^ Ниедно од овие. Барање за бесплатен превоз пишува дека е само за четвток. Плус, сите овие се објавени септември претходната година кога се уште не беше објавено бесплатното возење за студенти. И јас барав и не можев да најдам, така што не можам да ти помогнам, ама не е ниту едно од овие.
Ајде вака, да ви кажам од прва рука, искусено денес. Бараат индекс, лична карта, заверена потврда од факултет за редовен студент, барање и 200 ден. Во врска со барањето, тоа е од горе, `Барање за издавање на ученички - студентски билет`, само што не заокружувате ни Месечен ученички, ни месечен студентски, го оставате тоа така. Јас вадев на железничка, во тоа импровизираните канцеларии во автобус, и таму и го земав барањето, го пополнив на лице место, и ме мрзеше да идам до факс да ми заверуваат и назад, викам ај вака ќе си ја пробам среќата и ми го примија незаверено без збор. Иде ептеен споро, и можам да кажам дека немаше некоја невидена гужва, а чекав повеќе од саат време сигурно, иако се 2 шалтери, има што студенти, што пензионери, хаос невиден. Затоа мој совет, ако имате друг пункт во близина на вашето место на живеење вадете си таму, во центар е страшно. Картичката ми ја дадоа одма, одма и ја испробав. Како што се куцаш во автобус пишува Годишна, така што претпоставувам важат цела 2016та година, во врска со дилемата до кога важат, сепак некој ако има 100% сигурна информација нека пише. Бидна и тоа, да видам и јас едно добро дело од Груевски.
@blackpanter Без оглед дали е бесплатен ден за возење електронската картичка мора да се валидира во автобусот.
@Olgitsa Кога ќе се куцнеш следниот пат освен годишна види мора да пишува до кога важи. Јас сум средношколка и кога се куцнувам пишува Годишна Средно важи до 30.06.2016. Сега за зимски распуст не ни важат слободните, а доколку на вашите слободни пишува до крај на 2016 на вас колку што знам нема да ви важат јули, август.
До колку саат работат по билетарите? До кое време попладне може да се појде и да се заврши таа работа со картичкиве?
До 7. Не, има и кај хотел Бристол Јсп канцеларија, има на Битпазар, во Влае. И таму може да се извади.
Слушнав дека доколку однесеш барање кое е заверено со печат од факултетот немора да се носи потврда за редовен студент, дали некој има искуство?
Мора и барање заверено и потврда. Инаку поточно некој ако може да ми каже кои автобуси одат од рекорд до сити мол?
22 (државен и приватен), 21, 4, 7, 15, 15A - на последниве три последните станици им се кај Сити Мол.
Врати се неколку страници поназад и ќе го најдеш одговорот. А постои и официјална страна на јавното претпријатие. Исти прашања се вртат во круг. Пред да прашате нешто прочитајте што е напишано.
Имaм еднo прaшaње. Нa слoбoднaтa oд шкoлo штo ми јa дaдoa и јa извaдив тaa лепенкaтa нa неa штo стoи(мoментaлнo не ми текнувa кaкo се викaше). Дoкoлку ми е куцнaтa, кoнтрoлaтa не би требaлa прoблем дa ми прaви, нели?