Картичката ја купуваш 150 денари и ја надоплнуваш, не треба на секое да се вади нова картичка, а акцијата месецов 150 денари со 5 возења, а нареден 150 со 2 возења е за сите да извадат што побрзо и од нареден месец ке настрада некој што ќе сака да се качи само еднаш во градски. Иако сигурно и наредниот ќе продолжи со 5 возења. И после само се надополнува што е исто едно возење 35 денари.
Глупоста со немање Неперсонализирани картички за автобус е следна. (Мене не ми е јасно кој им е маркетинг "мозокот" на ЈСП) картичките во Јануари беа 150 мкд со 5 гратис возења, доколку сакаш да надополниш уште 5 би те коштало 175 мкд, затоа што 5х35 нели, и нашите корисници, (на Балкан не се пие чај), си пресметаа дека поефтино им е да си купат нова со 5 гратис возења. И сега дефицит со картички, па дефицит кога ви е глупа стратегијата, давај гратис ама и надополнувањето намали го на 25 мкд за да не се случи тоа што неминовно се случи ДЕФИЦИТ.
Веќе нема да има картички со 5 возења,тоа беше само промотивно,сеа ке има промоција за купена картичка од 150 денари две гратис возења,а од март па натака ке кошта картичката 150 денари,без гратис возења.
Дали некој има поим како треба да гласи изјавата од родител која што треба да се завере на нотар за изгубена средношколска слободна? Прашувам затоа што не ми се даваат 650 денари за нотарката да ми испринта готова изјава и ја завери, а 120 денари доколку сама ја напишам а таа само ја завери
ЈСП се многу смотани. Треба да се здружат со Рамстор и Веро и картичката за возења да важи и таму, пошто никој не фрла Рамстор и Веро картичка.
Мене ме интересира нешто а немам време да прочитам се тука така да ако е поставено прашањето се извинувам. Имам картичка од 10 возења,е сега доколку се качам во автобус после 00h ќе можам ли да откуцам со таа картичка?Зошто нели сега нема во автобус да се купат карти или за после 00h има?
Картичката за 10 возења не важи за полноќниот возен ред. Ако имаш потреба од таква, треба да земеш полноќен месечен билет од билетарница по цена од 400 ден или да надополниш за едно возење по цена од 40 ден.
Здраво на сите, се брзам не можам да ги читам мислењата нагоре, извинете, затоа ве замолувам ако може и знае некој да ми каже како иде процесот за вадење нова слободна картичка, ја изгубив мојата од средно училиште што ми беше дадена.
Само со картичка ли може да се вози? Јас сум од друг град и немам време да вадам картичка , дали може да си купам само билет за возење или преку телефон имаше нешто да платам?
@Baby-bubu неперсонализираната има неограничен рок или пет години(затоа сите си купија по 10 и ги снема).Ако ја надополниш со 10 возења од 300 денари за приградски, 250 денари 10 возења за градски линии мора да ги потрошиш за 15 дена или ќе ти пропаднат,се брои од денот на првото куцање,ќе им нагласиш во билетара дека сакаш за 15 дена(овие за 15 дена излегуваат 5 денари поефтини) Подобра опција ти е 350 денари за 10 возења со неограничена важност за градски и приградски линии ако ги употребуваш дветеможеш и помалку знаеш веројатно,ама се распишував @anonymousgirl03 да само со картичка,со мобилен може само ако си на т мобиле 40 денари е карта така.Ако имаш познаник од Ск да ти најде неперсонализирана картичка па само да ја надополнуваш за да не ја плаќаш 150 денари
Колку што знам само 9ка и 19ка државна ги укинаа, сите останати возат со ист возен ред, ништо помалку. Приватните се само плус, имате поголем избор кај да се качите.