Ако не влегува контрола во приватен, тогаш сигурно може да му дадеш на шоферот 25/35 денари сигурно нема да те одбие, ако нема контрола
Сега ми кажаа повеќе другарки дека не сум морала да се сликам, туку само да ја дадам старата Скопска да ми ја продолжат... Ама јас прочитав на едно соопштение дека тие што не ја продолжиле до 31ви треба да се сликаат одново и да платат 200 денари. Ако за џабе го поминав пола град да се сликам, убичу се.
Која глупост се новиве електронски картици, тоа е чудо... Уплаќаш 250 ден за 10 возења и ти траат 15 дена... Што ако немам потреба од толку возења... Зошто да ми пропаднат за џабе тие неискористени вожњи...
Па купи си временски неограничена картичка и нема да ти пропаѓаат, ќе ги искористиш кога ќе можеш. Само така едно возење ќе те чини 35 денари, а не 25 како во случајов.
Јсп немаат линии за Маврово ама можеш да прашаш на автобуската станица од овие меѓуградскиве автобуси дали возат до Маврово и кога има затоа што може и да невозат заради снегов. http://m.sas.com.mk Провери на сајтов имаш и бројче да се јавиш.
Некој имаше пишано по порталиве зошто да траат картиве со 10 возења по 15 дена па не е тоа млеко тетрапак со рок на траење.
Ајде ги изедначија приватните со државните и удрија и 15 дена рок да мораш да ги искористиш. Сега слушам, 150те денари за пет возења ќе ги направат 150че за 2 возења. Наздравје! За пензионерите бар молам да има бесплатно возење секој ден. И триста нека биде после за две возења. Предлагам и да се побара од следниот премиер... да ги развозува тие што работат за минималец со мерцедесот. Ко и невработените кои секој месец се пријавуваат во АВРМ,ко и што знам... you name it кои други категории.
Вчера во 2 автобуси немаше карти за продавање никакви,прашав на продажно место и таму немаше.Кажаа дека само ако имам скопска можам да ја надополнам.Ако не не знаат како да ми помогнат Дива лига е не се знае ништо и сигурна сум дека има многу кои се возаат туку така,без да платат без картички... Направија хаос...
Во билетарите има, вчера земав jас. Во автобусите може и да нема. Понеделникот сакаше маjка ми во автобус да купи, немаше.
Имаш вкупно 4 станици вклучувајќи ја и рекорд и автобуската на млечен каде што треба да се симнеш,значи рекорд 1 па кај католичка 2 па беверли 3 и 4 на млечен
Значи овие јсп се ужас од фирма,свесни беа за све што ке се случува со електронските картички,свесни беа дека треба 3-4 милиона картички за сите граѓани на државава(затоа што некој ги фрлаат картичките кога ке им се испразнат и купуваат нови,некој се возат 1-2 пати месечно и итн примери),намерно сега немаат картички никаде,за да пишуваат казни да ги горат луѓево,за како и секогаш народот плаќа државни кредити УЖАС.
Јас се возев со пријателка во Јсп.. јас имам месечна заверено, а таа никаква... И нормално, отиде да купи кај шоферот ама карти немаше. И ни влезе контрола, му кажуваме вака и вака..тој се запнал казна ќе и пишувал И како што таква мајка ме родила, кавгаџика, фатив да се карам со нив.. што сме ние криви што нема неперсонализирани во автобусите? И на билетарите? Прашував пред некој ден на партизанска и на железничка, немаше Па тој се правдаше како не им било гајле што немале карти, ние требало да си набавиме секако.. Па откако покажав заби, дури и ни се извини... Така да, ако ви влезе контрола не прифаќајте казни колку и да ви се закануваат. Една жена пред некој ден ја симнаа од автобус за казна да и пишат, се расправаа пола пат, па женава рече се симнувам јас а вие што сакате правете..и овие по неа
Не треба да се сликаш и не треба да платиш ништо. Одиш со старата електронска картичка, индекс на увид, потврда за редовен студент од зимскиот семестар и барање пополнуваш на лице место, јас кога бев немаа барање па без барање поминав.