Сме поминале сите на патот по кој што ти одиш, сме завршиле сите средно и сме плаќале слободни на распуст иако сеуште сме ги имале обрврските со школото кои што ги наведе. Уживај и ти.
3, 3А, 3Б, 5, 15, 15А, 23, 27, 35 треба да се симнеш на станицата 3 бисери и има едно 4-5 минути пешки. Можеш и со 7, 17, 33 од другата страна кај бензинската окта и од таму има едно 5 минути.
Како се гледа на чудово? Не знам која 3ка поминува кај мене ама знам поминува.. Гледам на ова стално и одам тоа време на автобуска и не ми иде на време или ќе ми покаже по 20 минути и дремам 20 мин на автобуска и поим неам што се случува. Може да ми каже некој? Освен тоа ме интересира дали можам со 5ка или 15ка да одам до рекорд па после со 23 или некој друг да одам до кај државна дека таму ми е школото? Кои други автобуси од рекорд идат натаму? Извинете ве молам знам дека појма немам околу ова ве молам некој да ми каже
Распоредот покажува кога соодветната линија тргнува од почетната станица. Сето ова под претпоставка да нема дефект на возилото, вонреден режим поради демонстрации, градежни работи и сл. Воглавно, на секој автобус му треба помеѓу 1, 2 или 3 минути за да стигне на следната станица (зависно од гужва, број на патници, семафори и сл.). Така да ако автобусот тргнува во 12:00 од почетната станица а ти го чекаш 5-6 станици подолу приближно ќе му треба 10-12 минути да стигне до таму. Можеш и : - 4А (Хром - Веро 2 - Капиштец - Водњанска) внимавај оваа линија не оди од и кон Рекорд, ЗОИЛ и нас.11-ти Октомври - 5A (Ѓорче - Тафталиџе студентски дом Гоце Делчев - ВЕРО2 - Капиштец - Водњанска) внимавај, оваа линија не оди кон Рекорд, Железничка и Аеродром. - 25-ка позната и како „Милениумски крст„ (Железничка - Рекорд - Европски Универзитет до Нова Македонија а спроти Театар Центар - можеш да се симнеш на бул. Водњанска постојка кај Словенечка Амбасада - а продолжува кон Средно Водно) - 27-ца (Старо Лисиче - Аеродром - Железничка - Капиштец) ако налета на постојката Рекорд, вози до таму каде е последна 23-ка, речиси спорти зградите на „Нова Македонија„ и ЕУ. - 41А (Драчево - Кисела Вода - Железничка станица - ЗОИЛ - Рекорд - Водњанска) - 57 од Радишани преку Бит Пазар, ја чекаш на Рекорд симни се или кај Европски универзитет до Нова Македонија или 1 станица подолу (откако ќе сврти) на почетокот од Капиштец ул. Васил Ѓоргов, едно време тука беше пекарата на Жито Лукс. Сите 3-ки одат кон државна но тргнуваат од различни места, 3-ка сала МЗТ нас. Аеродром, 3А од ЕТУЦ Михајло Пупин кај Маџари, а 3Б од Кванташки пазар. Евентуално можеш 9-ка да чекаш спроти базенот (кај Југодрво) но те носи преку Стара железничка (кај Автомакедонија и дирекција на Макпетрол), па има постојка кај Рамстор Мол па Водњанска.
Знае ли некој убаво да објасни што е работата дега со овие картички, сега за едно возење како ќе се наплаќа билетот, треба претходно да имаш пари на картицата или што? Таа скопска ја вадеа со иста цена како слободна. Мене не ми се исплаќа да вадам слободна дека се возам 5-6 пати во месецот, максимум 10 и сега ова ништо не и е јасно. Плус пишува дека и во приватните авотобуси сега ќе може да си возиш само со скопска и дека ќе се изедначеле цените на билетите. Сега ни во приватен ли не ќе може да се извозеш со ситни пари??? http://www.press24.mk/izmeni-vo-jsp-ova-e-noviot-cenovnik-koj-kje-vazhi-od-septemvri
Морам да те исправам за 4А, оди од 11 октомври до Тафталиџе. Не оди веќе во Хром. Поминува на Рекорд. Не оди по Партизанска.