Многу сакам кога се возам со стара двојка. Тоа ме потсеќа на напредокот на државата. Однадвор крш. Одвнатре крш. Ама има електричен апарат за наплата.
Дечки, дали некој знае дали линијата 118 (за Визбегово), поминува низ градска болница кај пазарчето или врти од кај Мавровка и од таму се уклучува на Партизанска?
Биле, ама веќе не се. Дознав од 3-ца колеги уште минатата недела кои биле во ноќни 2, 24 и 22 каде им правеле проблеми возачите.
Што се нема да направат ЈСП само за да ги нервираат луѓево. Кај направија проблем со картичките, па и помалку автобуси има. Безобразни.
Не им кажале ништо, им се развикале само.. Така да најубаво е да се отиде во некој од пунктовите на ЈСП и да се праша што да правиме. @baruhhh не е бесплатно возењето, погоре го коментираме истото.
Дали студентските картички важат во приватни автобуси? И Ако некој нема никаква картичка, а мора да се вози еднаш... каква картичка треба да извади и каде?
Средношколка сум и ја изгубив слободната, како може да извадам нова? Ви благодарам однапред на помошта
Порано се возев секојдневно, далеку ми беше работата. Сега ми е многу блиску и повеќе не. Се немам качено во автобус од почетокот на годинава. За претходната имав слободна и откако и помина важноста повеќе не ги користам. Многу ме нервираат измениве, немам време да трчам и да надополнувам кредити. А и билетот за десет возења што го ограничија на само две недели. Супер беше порано кога хартиеното билетче со десет возења траеше неограничено.
Ќе може ли некој да ми објасни како се стигнува до Матка со ЈСП? Колку што сфатив 60ка оди до таму, но дали поминува низ Центар, т.е. накај Железничка?
низ центар не поминува автобусот со број 60 тој оди Матка, Г.Петров, пото по Партизанска , мост Гоце Д Делчев , врти десно кај мавровка потоа лево кај Веро и стигнува кај транспортен центар. Автобусите се доста ретки така да препорачливо е прво да го погледнеш распоредот на сајтот на јсп пред да тргнеш како не би чекала долго. П.С, за накај Матка трасата е иста само обратно