Најново од ЈСП- Продолжувањето на важноста на бесплатните студентски билети и бесплатните билети на лицата од возрасната група на граѓани (над 64/62 години) не беше ограничена со 31.12.2016 година. Овие корисници можат да си ја продолжат важноста на картичките во било кој период на година. http://kurir.mk/republika/skopje/za...ichki-i-noviot-nachin-na-plakane-na-biletite/
А за ноќни линии како ќе биде? За студентиве бесплатната важи до 23 часот после како друга картичка треба да извадиме или? Затоа што пишува хартиени навечер нема да има веќе како ќе плаќамае 40 денари?
Вака сега јас не сум студент веќе и старата картичка ми беше студентска и како да ја продолжам кога не сум студент?Нова да извадам?
Ќе си ставиш пари и ќе ти одземе. Барем мене ми одзема а имам месечен билет. Веројатно и за студентите исто работи системот Со оглед на тоа што можат да се менуваат категориите на билет на персонализираните (1 билет, 10 возења, месечна итн) оди, стави пари или завери месечна и ќе ти ја сменат категоријата
Имам слободна за гратски линии и картичка за 10 возења за гратски. Треба да се качам во селски автобус после кај Веро Џамбо. Таму ќе ми ја куцне апаратчето мислам, ама во случај на контрола прпблеми ќе има така? Не ми се даваат 150ден.за едно возење
Да, картичката нема да се валидира во приградска линија бидејќи возењата ти се за градски линии. Можеш да надополниш 100 денари и ќе ти одземе 35 денари за пригратскиот автобус.
Можеш да ја куцнеш и ЌЕ ти земе 1 возење НО ако ти се качи контрола откако ќе почне пригратска зона, исто како да немаш билет. Во превод, јас се возам со 53, 52, 63, 62, 66, 68 и сл. ама до кај мене до Маџари. Ако ја поминам рампата кај Хиподром кон Трубарево или кон Илинден исто како да сум без билет.
Добро утро! Ќе прашам нешто и сугурно ќе биде глупаво ама ништо не ми е јасно. Ова го прочитав од линк што е поставен во темава (Електронската картичка која е неперсонализирана со назнака Скопска која чини 150 денари само овој месец промотивно дава можност за 5 возења, додека од следниот месец оваа бројка ќе биде сведена на две возења но можноста за надополнување останува. ) Што значи ова, за 150 денари само два пати се возиш????? Јас немам картичка, сакам да извадам, неперсонализирана, колку ќе ме чини и колку возења имам? Ве молам некој да ми објасни, навистина не ми е јасно? Не беше ли нешто 150, 200, 250 денари и имаш 10 возења? Ви благодарам многу!
Купи си сега од автобус и после ќе ја надополнуваш@Mishela истата картичка важи и за приватните,само што шоферите повеќе внимаваат дали ќе ја куцаш или така ќе си влезешсведок бев минатата недела во 9,шоферот вели ова е мој автобус и јас сум контрола
@Вереничка сега месецов ако ja купиш картичката, ке те чини 150 и ке имаш 5 гратис возења. Од февруари само 2 возењагратис ке се. После ке си надополнуваш по потреба. Има опциja 10 возења 250 денари, со што треба да ги искористиш за 15 дена инаку пропагаат
Еј многу ти благодарам! Уште малку малтретирање од моја страна Значи тоа две, пет се гратиси всушност? Надвор од регуларните? Како и да е мене ме интересира таа за 10 возења од 250 ден. Или освен оваа, која ми е најисплатлива варијанта? И што е тоа првиот пат чини 400-450ден, такво нешто имам слушнато?
@Вереничка да да тие 2 и 5 се гратис. Само што овоj месец имаш 5, од другиот 2. Ако го користиш jавниот превоз таа опциja од 250 денари за 10 возења е наjисплатлива. Инаку по 35 е едно возење. За тоа 400-500 денари не знам, немам слушнато jaс.о П.с да се дообjaснам. Со купување на таа картичка од 150 ги добивате гратис возењата.
Ок уште еднаш ти благодарам! Да не прашувам таму и онака не се нешто многу љубезни и расположени, вака барем одам и знам што да побарам. А тоа 400-500 демек прв пат дека купуваш картичката ја плаќаш или така нешто..
@Вереничка и тие самите не знаат што како, не па да обjаснат. П.с картичката можеш и во автобус да си ja купиш, па после во билетара ке си надополниш само.
Имам персонализирана картичка која ја користев за месечни билети.Сега ме интересира дали истата можам да ја надополнувам пример со 500 ден и да користам превоз? Моментално не ја користам за месечно возење па поради тоа ме интересира дали ми е во функција ако си ставам одредена сума на пари