Здраво, студент сум и пред 2 недели земав Скопска но не ми дадоа сина, туку некоја друга беше и ми рекоа дека е привремена и дека после 20ти март треба да ја заменам и да земам сина. Знае ли некој каква е таа картичка всушност и каде може да се замени со сина?
@kala21 Скопска е 200 ден. Дали е точно тоа дека картите за 10 возења важеле 15дена? Некој вика да, некој вика не..
Дали бесплатно возење со жичара за студенти е само во четврток или секој ден и за да се искористи тоа право треба само индекс да се покаже или мора да имаме извадено скопска картичка од јсп?
Дечки, за изгубена Скопска од оние бесплатните за студенти што е, дали има некоја инфо која е постапката за вадење нова?
@jok До Хром оди 4-ка, а ако мислиш Тинекс во Ѓорче на главна улица одат повеќе автобуси 2,5,12,60,11.
Од автобуска до Холидеј ин кој автобус оди и каде треба да се качам ? И билет од каде се купува ? Лел извинете вака со глупово прашање но прв пат ќе се возам со градски авотбус па да не се изглуипрам нешто
Нема директен автобус од автобуска до Холидеј Ин. Можеш да се качиш во 22ка и да се симнеш на рекорд, па после да се вратиш кај Холидеј Ин. Билет се купува во автобус (35 денари) или во билетара се купува картичка за 10 возења (250денари).
Имам приметено дека некои од приватниците ги пуштаат учениците, НО секогаш прашуваат на врата. Некои не им дозволуваат.
Не на рекорд туку поблиску е на олимписки и само право кај паркингот Пешки ќе стигне секако побрзо хаха