувам ќе има начин тоа да го контролираат, дали со некој апарат појма немам. Трагичното е што дури ни вработениве не знаат да објаснат, сите различно кажуваат. Мене не ми се избрзува со електронскиве. Ќе терам и октомври со обична, ништо чудно да им текне да се предомислат. На страната на јсп сеуште не стои известување дека е задолжително. Тогаш која е потребата од тоа да ме евидентираат ако не ми одзема од кредитот? Ми нема логика. И плус која гужва би се правело тогаш на самиот влез на автобусите, додека сите си ја куцнат слободната/картичката, е тек тогаш времето на патување ќе се продолжи и тоа за мнооогу.
Фала Ели. Каква сака нека биде, јас морам утре да извадам зашто еден куп пари ми летаат на автобуси. А за електронскиве ако бидат после Нова година тогаш о том-потом
Нема проблем. Ми се чини само молба се пополнуваше. Од лани не памтам како беше. Во секој случај прашај утре, и мислам 2 слики требаше.
Значи ако прв пат се вади слободна без разлика дали е студентска или за вработени се вади електронска. Само оние кои веќе имаат слободна може да си ставаат месечни маркици. Симончелиус погоре убаво објасни дека има два вида персонализирани односно лични и неперсонализирани односно на кредит и може повеќе личности да ја користат. А задолжителни ќе бидат од Јануари.
Мислам дека сега ќе биде пробно со електронскиве. Задолжително од нова година мислам ќе било. Вчера прашување мајка ми во билетара во Ѓорче и знам дека сепак стара слободна ќе си извади. Затоа зборувам. Ако нешто не сум во тек или не се вработените таму во тек.
^ На неколку различни билетари прашав и истото ми го кажаа. Не можело обична да се вади, мора електронска. Е во Ѓорче не знам може имаат други правила
Во прилеп еве со картички електронски се служиме, вчера влезе контрола на апаратче провери дека куцнав пред 5 минути и готво
Еве прашав денес колешка што има контакти во ЈСП, вика никој ништо не знае. Хаха А мајка ми денес извадила слободна, со молба (значи нова слободна ) ама од старите т.е. не - електронска. Воведуваат новина а појма си немаат како да го спроведат тоа.
Јас си извадив денес од новата електронска персонализирана месечна картичка. Платив 1250 но понатака ке се плаќа како и порано по 1050 ден. Првиот пат плаќаш плус 200 денари заради картичката што ти ја даваат. Таа ти трае цел месец и можеш колку сакаш да се возиш и при влегување ја допираш само до апаратот. Едноставно.
Јас денес извадив електронска персонализирана, и тоа што највеќе ме изнервира е сликата, ти вика застани во полузатемнет автобус, напред назад, гледај во камера, гледам ни ова она тап ми ја дава... значи сликата е најкатастрофалната слика во животот што ме имаат сликано, некои контрасти, затемнета и да сте плави црни ќе ве направат,а во боја е... жалењета за лична и пасош се ништо во според со ова.. и викам ова не ми се свиѓа, ипак секојден ја употребувам се гледам... ми се обрати со потсмев: Па јас да не те сликав така да испаднеш ...викам добро може ли да се смени сликава ..вика :Може ако си доплатиш 200 ден за сликање... ок... услови катастрофа, иновативни ќе се прават во стари автобуси ќе сликаат, во затвор боље ќе испаднев.
Има некој информација за овие картички - значи не за ученици/студенти,туку за вработени, исто ли само одам, плаќам 1500 (мислам), и ме сликаат(носам слика)?
Жени ај ве молам една информација, воопшто не се разбирам од линииве. живеам расадник, кај мечкаров бензиската, како може да стигнам до битпазар? Кои автобуси одат и кај треба да менувам автобус? Фала ви