Секако ова беше една голема глупост. Кој си се вози секој ден со автобус си искористил два дена гратис, ама остантите господа нема шанси да ги натераш со автобу да одат. Се знаеше дека така ќе биде. Празни автобусите.... Колите ќе избегаат од гаража. Најлогично ми изгледа пар-непар да воведат, ма да сами луѓево ако не водат сметка за сопственото здравје кој им е крив.
Како што знам студентските слободни не важат за во ноќни, така ? Е сега, прашањето ми е, дали тоа сериозно јас треба да извадам цела картичка од 150 денари за да ја куцнам еднаш во ноќен автобус со којшто се возам еднаш у 5 месеци и после да ми пропаднат парите ? Дали се сериозни ?
Не важи студентската ноќе. Јас мислам поисплатливо е да си платиш такси за тогаш, што знам... Пошто како направија сега ЈСП е поголем луксуз него такси
Сериозно не им е осмислено со ноќниве линии и со плаќање единечна карта! Неможе некој да ме условува да симнувам апликација за да платам со мобилен
И сабота некои Слободните никогаш не важеа за ноќни. Ќе си купиш од 150 ден и нема што да ти пропаднат возењата. Ќе ги искористиш. Рекоа дека немаат рок на траење овие 2те возења гратис што се
Ке може ли некој да ми каже која е процедурата за вадење на студентска слободна мислам кои документи ми требаат?
50ден е ноќниот од мобилен Треба да активираш моби пеј (мислам така се викаше) па после плаќаш со ѕвонење. Го има бројот во автобусите, ама само за Тмобиле е 185 е бројот, сега видов
Јас ја користам бесплатната студентската и навечер за ноќни линии а гледам и сите други ја користат никој ништо не ми кажал барем до сега.