@MagsDestiny Зашто јас не ја продолжив картичката до 31, сега што точно треба да направам? Да одам таму кај што ме сликаат, и требаше индекс и лична карта само да се приложи или како беше, да не треба некоја потврда од студентски да земам?
Сакам да идам деновиве за Скопје, кај може да си земам таква картичка, во автобусите има ли, да не лутам низ град да барам?
За обнова пак се плаќа 200 денари?Ванила не може да е со летен нели во февруари се уписи веројатно доволно е зимски. Картичкиве за 5 возења од кај шоферот имаат рок на важење,може да се надополнуваат кога ќе се потрошат или ништо не разбирам.
Зимски. Летен уште не можеш да запишеш мислам.. Инаку јас не вадев, не сум веќе студент ама правев друштво на пријателка.. Мислам рече зимски
Јас потврда земав кога запишував зимски во октомври ама ноември и декември не заверував,се надевам нема нова да бараат.Фала
Јас сум студент во втор циклус (постипломски студии) и ми кажаа дека за нас не важи бесплатното возење. Која би ми била најефтина варијанта сега кога ќе вадам нова?
Мене не ми е јасно од каде го извадија тоа дека не важи за втор циклус студии. Лани колегите од втор циклус извадија картици без проблем, а и на почетокот од семестарот, некои колеги кои прв пат вадеа картица, успеаа да извадат. Е како сега еден месец после тоа, картиците магично престанаа да важат за студенти запишани на втор циклус студии?! Глупости!!! Пола извадија и обновија картици, пола такви жални ко мене, немаат.
@blueeparadise и другите студенти кои се буните: јас ова го слушав на вести и плус додека си ја обновував мојата картичка што чув; сега веќе старата не можете да ја обновите, мора да извадите сосема нова. За да извадите нова ви треба потврда од факултет дека сте редовен студент, со вас индекс на увид, на пултот од ЈСП ќе пополните и барање, и мислам дека се плаќаше 200-300 денари (не сум сигурна за ценава) за да ве сликаат и нова картичка да ви испечатат.
Може некој да ми ја објасни логикава со рок на траење на новиве електронски билети? Ја имам билет од јавен превоз во Будимпешта од 2014 и уште важи.
И јас извадив лани, а на другарка една недела после тоа не и дадоа. Изгледа кој си извади на почеток ок, после кога им станува гужва не може. А не е фер, бидејќи ние плаќаме и најмногу. Па барем некој попуст да има...
Vazat a dali se plaka kazna od 300 den poso rokot bil do 31?dajte kazete da znam sto da pravam utree falaaaa
Каква глупост е ова со промената Јас студирам и треба деновиве да одам да ја обновам картичката или нова да извадам, како и да е, ама променава како да ќе направи уште поголем хаос. Што фалеше до сега да си купуваш во бус билет од 35 ден?
Не треба да се вади нова картичка. На било која билетара може да се надополни минимум 100 и најмногу 6000 денари и при секое валидирање се одземаат 35 денари. По завршувањето на распустот картичката пак ќе ти биде валидирана. Исто за тие што патуваат со повеќе автобуси, може да ја искористат опцијата времен билет. При влез во автобус стискате на копчето 1, ја поминувате картичката и ви се одземаат 60 денари и кога ќе се качите во вториот автобус повторно ја поминувате картичката. Значи на овој начин 2 возења излегуваат по 30 денари. Ако се качите во трет автобус ќе имате 3 возење по 20 денари. Важното е што оваа опција важи 90 минути.