Навистина сум револтирана од новите промени и последниве денови сигурно едно 10 поплаки им пишав на ЈСП, нормално не ми одговорија. Најмногу во однос на новите картички со 10 возења и трајност од 15 дена. Е сега, ги читам другите прашања и поплаки и за голем број од нив ЈСП одговара дека не е надлежно, туку надлежен е Совет на Град Скопје, и многу јасно, отворив и на вебстраната на Град Скопје и во контакт адреси погодете чиј емаил само фалеше??? На Совет на Град Скопје. Браво, секоја чест!!!. Инаку мојата верзија е дека со новото "премолчено" поскапување ние директно ќе го финансираме "беспланиот" превоз на пензионерите. Велам премолчено затоа што фактички и не ви даваат опција за возење под 35ден, освен картичката со 10 возења што е со ограничен рок, и на многу не им одговара. А многу беа "јаки" на почеток со "шпекулациите" дека билетот ќе чини 60 денари, за потоа кога ќе кажат дека 35 сите да осетат олеснување. Искрено немаше да се бунам за тие 35 денари возење, ама возењето со пензионери и љубе лигавиот- грозниот, неподносливиот. не заслужува 35 денари, да ми извините, и не ви ги давам, па ако треба ќе се менувам со картичките од по 10 возења со некој, така што ќе ми/ни траат цело време.
Biletot za 10 vozenja ne e so rok od 15 dena. Dezinformacii koj site gi kazuvaat se nikoj nesmee da te kazni ako go koristis i posle tie 15 dena
@Avokado пишува на страната на jсп дека билетот со 10 возења трае 15 дена, така да не е тоа дезинформациja
@Viki 99 Тоа е апликација на ЈСП која може да се симне преку Appstore доколку користиш Android на мобилниот телефон. Ако имаш IOS, не може.
200 денари, ти важи за цело време, ќе си ја надополнуваш со кредит за еден месец или картичка за 10 возења.
Не ги лажете луѓето, ако ти се на електронската картичка одма ти се поништуваат, а видов жена што си доби казна за хартиен билет, тоа беше уште пред еден месец, жената не знаела. Најголема глупост им беше ова со важноста од две недели на картичкиве..
@Mr. Right Таа е персонализирана картичка со слика и при вадење мора да ја надополниш во износ за месечен билет, а потоа може да ја надополнуваш по избор. Картичката изнесува 200 ден. и има важност 4 четири години.
До Орце иде 8ца ама таа не проага на Југодрво,тие што застануваат на југодрво повекето возат по партизанска. Иначе 8ца најблиску до југодрво проага од мавровка, пред мостот со лавовите, па од влада продужува по илинденска. За друга бројка не знам ако има нека ме поправат.