22 и 15ка (ако застанеш на станицата спроти влезот на железничката), но 15ка врти кај Сити Мол и тука и е последна станица, а 22 продолжува по Партизанска.
22 е директен нели нема потреба да мењавам автобус, абе во Козле треба да одам а сега биле преместени во Тафталиџе натаки ретко одам и за тоа ве прашувам
Ај од јануари бесплатно возење и за студенти. Имам некое чувство дека студентиве и пензионериве ќе почнат и по дома да се дружат. Кажете ми, сакам електронска картичка, ама не месечна, туку трајна, да си ставам кеш на неа и да се возам кога ќе ми текне, да не сум врзана со време. Има таква или уште не им текнало? Иако бремена, не сум за автобуси, децава низ автобусиве трчаат ко бесни се тепаат и никој не станува на трудница, едните невоспитани, другите стари, и само кога морам се качувам. И стојам кај шоферот, му кажувам што е маката и ме оставаат да киснам таму.
Првиот проект кој сакам да го објавам денес и кој се однесува на студентите, е проектот бесплатен превоз за студентите. Започнувајќи од 1 јануари 2016 година, и со цел грижа за повисок студентски стандард, на сите редовни студенти на државните универзитети ќе им биде овозможен бесплатен превоз во јавниот градски сообраќај, односно во јавниот автобуски превоз во Скопје и во другите градови каде што има организиран јавен автобуски превоз. Сите редовни студенти од државните универзитети ќе можат да користат бесплатен јавен градски превоз секој ден во неделата, на сите линии. Со оваа мерка е предвидено на сите редовни студенти од државните универзитети да им се доделат картички од ЈСП Скопје и другите јавни претпријатија во градовите каде што има јавен автобуски превоз, со цел да можат бесплатно да ја користат услугата на јавните сообраќајни претпријатија. Владата со цел да се имплементира оваа мерка ќе исплаќа трансфери на средства кон соодветните единици на локална самоуправа, истакна Груевски. Јас ко секогаш испуштам се што е бесплатно
Јас пак не разбирам, бесплатното е за сите редовни студенти во 2016 или пак за тие што се запишани во прва година редовни студенти? На фб, еден потрчко на вмровциве имаше споделено дека важи само за тие што се годинава запишани редовно
Логично, секој кој е редовен студент ќе може да ја користи можноста. Што е битно како си запишан во прва? Ко во 4та ќе вадиш потврда за редовен студент на студентски од прва година? Ќе си вадиш за моментална состојба, не пред 100 години. Ако во прва си редовен студент, во втора може си се вработил, па не си. Не е поврзано тоа меѓусебно. И верувам дека кога ќе се донесе одлуката на Влада, ќе биде јасна.
@Cka Ако не ти е потребна месечна електронска картичка (персонализирана) за која треба да се фотографираш и е твоја сопственост, тогаш земи си неперсонализирана која чини 150 ден. еднократно ја купуваш и не треба да се фотографираш. На истата треба да имаш најмалку износ од 100 ден. и може да ја користиш не само ти по потреба, туку и други лица (твои блиски) доколку има паричен износ на неа.
Фала многу за инфо. А како се надополнува? Или се купува нова ако ја потрошам? Па мислам дека е и точно тоа што го пишал. Ако е оваа година редовен студент, треба да е бесплатно. Не би требало да е бесплатно за оние кои во други години станале редовни студенти, а оваа година не се.
Таа картичка еднаш ја купуваш и понатаму ја користиш. Се надополнува само на овие пунктови на ЈСП (Бит пазар, Транспортен центар, Аеродром, Порта Влае и ЈСП Турс). Негативна околност е тоа што картичката се уште не е пуштена во продажба. Истата кога ќе биде пуштена можеш да ја набавиш во претходно посочените пунктови.
-Сите редовни студенти од државните универзитети од идната година секој ден ќе имаат бесплатен јавен превоз за сите линии. Доделени ќе им бидат картички од јавните сообраќајни претпријатија, а Владата, за да се спроведе оваа мерка, ќе исплаќа трансфери на средства, рече Груевски. Двата проекти ќе стартуваат од први јануари, а бесплатен превоз нема да добијат вонредните студенти, но и студентите кои се запишани на некои од приватните универзитети во земјава. Бесплатен превоз ќе добијат сите студенти без разлика која година се. Важно е да се редовни и да студираат на државни универзитети. Исто така, секоја среда за средношколците ќе има бесплатен превоз во ЈСП, возење на жичарата како и карти за во кино и театар.
Каква е оваа дискриминација за само од државните факултети превозот да биде бесплатен. Ова ќе падне на уставен 100 % Нема шанси да важи само за еден вид, студенти си се студенти без разлика на каков факултет учат.