Уф денес ама се изнервирав. Во целана гужва во автобус, не можев ни да најдам место да седнам, а релацијата ми е скоро пола саат, натоварена ко магаре бев. И слушам муабет на двајца мажи накај 60 год и вика едниот, абе зошто да палам кола денес, можам вака без пари да си се провозам. И после ај оди стани на постари
Катастрофа ако донесат двоспратни. Овие сега ми се свиѓаат да. Па кај имаме ние улици за двоспратни? Коа ќе се надингаат и горе и долу, има на некоја кривина да се отпреврти автобусот. Аууу, се ежам. Супер се овие, какви двоспратни не сме Лондон. Имам една забелешка. Да ги чистат поредовно! Аман, неа вработат некој и секој ден нека ги чистат, барем секој втор ден. Џабе нови, коа видов цели со прашини беа приватниве.
Во последниве 2 години дали 20 пати се имам извозено за среќа ,за разлика од претходно секој ден по автобуси. Сега повеќе си одам пеш или со такси. Ја гледам темата и се сетив на една случка од пред 3 години во 24-ка Возачот не возеше патници туку компири и при едно прикочување една тетка за миг се најде во скут на еден дедо. Теткава околу 50 години ама средена дури претерано нагиздена со кратко фустанче, со шеширче и не ми текнува на другото, а дедото стар над 70 години. И кочи возачот и оп оп оп теткава во скут на дедово и само слушам дедово ооооооооооооп еден извик ко убаво да му дошло а теткава усрамена таман да стане уште едно кочење на автобусот и еве ја пак во скут . Дедово се препороди му се врати осмех на лице а теткава усрамена незнаеше кај да погледне и незнам дали требаше или поради срам се симна на првата станица
Па незнаат, научени се на тешка категорија автобуси, каква тешка машинерија се стариве хахха и сеа им е чудно се да им е на дугме во новиве
Ми се допаѓа тоа што барем е донекаде видлив трудот да се подобрат условите и состојбата во ЈСП. Да, има терсене возачи и управници, но не заборавајте дека и доста голем дел од патниците не придонесуваат за подобра соработка со нивното недолично и дивјачко однесување.
Ги видов новите автобуси низ град и баш ми се допаѓаат. Па секако дека се подобри од старите, тоа е неминовно! Ми се допаѓа дека сепак е инвестирано во нешто што ќе биде во корист на граѓаните (тоа навистина е реткост во нашава држава). Само едно нешто се запрашувам... до кога ли ќе останат во ваква состојба каква што се... Абе ние народот сме едно клето створение, од каде толкава желба за деструктивност! Се прашувам колку време ќе помине додека да почнат да ги вандализираат!
Ја им давам месец дена рок, во петокот еден ВОЛ си јадеше киритки и си лупеше доле, па што сакаш после!
Од сега средношколците и во приватните ќе ги има. Иначе кај се за кај нас нови автобуси. Првиот пат кога се качив беше летото и од Државна доаѓав накај дома, ама мислам дека кога одам накај село не е патот таков. Прво улиците нека ни ги направат па после ако сакаат и на 3 ката нека ни донесат автобуси. И кај новите не ми се допаѓаат седиштата што се обратно ставени. За стариве неможат да стојат они сироти, а кога ќе видат празно столче за 2 секунди се седнати. Абе убави ни се и старите само нека ги отвараат вратите во лето и нека ги поправат вратите за во зима. Ама јако е за 25 денари одиш од едната до другата страна на Скопје. Секој петок Кромид парти во ЈСП.
Владата на РМ очигледно мисли дека македонските граѓани се конзервативни кога станува збор за сексот и дека имаат кусок од истиот. Затоа решила на своите ценети граѓани да им ги отвори очите кон нови сексуални уживања и да им помогне во проширувањето на хоризонтите. Имено, доколку се уште не сте уживале во такозвани групњак, слободно провозете се во новите автобуси, или од сега може и да ги нарекуваме сексобуси. Да, добро слушнавте. Доколку се качите понеделнички во 7 сабајле во 5ка, ќе доживеете невидено искуство. Бидејќи сите се така збиени, нема простор за мрдање, едната рака може да ви се најде на нечиј пенис, од позади чувствувате друг, од страните има можност за некоја притисната цицка, некое газе и.т.н. Притоа за поголемо уживање, шоферот прави тргни застани, или нели, напред-назад, со што искуството станува незаборавно. Сето ова го добиваме благодарение на нашата Влада која секогаш мисли за доброто на своите граѓани. Не е чудо што сите се тепаат да се качат во новиве авто(сексо)буси. Епа бујрум.
Денес 5ка ко за чудо беше чиста т.е тазе миена, мокра ми дојде. Па ако ги чистат нека ги чистат наутро а не во 13 часот. Но, важното е дека се потрудиле околу хигиената
Колку толку.Барем се потрудиле да биде чисто,за разлика од 23ките,од кои мислам дека некој ден опасна инфекција ќе фатиме ...
Многу брзо ми доаѓаат новостиве, до вчера се траскав во крнтиине бубрези си одлепив, а веќе денеска имаме и двокатни, блазеси ни http://zdravo.com.mk/vesti/makedonija/4866.html
Леле стигнале двокатниве, пукам од среќа! Одвај чекам да ми застане на автобуска и да се качам на втор спрат и да се осеќам ко у Лондон да сум Само едно не ми се допадна: ,,Висината на горниот кат е еден метар и седумдесет сантиметри. Има место за четириесет патници само за седење. Стоењето нема да биде дозволено. " Значи јас сепак на долен ќе сум, горе нема шанси. Oва не е фер Ебате ниските кинези, а ние ај главите да си ги отсечеме за горе да се качиме
Лелееееее што убаааааааав ееее и гоооооооооооооооолеееееем.Вааааааааааууууу...едвај чекам да му се качам!
Ме интересира колку чини да извадам месечен билет од ЈСП? Сакам да почнам од овој месец, ги зедов и пополнив сите потребни документи, имам и потврда за редовен студент... Но ми преостанува уште главното, да одам во некоја од нивните трафики и да платам... Колку треба, знае ли некој? Фала однапред.