А чини ли? Вакви бисери од „надредените“ има само и единствено само пред избори - ништо ново и (веќе) невидено. Hи потребал бесплатен превоз кога коренот на сè срање.
Јас мислам ова е само предизборен маркетиншки трик, ако мислам дека студентите ќе им ги простат сите изживувања од неписмени корумпирани професори, екстерното, спиење и мрзнење по факултети, необезбеден бесплатен превоз за студентите да гласаат во родните градови, со туркање по автобуси со пензионерите гадно се лажат. Скопските студенти се пораснати по автобуси, а останатите секако од устата си кратат трпат уште по 2-3ца цимери/цимерки за да најдат станови под кирија што поблиску до факултет за да не се туркаат по автобуси. И така ќе измислат 1000 процедури за којзнае какви картици и пак ретко кој студент ќе се вози бесплатно. Повеќе административци со проектот за над 40 години ќе се возат, ем факс бесплатен, ем професорите не ги малтретираат. Колку студенти го користеле бесплатниот во четврток досега? А сигурно нема да е легитимирање со индекс оти ќе има многу злоупотреби.
Браво за Студенскиот Пленум соодветно му одговорија на Глујо. Овој недоветен премиер и неговата ЌЕ партија веќе немаат што да излажат и ветат. Јас не знам дали има некој што им верува на овие, по се што чувме и видовме до сега од нив.
Лажат нема да има никаков превоз, со години демек ќе стават нешто за нас ништо не ставија освен што не избркаа.
Нема да ме чуди ваков мајндфак да излезе и за средношколците, поточно матуранти со строго навршени 18
Можете да не го користите бесплатното возење и таблетите - така ќе покажете став. Или користете ги после избори. Проблем е тоа што таблетите никој нема да ги врати, ниту ќе рече ќе одам пешки или ќе платам. Сепак, како сериозна организација, можете да кажете дека не ги сакате проектите со тоа што нема да ги прифатите. Интересно е дека едно од барањата на студентите беше и бесплатно возење со ЈСП, а денес не им се допаѓа идејата. Ете, пратете јавно барање дека сакате од мај да се возите бесплатно, дотогаш не сакате да се влијае на вашата политичка одлука, оти мислите дека на тој начин се манипулира со студентите. Проектот да се одложи за мај, или следна учебна година, ако така ви одговара. Можеби и целосно да се укине? Кој е ставот на студентите, не сфаќам. Да нема бесплатен превоз? Задоцнет е и непотребен? Можеби треба и основците и средношколците да не го користат бесплатниот превоз до избори? Можеби и тие треба да плаќаат? Студентскиот пленум наместо со политички работи треба да се занимава со поволности за студентите. Ако ова им е едно од барањата, нека го поздрават и нека бараат уште. Не да викаат, сега не сакаме превоз, лани сакавме, годинава супер ни е. Изгледа многу несериозно од страна гледано. Не се сеќавам дали предизборно беа дадени таблетите или не?
Немој ти мене кажете и ред други обраќања. Не сум јас член на СП, уште помалку пак пион на овие обоениве. Ниту земав таблет, ниту бутур. Не земав таблет, не земав лаптоп, се возам единствено во приватните автобуси, ЈСП одамна ми дојдоа преку некаде. Таблетите имаа друга позадина, да не навлегуваме сега во тоа, тотално е вон темата. Знаеш и сама, не дека не, ама и тоа е друга тема на муабет.
@Cka Ако лани нешто е побарано, зошто и лани не е остварено? Лани ситуацијата во државата беше една, оваа година многу друга, друга од аспект на масовни протести, поголем револт и сл. Сега, колку и да и истомисленик и поддржувач на партијата, не можеш да кажеш дека ова не е уште едно кампањско фолирање и рекламирање. Никој барем не е до толку слеп.
Ок, извинете. Можеби Вам не Ви требаат поволности, имате доволно. Исто така, сте можеле да го донирате таблетот ако не ви требал, но тоа е Ваше право и размислување. Се надевам мојот однос кон Вас е во ред. Поздрав. Претпоставував дека нема потреба повеќе од бесплатен превоз, студентите можеби имаат поголеми примања во изминатите 6-7 месеци, за разлика од лани. Интересно, сите ќе го користат. Ако е непотребен, зошто јавно не излезат да побараат да се укине одлуката, наместо да држат пресови за политички тајминг. Битен им е тајмингот или потребата? Оти никој не излезе јавно да каже, не сакаме, не ни треба?
@Cka Упорно ја промашуваш поената, а штета што не е ненамерно. Едноставно знаеме дека на политичките теми секогаш се правиш дека не сфаќаш Потребата на студентите одамна никој не ја слуша, тоа е факт, затоа и се потенцира зошто сега одеднаш ваквата идеја за бесплатно се. Испаѓа дека сега одеднаш ќе се грижиме, и од што прво, бесплатно возење Please don't.
Најсмешни ми се оние од Унија на младите сили, се фалат мислиш они стварно се имаат изборено за ова Како да не ги шантаат ко кукли некои.
Не е проблемот во поволностите туку во тајмингот. Убаво е сето тоа, секоја поволност не само за младите туку за било кого се добредојдени, но некако чувстбото е лошо, едноставно човек се чувствува ефтино бидејки некој сака да ве купи за 1000 ден и тоа сега пред избори а вие треба да изигравате будала да се радувате како да ви подарил којзнае што. А никој не се прашува барем не јавно зошто баш сега пред избори, зошто не пред 1 година или по избори? За да иронијата биде уште поголема треба да им бидеме благодарни како да тие пари ги дале од нивен џеб а не од наш. Жалосно е кога е дојдена работата до таму да луѓето се радуваат дури и за бесплатен превоз додека во нивните џебови завршуваат милиони исто така наши пари а ние паѓаме во транс затоа што ни дале бесплатен превоз.
@Strumka22 Многу лошо време дојде..Ние се делиме по кој е за ВМРО кој за СДСМ..Сите сме луѓе дали сме за ВМРО,СДСМ или пак не гласаме
Нема потреба од бесплатен превоз. Потребен е превоз од 10 ден. и сите ќе бидат задоволни, ем помала разлика ќе треба да покрива државата. И како тоа влезот ќе бил само на предна врата со скопските картички? Свесни ли се колкави гужви ќе прави тоа. Нека стават читачи и на предна и на задна врата и решен проблем.
Оф, мори мајко, до кој ли степен стигнаа, ако е ова вистина (ако не е фотомонтажа) што го гледам ништо веќе не би можело да ме зачуди. Туѓ срам ме изеде. http://www.kalimero.mk/archives/9014
^Не ме чуди ова, за некое време ќе почнат и душеци, јоргани и јастуци да си носат по автобусиве. Само чекам јас возачка да земам, превоз да имам ко човек, ми се смачило веќе и јсп, и гужви, и пензионери, и контроли и све...
Од 1 јануари билетите за возење со ЈСП-Скопје ќе чинат 60 денари Поскапува користењето на услугите на јавниот градски превоз во Скопје. Најпопуларните билети за едно возење ќе имаат зголемена цена од 1 јануари 2016 година, додека билетите за 10 возења ќе ја имаат идентичната цена со електронските картички, но ќе важат само 15 дена. Купувањето на билет во автобус на ЈСП-Скопје по Нова година ќе чини дури 60 денари. Од 30 на 35 денари е зголемена цената на оној билет што е дополнет на електричната картичка вон автобусите. Ако граѓаните сакаат да платат билет со мобилен телефон, тогаш тоа ќе ги чини 40 денари. Ноќниот билет платен со електронска картичка и понатаму ќе чини 40 денари, но за оној платен со мобилен телефон ќе мора да се одвојат 50 денари. Наместо да се намали цената на билетите, со воведувањето на електронските картички ќе поскапи јавниот превоз во главниот град. Од ЈСП во наредниот период ќе го стимулираат користењето на месечните и на годишните билети кај граѓаните, кои имаат пониски цени од постоечките. Месечен билет во првата зона ќе ја има цената од 1.400 денари, додека за двете зони тој ќе чини 1.600 денари. Годишниот колективен билет за вработени од 1 јануари ќе може да се купи за 15.400 денари. Со воведувањето на електронскиот систем, на граѓаните им се овозможува да користат нови опции за плаќање на услугите. Како билети за повеќе возења, на скопјани им се нудат дневните и седумдневните билети. Дневен билет за повеќе возења во градска зона ќе чини 120 денари, додека користењето на приградските автобуси во текот на цел ден ќе се плаќа 150 денари. Нова можност за граѓаните е употребата на повеќе автобуси во текот на 90 минути. Еден ваков билет ќе чини 60 денари ако се користи електронска картичка, додека со мобилен телефон истиот ќе има цена од 70 денари. http://www.libertas.mk/од-1-јануари-билетите-за-возење-со-јсп-с/ Ве молам продолжете да пишувате колку се грижат за нас. Лав дем <3
Џaбе тoлкaв пoст, кoгa пoрaкaтa oд влaстa секoј пaметен студент ќе јa сфaти, a тoa, сo извинение нa изрaз е: Ќе те е### секaкo, aли еве ти 1000 денaри месечнo. А мaкедoнчетo кaкo и секoгaш, пoдoбрo дa ме е... и дa ми дaдaт илјaдaркa, oткoлку ништo.