Ја баш пред некој ден се возев во автобус и кога пробав да ја куцнам картичката не ми го пишуваше средношколска картичка или како и да беше туку пишуваше надополни ја картичката. А и од другарка дознав дека и средношколците ги казнувале ако немаме купено карта. Е сеа ние ке треба да вадиме нова посебна картична како другите или како? Зошто нејкам да плакам 1000 денари казна.
Можеш за 10 возења на пример да земеш, ама тие знам дека има рок колку дена важат, инаку сеуште можеш во автобус карта да купиш како до сега а цената си е пак 35ден
@s&s За издавање на студентска електронска картичка потребно е 200 ден за картичката, индекс, потврда за редовен студент и барање од ЈСП кое треба да се завери во факултетот. Таа документација ја доставуваш на еден од пунктовите каде што треба да ти ја издадт картичката со претходно фотографирање.
Здраво дечки? Сакам да ве прашам дали почна да важи тоа дека за студентите ќе биде бесплатен автобускиот превоз? Дали треба да извадиме карти од некаде или како оди тоа?
А каде може да се најде тоа барање? Го има на страната на ЈСП? И тие 200 денари треба да ги уплатиме на некоја сметка или таму на рака да ги дадеме о.О
Барањето го има на страната на ЈСП и во просториите каде што се издава електронската картичка, но треба да се завери на факултет. Износот од 200 ден. е за картичката и се плаќа таму на рака. За време на распуст не важи бесплатното возење. Ако сакаш да ја користи и тогаш, треба да доплатиш. Ценовник има нивната официјална страна.
Не користам мн јавен превоз и не се разбирам во бројки, па затоа прашувам. Што број вози од градежен до СП планет во Ѓорче? И каде се купува картичка за 1 или 2 возења со постојниве измени? ( картичка за бројот на автобус што вози до Ѓорче конкретно прашувам)
2 државна и 12ка приватна поминуваат, во државните купуваш картичка од кај шоферот 35 денари, ги нема тие во билетарите веќе, само за десет возења има, а во приватен не знам како е, дали е уште 25 денари, не сум се возела.
едно прашање.. среда нели е бесплатен ден за возење на средношколците... мислам дали би требало нешто да покажат ако им влезе контрола, пример слободната или ученичката книшка? ако има некој инфо нека пише..
Во врска со бесплатните билети за студенти... 1. Каде се зема барање што се заверува на факултет? 2. Дали еднаш се плаќа, 200-300 ден. при сликање и вадење на картичката, или треба да се дополнува, доплаќа нешто секој месец како секоја слободна месечна карта?
1. Барањето можеш да го испринташ од страната на јсп или оди во некој од пунктовите на јсп и побарај барање од таму. 2. Доколку немаш извадено електронска картичка одиш во било кој пункт заедно со сите потребни документи и таму те сликаат и на лице место плаќаш 200 денари, веднаш ти ја даваат слободната и на неа имаш годишно возење..што значи не треба ништо да се надополнува во неа бидејќи ти е годишна.
Годишна се подразбира од септември до мај - колку што трае учебната година или баш календарски од јануари до декември?
Изгледа јас сум ќорава, цела страна ја превртев и не можам да го најдам барањето. А побарав денес на пулт на ЈСП, и тоа на тој кај железничка, и крајно нељубезно ми кажаа само тука не даваме никакви барања.
БАРАЊА ЗА ИЗДАВАЊЕ НА БИЛЕТИ Во листата подолу се прикажани повеќе формулари наменети за барања за издавање на билети. Формуларите можете да ги превземете во PDF формат. Датум:24 септември 2015 Тип на документ: Образец Образец - Барање за издавање на пензионерски билет Датум:24 септември 2015 Тип на документ: Образец Образец - Барање за издавање на ученички - студентски билет Датум:24 септември 2015 Тип на документ: Образец Образец - Барање за бесплатен превоз за Студенти Датум:30 јули 2014 Тип на документ: Образец Образец - Барање за бесплатен билет за деца без родители до 18 години Датум: Тип на документ: Образец образец Датум: Тип на документ: Образец Образец - Барање за издавање на претплатен билет
Сигурно сум досадна, кажете ми уште ова. Од горенаведениве, кое ми треба? Барање за издавање на ученички - студентски билет, Барање за бесплатен превоз за Студенти или Барање за издавање на претплатен билет? Би рекла второво, али дека пишува еден ден во неделата - четврток, ме буни.