Не, тие што ги имав се неограничени и така и си полнам без рок да има, ама јас се возив со нив истиот ден значи ми пишуваше уште за 2 ,, незнам нешто крадат, некој луѓе немаат ни за едно возење пари а тие си крадат, се мислат да бидеме како во Америка ,, џабе кога само гледат да не крадат!!!
Штом си надополнила уште возења, тие две гратис возења ти се поништуваат. Кога надополнував возења, дојде ден шофер во ЈСП и кажуваше на едно девојче дека ако надополниш возења, а тие гратис не ти се искористени, кога ќе ја куцнеш картичката тие пропаѓаат.
http://www.jsp.com.mk/jspinside.aspx?page=17 Мора да има дежурниза сигурно можам да ти кажам само за тобакото спроти влезот на Клинички центар 24/7 работи.
@infinity6 луѓево не се доволно информирани. Ако сакаш 10 неограничени возења, ќе ги надополниш во пари. Односно, ќе кажеш сакам да надополнам 350 денари (возење е по 35 денари).
@Mishela а да побараш некое локално продавниче кое работи во недела, а може да се надополнува Скопска таму?
Јас надополнував, а имав гратис две возења. Кога куцнав се појави дека имам уште едно, на второто куцање ми покажа дека имам уште 5, онолку колку што и надополнив. Ги искористив и гратисот иако надополнив, така да... неам поим што праат, ама и тие изгледа не знаат што прават
Вчера мајка ми имаше преостанато 2 гратис и праша во билетара дали ако надополни ќе и останат, вработената и рече дека ќе и останат, дека ништо не пропаѓа. Надополни уште 3 возења, па кога ќе се вози ќе видиме како ќе покаже апаратчето.
Немам време да читам, само да прашам дали директно во автобус може да се купи некаков билет, да се плати, или мора преку мобилен?
@prominent Во автобус може да купиш електронска картичка во износ од 150 ден.само не знам дали се уште има на неа бесплатни билети. Истата се надополнува во билетарите. Ако немаш потреба од често користење на градскиот превоз, подобра опција е плаќање преку мобилен по цена од 40 ден. за едно возење.
Фала ти. Значи можам директно во автобус да купам, па кога ќе ми се потрошат тие возења на неа (колку и да се) да ја надолопнам?
А за нас студентите што имаме бесплатни годишни картици како оди со ноќните автобуси? Дали надополнувам ноќни возења на таа картица што веќе ја имам со бесплатни возења или треба нова да си извадам што ќе ми биде само за ноќни карти?
Јсп со новиве електорнски картички направија тотален хаос,кај што не им е досмислено убаво со електронскиве,немаат многу места за надополнување,нема каде да се купи електронска картичка.Вчера сум идел 3 саата пешки од еден крај на градот до друг крај на градот да наполонам возења и на крај не работеше трафиката,значи со еден збор КАТАСТРОФА И БРУКА.