Знае некој кои автобуси одат по Партизански одреди, поточно од кај ЈП Службен весник, до Економски факултет?
Што треба да направам за да извадам студентска картичка за бесплатно возење? Да извадам пријава од факултет за тоа дека сум редовен студент а пред тоа уплатница од каде и како пополнета? Освен пријава друго треба?
Дали на некого му правеа проблем ако не однесе индекс туку само потврда за редовен студент? Нас индексите мисалм дека покасно ќе ни ги дадат, па дали тоа значи дека до тогаш ќе треба да чекам за вадење на слободен билет?
Ај уште ова, пошто стварно не ми е јасно, а на официјалната страница не можам да најдам одговор. Јас моментално имам студентска СКОПСКА која што кога ја куцкам пишува: Важи до 31.12.2016. Во меѓувреме не се водам повеќе како студент. Дали ќе можам оваа да ја продолжам од јануари, и како? Или ќе треба нова СКОПСКА да си вадам, и колку ќе ме кошта? Фала
Здраво девојки .. потребна ми е инфо за автобус до Ѓорче Петров поликлиниката па тука е и Македонски телеком..па ме интересира од кај автобуска или од кај бит пазар који бројчиња одат до таму за да знам ..потребно ми е хитно бидејќи не сум од ск...поздрав
22 од железничка ќе те остави одма карши поликлиниката 2 од битпазар, ама треба да поодиш, не знам дали ќе се снајдеш
Електронската студенска картичка и сега немаш право да ја користиш иако има валидност до крајот на годината. Со оглед на тоа што немаш студенски статус новата електронска ќе си ја извадиш согласно потребите за користење на градскиот превоз (персонализирана или неперсонализирана).
Што се случува сега? Може ли уште да се купуваат обичните картички? Разбрав нешто дека се укинати, а некој па ми кажа дека одредени можат уште да се купат.
@Bojana_Ilcevska Хартиените билети се уште се употребуваат во автобусите на ЈСП. Истите може да се купат само кај возачите за едно возење. Укинати се тие за десет возења.