Значи како што кажав е 950, секој месец си ја заверувам, со тоа што кога вадиш прва ја пластифицираат, па поради големите трошкови е 1030
оооооооооо, прво доаѓање у Cк ќе се качам не знам каде ќе одам, ама ќе се качам Kое борјче ќе дојде, тоа ќе ме вози Hикогаш не сум се возела со ваков бус, на 2 спрата, и мерак ми е да правиме сефте
Убави си се,не викам не,ама ќе се качиш ако го чекаш да појде од Железничка (или од каде и да поаѓа) За после тешко дека ќе има место,посебно од сељациве и албанците
мислам дека е само за проба, трпение до крај на год треба 80 да стигнат, секој месец нека праќаат по неколку хуху
Јас вчера ги сефтосав .. и тоа два пати Ама многу споро возеше шоферот и прежешко е внатре ... И премногу е тивко како да им е страв на луѓево и да зборуваат внатре за да не го загадат ... па кога ми се распишти телефонов не знаев на која страна да гледам ... едвај го најдов во ташна и сите ги гледам во мене се свртиле и внимателно слушаат ... кревам слушалка и јас така тивка знаете по природа па морав да шепкам ... ама пак сите ми ги слушнаа бизнисите што ги терав преку мобилен ... еее тогаш си викав зини земјо голтни ме и плукни ме во друга 5ка да си напраам муабет на раат Ама и мене многуу ми се свиѓаат .. чим сега им е внатре топло тогаш во лето ќе има и клима ... абре и шоферите се срцки Да ги грабнеш и да бегаш
Не ти треба потврда за редовен студент, ти треба само барање за слободна, кое се зема од секоја трафика на ЈСП по цена од 2ден ! Тоа барање треба да го завериш на студентски заедно со една слика, така што половина од печатот ќе биде на барањето а половина на сликата. Откако ќе го завериш, го носиш барањето во било која трафика и таму ти вадат слободна. Како што кажаа другите Феминки, првиот пат е 1030 ради картончето а потоа секој месец 950! П.С. Во контекст на муабетов за ЈСП, пред некој месец вадев слободна и им носам барање испринтано од сајтот. Тие бабите испоставани у трафиките појма немаат ни дека постои сајтот, ни дека може да се симне барањето од таму па коа почнаа од кај го најде, зошто вакво, не може вакво бла бла.. после кај мене успеав да најдам една пософтицирана жена која ми го завери. Свашта!
Слушнавте? Ќе имаме уште еден пеколен ден. Бидејќи нели ќе има избори, милите и драги пензионери и вторник си го добија за бесплатно возење
За жал слушнав Кај секој петок гледам дома да си останам да не идам на предавања,сега ќе треба и секој вторник да го преседувам дома и на крај нема факултетот да го завршам од пензионериве
Епа има две можности: - или ќе се намали инвазијата од пензионери зошто нема сите да се туткаат во петок, некои ќе идат и во вторник...(да се надеваме) - или ќе си прават бесплатни тури низ Скопјево и вторник и петок, ама онака сите можни пензионери Едвај чекам да пристигнат двокатните, ако не друго барем нема да можат горе да се качуваат
А јас слушнав дека ќе се дискутирало за бесплатно возење за пензионери пет дена во неделата Може е дезинформација, или не сум разбрала добро... но како и да е, избори се ближат, а се знае кој гласа
Како почнаа , прво петок па и вторник . Нека не не мачат , нека им ја дадат цела работна недела . Бог да чува ..
не не... Само една работа сакам. Овие министриве кои се така паметни само да дремат у собрание и да донесуваат закони нека го кренат малце газот и нека се возат у автобус у петок. Да видиме тогаш дали ќе им текне да дадат уште некој бесплатен ден
Па само пензионерите останаа единствени кои можат да ги манипулираат и да им купуваат гласови. Не ме чуди воопшто, дури и гласно си прокоментирав кога слушнав, па нормално е кога избори се ближат
Во автобус од старците се слуша само, Ех Грујо наш, ни даде беспари да се возиме, па нови автобуси, туф, туф Затоа ние ќе патиме, што мораме да се возиме со автобус секој ден...
мили мои ви посакувам многу среќа утре на пенизионериве им е прв вторник, кој знае колку се возбудени сигурно уште од сега се спремаат по дома бабичките се фарбаат, дедовците се бањаат јас искрено се надевам ќе им дадат цела недела нема шанси да можат да излегуваат секој ден а вака како им ја наредија работата искачаш во вторник, среда и четврток се одмараш па ајде искачаш во петок и викенд плус понеделник за одмор да ви кажам право си се плашам за животот утре, претходниот пат ме потепаа во автобус а да искрено до двојче и мирисаше на Spoiler мочки
Луѓе има ли некој објаснување зошто новиве автобуси испуштаат пискав звук нешто во стил како отворена врата што свири у кола или не ставен ремен Јас денес се возев во 7ца и незнам како шоферот не полудува цел ден да го слуша тој пискав звук