Не разбирам која е потребата од нив, освен што на Јсп беа поубави автобусите. Јас редовно се возам со 19ка, редот не им го знам како што викаш но затоа се многу чести за разлика од државната 19ка која за цел месец ја видов со очи само два пати. А гледам и приватната 9ка е доста честа, на 5-10 мин ги има.
@Snow-Queen @Kitten Во врска со отстапувањето на некои возни линии од страна на ЈСП на приватните превозници станува збор за одлука на Град Скопје за која јавното претпријатие е надлежно да ја почитува и спроведува. Возниот распоред кој е истакнат на интернет-страната на ЈСП важи и за линиите 9-ка и 19-ка, како и останатите автобуски градски и приградски линии кои се под ингеренции на приватните превозници.
Ако се качам во приватен автобус, може да платам со пари на шоферот, или мора со картичкава? Зошто утре планирам да ја вадам, и не ми се даваат 150 денари само за едно возење до факултет.
Незнам дали може, ама во тие 150 денари имаш 5 гратис возења, мислам дека треба да ги искористиш во текот на месец јануари.
Таксито беше луксуз, сега и возење со градски автобус иде натака. Во известувањето пишуваше дека само јануари е со 5 возења, од нареден месец само 2. Значи доколку некој треба да смени автобус ќе му требаат 300 денари. Пример од Ченто до Сити мол.
Прочитав некаде ова за приватните ке било пробно 4 месеци па после ќе се одлучи дали продолжуваат електронски или се враќа стариот начин за наплата.
Поголема глупост од ова Јсп што направија мислам дека нема. Разлика во цени,укинати линии,споено со приватни,да неможам за еднаш да се качам во автобус. Порано користев нонстоп автобуси ама сега веќе не се возам затоа што каша попара мислам дека направија со овие картички и глупости. Се знаеше порано државен и приватен,ако ти е за еднаш качи се на приватен спреми 25 денари и готово,ако се возиш нонстоп картичка со 10 возења и кога сакаш си ја користиш и колку сакаш знаеш дека си ја имаш во новчаник. Немам коментар страшно е ова.
Денес пола Скопје го поминав за да ме сликаат за Скопска, на едно место принтерот не им работел, на друго место исто, на трето камерата не им работела. На прашањето кога ќе проработат, сите дигаа со раменици. Во автобус карта од 150 денари од шоферот не може да се купи. На враќање ме фати контрола и му кажавме дека не може да се купи карта од шоферот, а вака не можам да се сликам. Може ли денес да се возам со туѓа Скопска, зошто друго решение не гледам? Ако немам Скопска ќе ми лепнат казна, ама па оваа е на мајка ми. Жими се вријам од нервоза со глупостиве што ги направија...
Леле ова јсп толку го направија ужасно. Во државните искрено гајле ми е и онака само пензионери се возат таму, ама барем приватните да не ги дираат. Нигде во светот не е како кај нас, секаде имаш билет за едно возење и тоа да знаете поевтино од кај нас. Само кај нас некој ако треба да се вози по потреба ќе плати 150 денари за две возења или 75 денари од карта. Срамота, прескапо е.