Поскапување на автобуските билети од 1ви Јануари Ех па мора некој да плати за тоа што ќе биде бесплатно за пензионерите и студентите.... Тоа е.
ИЗВЕСТУВАЊЕ Во текот на оваа седмица, низ медиумите се објавија дезинформации за покачување на цените на услугите на ЈСП СКОПЈЕ. Од тие причини, информираме дека новите предлог-цени на билетите се следните: -Билет за едно возење, цената се унифицира за сите зони на 35 денари, односно цената за втората зона (приградски линии) се намалува од 40 на 35 денари; -Билет за ноќно возење, цената останува иста, односно 40 денари; -Билет за 10 возења, цената останува иста, односно 250/300 денари во зависност од зоната; -Месечен билет, цената е намалена за 60 денари во прва зона (од 1460 на 1400 денари), односно 80 денари за двете зони (од 1680 на 1600 денари); -Месечен билет за деца без родители, цената е намалена за 30 денари (од 730 на 700 денари); -Сезонски месечен билет за студенти и ученици за месеците Јули и Август, цената е намалена за 20 денари (од 620 на 600 денари); -Годишен билет, цената е намалена за 660 денари (од 16060 на 15400 денари). Исто така, годишниот билет ќе биде со важност од 12 месеци од моментот на купување на истиот. ЈСП СКОПЈЕ ја информира јавноста дека се планира воведување и на нови типови на билети, и тоа: -Временски билет за 90 минути (менување на автобуси), цената ќе изнесува 60 денари, што значи дека со промена на 3 автобуси, просечната цена на возење ќе изнесува 20 денари; за промена на 4 автобуси, просечната цена на возење ќе изнесува 15 денари итн; -Дневен билет за прва, односно двете зони ќе биде 120/150 денари во зависност од зоната, што значи дека доколку некој се вози во просек 5 пати во денот, просечната цена на билетот ќе изнесува 24, односно 30 денари од возење; -7 дневен билет ќе изнесува 500 денари за прва зона, односно 600 денари за двете зони, што во просек би чинело 19,23 односно 23,08 денари. Исто така, со овој билет секој корисник ќе добие и билет за жичарница и лифт во два правци; -3 месечен билет ќе изнесува 4,000 денари за прва зона, односно 4,500 денари за двете зони или во просек би чинело 21,62 односно 24,32 денари по возење. Исто така, со овој билет секој корисник ќе добие и 3 билети за жичарница и лифт во два правци; -6 месечен билет ќе изнесува 7,800 денари за прва зона, односно 8600 денари за двете зони или во просек би чинело 21,67 односно 23,89 денари по возење; Напоменуваме дека моменталната цена на билет купен кај возачот останува иста се до вклучувањето на приватните превозници во Системот за електронска наплата. Во однос на висината на цената на билетите купени кај возачите, напоменуваме дека со воведување на новиот систем за електронска наплата се менува начинот на наплатата и сите редовни корисници на Јавниот градски превоз е потребно да поседуваат електронска картичка со чие користење им се овозможува да ги користат сите типови на билети по погоре дадените цени. Понатаму, значајно е да се напомене дека со овој систем значително ќе се намали обемот на работата на возачите на автобусите кои во моментов покрај нивната основна дејност – возењето, мораат и да продаваат билети. Со ова значително ќе зголеми безбедноста во сообраќајот и ефективноста на возачите. Билетот кој се купува во возило е предвидено и понатаму да може да се купи имајќи ги предвид патниците кои доаѓаат од другите градови во Македонија и од странските држави да можат да ја користат услугата на градскиот превоз во град Скопје, без притоа да мораат да извадат електронска картичка. http://jsp.com.mk/vest.aspx?vest=322 http://skopjeinfo.mk/grad-skopje-demantira-eve-kolku-kje-chinat-biletite-za-avtobus-na-jsp
Немаше никакви дезинформации, нека не се*ат многу Туку си ја повлекле цената од 60 денари. Кај нас има само пу-пу не важи. До кога? Па до изборите. После ново покачување, само да видиме на што. Па уште демек частат, ко мислиш од свој џеб или од дедовина, скрати кај еден додај кај друг, и се така во круг. Апаши мрсулави, им има ли крај бе?
Значи, да си купам неперсонализирана електронска картица и да ставам пари на неа, дали во автобусот ќе ми земе 35 денари, без разлика државен или приватен? Тоа значи дека нема веќе да има картички од 10 вожњи кои беа поевтини, 25 ден., туку само 35 ќе биде?
На страната на jсп пишува дека и понатака 'ке е истата цена за 10 возенja односно 250/300 денари во зависност од зоната
Како и да е секако ќе поскапи, ама тоа е за наше добро. Тогаш наместо со автобус ќе си одиме пешки, со точак. Ќе ослабнеме малку таман за летото
Епа што е тогаш функцијата на картичката? Нормално дека ќе си купам за десет вожњи како и до сега место да плаќам по 35 денари.
@RainBow на вести имаше па друга изjaва дека и тие со 10 возенjа ке биле по 35 денари, со тоа што ке важеле 15 дена со тоа што ке надополнуваш на картичката. Мислам дека ни самите не знаат ни што прават ни што кажуваат. @Среќа тоа е jасно дека ке поскапат, треба некоj да го плати бесплатниот превоз
Да и за студентите е бесплатно, ама мислам дека кажаа на тв дека и студенТите мора да имаат електронска картичка( колку е точнО не знам )
Електронските персонализираните картички се за студенти , пензионери и слободни месечни и се веќе пуштени во продажба . А оние електронски картички кои ќе бидат обични и ќе може да се користат од повеќе особи сеуште не се пуштени во продажба. Инаку, еве го ценовникот : http://www.jsp.com.mk/vest.aspx?vest=322 Нема да плаќате, ама мора да ја купиш картичката за контролата да има увид дека си студент оти ќе гласи само на твое име. Функцијата е да се заштеди време на влегување и купување на картичка во бусот, и возачот да си вози само, а не и да биде продавач. Ма да, по некоја логика би требало картата и да поефтини оти ќе заштедат на хартија, али ајде... Вака, ќе си ја наполниш картичката и само ќе си ја пројдеш на апаратчето.
А контролата како ќе има увид кој "искуцал", a кој не? Па да ти кажам нема подобро од тоа, само воздухов да не беше ваков...
@blueberry93 Имале специјални апаратчиња, со нив ги проверувале картичките. На еден другар веќе му пишале казна оти не ја прошол картичката оти апаратот не бил вклучен или не работел ( не знае ни он, а шоферот ништо не превземал да го поправи. )
За колку време ги издаваат персонализираните картички откако ќе поднесеш барање и ќе те сликаат? И јас уште не можам да разберам што како, да ја извадам па после ќе мислам. И мислам дека треба на секоја врата да има таков апарат за откуцување, во спротивно ќе се прави невидена гужва.
Од следната година ќе може да се купи карта во автобус кај возачот или само со картичките ќе може да се плаќа?
Другар ти е глуп. Како може да си плати казна кога тој не е крив што не работело апаратчето за откуцување на картички? Треба да си плати казна возачот што не го поправил апаратот.
Не е глуп, него шоферот за да не си плаќа казна си ќутел ,па иди докажи се... Не се сите ко мене да се караат до задно.