Ако има пари за 2000 евра година, нема за автобус? Со исклучок за стипендистите. Јас повеќе би се запрашала за вонредните поради болест отколку за богаташите што одат со коли на факс. Ама секој со својата мува.
Јас не сум веќе студент. Но имам завршено правен и од тој аспект ја согледав ситуацијата. А инаку вонредните се најчесто вработени и плус не ги посетуваат предавањата и според тоа не ги следува изгледа бесплатен превоз. Ако ме прашуваш мене јас мислам дека треба да важи за сите студенти независно дали редовни, нередовни, приватни или државни, кога веќе важи за сите пензионери.
Средношколци, студенти и пензионери се возат бесплатно со ЈСП, жичара на Водно, плус едниве имаат и бања 7 дена, викенд одмор, бесплатно со воз.....ако испуштив нешто ве молам дополнете ме слободно. Се е ова супер ама кај се видело нешто да е бесплатно, тоа се плаќа само кој го плаќа е прашањето?! Има некои нелогичности во целата работа како на пример средношколци во сабота и недела се возат во ЈСП бесплатно а не се во школо или касно навечер. Истото важи и за пензионерите се возат секој ден и кога ќе им кажат дека не е вторник и треба карта да платат се оправдуваат дека се стари и не памтат, заборавиле и слично. А има пензионери што имаат пензии и по 30000 денари. А нормалните вработени кои работат за 10000-15000 и треба да издржуваат фамилија се качуваат во автобус плаќаат карта и притоа иако работеле цел ден стојат во автобусот зошто нели некои се привилегирани а некои не. Да не ме сфатите погрешно има стварно луѓе што немаат доволно средства и ова им е олеснителна околност и им заштедува пари, за таквите луѓе е во ред но за останатите што го користат ЈСП за шетање по пазари, трговски центри и слични екскурзии е срамота.
Тоа си е до култура на луѓето. Ако не се возиш редовно во автобуси не знаеш колку невоспитани (стари) луѓе има. Се качувам еднаш во 3ка или 5ка беше не ми текнува точно, а горе една баба си земала бурек отворила и јаде. Целиот автобус мирисаше на тоа, горе не се дишеше, а не дај боже да отвориш прозор одма реума ги фаќа. Второ нешто што ми текнува е, една жена земала таква количка за пазар, и се качува фино лепо (едвај, зошто не може да стои а не па да оди) па почнува да збори како немало место од нас да се качи на горниот спрат со количката зошто сме стоеле на скалите. Ако има горе жено место ја нема да стојам тука ко мисир туку ќе седнам и јас. Ама неееее, ИМА место горе, и зема не испочука сите да се искачи за да се увери сама. Вакви и слични случки имам да ти раскажувам безброј, ама пак на крај ние средношколците сме невоспитани бидејќи КАКО ТОА СМЕ СЕ ОСМЕЛИЛЕ ДА СЕ ВОЗИМЕ ВО ИСТ АВТОБУС СО НИВ?!?!? Она треба да е во 8 на пазар, да не и пишат неоправдан а јас во школо не сум, и не доцнам бидејќи нема место да ВЛЕЗАМ во автобус, а не па да седнам.
Среда само за средношколци, а за студенти секој ден. Инаку овие од приватните факултети уште да се бунат се
За среќа не се возам многу со ЈСП повеќе користам приватни автобуси. А мојот коментар не беше против средношколците да не ме сфатите погрешно. Јас сум против злоупотребата која ја прават одредени индивидуи. А инаку за тоа колку е лоша сликата во ЈСП можам да потврдам од лично искуство кога се качив во еден од автобусите на ЈСП толку многу смрдеше и имаше гужва што бев како во гасна комора (не е смешно), се симнав на следната станица зошто мислев дека ќе се онесвестам и морав да викнам и да платам такси.
Нема ништоо полошо од автобусиве на ЈСП,особено вторник и петок,све ќе сретнеш и уште нема да си веруваш на очите..Многу лош народ сме,никаква хигиена и култура нема
Имаше случка (од близок извор) кога пензионери отишле рано сабајле во Катланово (незнаев дека има ЈСП до таму) ама бидејќи било многу рано немало луѓе со истиот автобус се вратиле назад до Транспортен центар и пак отишле до Катланово со следниот. Друга случка е во автобус баба седнала а на столчето до неа една торба и на тоа позади неа уште една. Јас стојам и незнам што да правам ама кога и се свртеа срдношколци лом ја направија. И викаат што е ова торбиве низ цел автобус дај тргни ги а она им вика им чувам место на пријателките што треба да се качат на наредните станици ?!?! и на децава толку им требаше, сами ги тргнаа и си седнаа. И уште еден момент ако сте приметиле како трчаат по автобусите и како се туркаат за да влезат
Битно они трчаат и се буткаат да влезат,а внатре деца стари сме неможеме да стоиме дај станете да седнеме..Страшно.. ТЕШКИ ОПИНЦИ ТЕ ГАЗАТТ СКОПЈЕЕЕ..
А на невработените кој да им плати карта??? А мора некаде да отидат, имаа и тие некакви потреби. За невработените нема ништо бесплатно, ама за пензионерите иако имаат пензии има бесплатен превоз дури 4 дена во неделата, па кај го има ова??? Ако пензионерите немаат пари, нема да ги гледаме со полни торби секој можен ден како се буткаат во автобусине и како само прават гужва.
За ова со средношколциве, точно дека не плаќаме карта, но мене ми дале слободна сега веќе електронска, а на обичните пишуваше дека важи секој ден од 00:05 до 00:00. Не ми пишуваше дека можам само на школо да одам со неа. А кога излегувам некаде преку ден на пример, треба да му давам извештај на контролорот дека не одам на школо, туку кај другарка и зашто правам така. Од кај ќе знае тој? И сега за електронскиве е исто. Плус тоа немој средношколците да ги рамниш со пензионерите. Тие имаат примања на своја сметка, и не секогаш имаат потреба да излегуваат, некогаш дури само се шетаат.Едвај се дише од нив во вторник и петок.
А ако може бесплатен превоз да имаат сите пензионери без разлика колкава им е пензијата, тогаш не гледам зошто не би бил бесплатен превозот и за оние студенти што се на приватен факултет.
Епа затоа за пензионерите треба да се направи да е бесплатно за тие што имаат примања под ХХ.ХХХ денари.
Пензионерите со поголеми пензии повеќе пари давале во пензискиот фонд. Ако од својата плата делеле повеќе, значи дека треба да имаат помали права од оние кои дале помалку? Пензиите се сразмерно на платите кои ги примале, не од нешто друго. Иако студентски пленум, повторно, како и за таблетите што рекоа дека нема да ги користат, така сега рекоа и дека бесплатниот превоз за студентите не чини. Си имаат они причина зошто. Сеуште не знам како за вас студент кој има да даде 2000 евра за година, и плаќа 10 000 евра за 5 години факс треба да се вози без да плаќа, еве не знам. Веројатно се пресиромашни...
@Cka Сепак за да се запишеш и на Државен факултет треба да имаш пари, ако немаш пари нема да се запишеш, бидејќи не е задолжителен факултетот, а од друга стр. годишно не е само 200/400 €, туку е многу повеќе, бидејќи како прво има и др. трошоци при упис, а како второ каде се тука и дополнителните трошоци за книги, за полагање, за преполагање, кога некој професор ќе те бутне треба и да му го напуниш џебот за да те пушти. Кога ќе направиш некоја најгрупа пресметка излегува скоро исто, подобро уште нешто ако треба ќе доплатиш барем ќе си го сочуваш здравјето од стресови на Државен факултет, кога некој професор зашто така му текнало ќе те бутне. И не сите кои се запишани на Приватен факултет се запишале за да не учат и да си ја купат дипломата, ако некој сака да научи нешто, да има знаење за себе ќе учи и на Приватен факултет, само што нема да се соочува со стресови како на Државен факултет. А дали треба невработените бидејќи не придонесуваат со средства во државниот буџет, да се лишени од бесплатен превоз?
Изгледа не ме разбра што ми беше поентата со мојата изјава. Ако веќе се прави нешто за младите ќе беше подобро да се направи нешто друго. Не е работата за да се даде бесплатен превоз на средношколци, студенти и пензионери подобро е да биде бесплатно образованието и се што е поврзано со него. Значи уште од основно, книгите, опрема за физичко, ликовно и сл. да им се дадат на децата а и да имаат платена екскурзија. Тоа да продолжи и во средно и на факултетите. А тие што се најдобри студенти да им се вратат парите за партиципација. Ова е надвор од темата ама мислам дека ме разба сега што сакам да кажам.
Уште малку бесплатни авионски билети и бесплатни организирани тури до Марс, како за пензионерите, така и за студентите Само мене ми се чини колку е ова кампањски и повторно како некој маркетниг и реклами?
Ако се направи избор меѓу бесплатен превоз со ЈСП секој ден или авионски билет во еден правец за било каде надвор од МК, голем број од младите би го избрале ова второво. Па тогаш просечната возраст на лица кои се возат со ЈСП ќе биде 78 години