http://jsp.com.mk/vest.aspx?vest=326 Еве за слободните за студентите.Ако немаш електронска картичка треба потврда за редовен студент да однесеш а тоа мислам дека е 100 ден. како и да е пак пари ќе со дадеш
Е добро де ќе дадеш 100 ден и после цело време дури си студент ќе се возиш кај сакаш и колку сакаш без пари. И плус некако мора и тие да имаат евиденција кој е редовен студент.
Oд денес зa секoе вoзење требa и слoбoднa кaртa и ученичкa книшкa дa пoкaжувaaт среднoшкoлците. Нo, ние немaме печaт oд директoр, кaжaa нa 21 ќе ни удрел печaти. Штo знaчи немa "слoбoднo" вoзење?
А има некој информиран дали со студентскиве картички за бесплатно возење сме ограничени колку пати во денот да се куцнеме во автобус (пошто ми кажаа дека средношколциве имале ограничување од 4 пати дневно само/ викенди НЕ важи и нормално распусти не им важи) или за нас е неограничено без разлика саб/нед и дневното ограничување?? Јас прашував во тие центрите кај што си ја надополнував нели слободната и тие ми викаат НЕ ЗНАМ?? O.o свашта
@srcence1607 Ние средношколците викенд НЕ сме ограничени. И исто така НЕ сме ограничени со 4 пати дневно. Е сега за зимски распуст незнам како ќе биде.
@Papillon.Papi Од каде таа информација дека треба и ученичка книшка??? Па на новите електронски картички има налепница Задолжително средно образование 2015/2016.
Па добро не знам сега, братучетка ми кажа дека така им рекле, затоа и прашав. А доста деца и у автобус сум слушала за тоа дека зборат. Не сум средно не знам какви измени направиле со картичкиве.
Да ве прашам, електронскиве картички за средношколци важат за распустов? Пошо јас вчера ете ја куцнав најнормално, ама слушав, на други им ги земала контрола, и мора да се плати 1000 ден ка железничка за да си ја земат.
Слободните за средношколци до сега не важеа за распуст. Мислам дека и сега не ви важат нема врска што се електронски.
@Tan4ence Јас во саботата на одење се возев во приватен автобус го прашав возачот дали важат ми рече да, а на враќање се враќав со ЈСП, се куцнав исто како и ти најнормално, не пишуваше на екранот дека не важи и кога се отчита електронската картичка, даде најнормален звук, како се да е во ред. А на електронските картички не пишува, како на старите дека не важи за зимски распуст. Значи сме имале среќа да не ни ги земат
Тоа и плус барање од ЈСП. Го земав од билетарите и го заверив на факултет, ама имаше некои што поминаа и без заверено барање. Хаос беше на Транспортен...
Сме имале, инаку моја другарка се јавила во ЈСП, прашала, и рекле дека не важат, ама ако не важат, поарно нека ги блокираат, не вака ќе ја куцнеш и после не важела
Сите различно кажуваат, тие што веќе имаат електронска картичка оделе само со потврда, индекс и лична карта...а тие што немаат воопшто извадено електронска што треба да носат/да прават? п.с. Можам да замислам кои гужви се сега, и низ кои нервози и нелогичности ќе помнеме сите студенти за една картичка (која што може после април да се укине )
Тие што немаат воопшто извадена електронска картичка треба да се однесе индекс, потврда од редовен студент, лична карта и барање од јсп за слободен превоз е сеа ова барање во некои факултети треба да се завери да удрат печат, а некаде не бараат само треба да одиш во јсп да го земеш и таму да си го пополниш а исто така зимаат и плус 200 ден. за електронската картичка.