море и тоа како испуштаат таков пискав звук. Јас скоро секој ден се возам на идење и враќање од работа со нова 5 ка и така цело време пишти нешто тивко мислам стварно ако се задлабочиш во него вади од такт
Најубаво да направат нон-стоп без пари да се возат, па нема да има преоптеретеност. Па нека пуштат срце мајку му
Мислев на кампања НИКОЈ да им даде денар во овие денови. Не само пензионерите. Нема место, зошто да се плаќа карта? Плус тоа, зошто да се дискриминара.. Некој бесплатно да се вози некој не..
Затоа што останаа само пензионерите кои можат да ги манипулираат пред избори. Ми се повраќа колку е апла проѕирно и одвратно.
Е тоа да, ако веќе ги манипулираат, барем ние да не трпиме. А реално, ако некој заслужува и треба да се вози без карта да плаќа се студентите. А не овие со пензија, па од чиста мира да си се развозуваат...
Ужас беше денес кога одев во школо . Како сабајлечки фатив столче не знам ама секоја ми чест Смешно ама па и жално ми беше кога се наредија неколку до мене како демек чувство на кривица ќе имам ако не станам . Нека ми извинат ама ако во 7 ипол сабајле начекам празно место , на никој не станувам
Леле страшна работа кога ќе дојде вторник и петок не ми се влегува...башка добиваш гратис парфем кромид или лук-сакал нејќел едвај чекам да слезам оти верувајте снемувам воздух и ќе повратам,па одозгора и се бунат како тоа за нив да нема столче да седнат шоферот им одговори-сите се патници,они плаќаат башка...... за него....и ако веќе одлучуваат да се вози некој без пари,и ако толку многу им требаат пензионерте пред избори,може да направат еден ден бесплатен за нив,еден за студенти...студентите се тие кои не земаат никакви примања,ако не се од ск,плаќаат по студентски,станови,партиципации и книги,а пензионерите се со пензии и не се за жалење
Е значи денешниве деца немаат култура. Не сум за тоа да се станува буквално на секој старец, но има некои кои навистина не можат, а имаат потреба да излезат. Минатиов петок цел автобус седнати средношколци, се качуваат старци, а децава гајле немаат. Уште еден малецок збори леле пензионериве кои кретени се, без култура се. Не знам кој беше без култура? Па и мене ме нервираат тие кога одам на факултет, а немам место да седнам од нив, и мене тие ми пречат што некултурно се бесат, кажуваат некултурни зборови и мене ми пречи нивната музика од мобилните итн. Па не личи старец на старец да стане , а дете да седи.
е сега ми текна зошто во новите автобуси е позабавно, особено на тие 4 те што се гледаш лице во лице. море паметна е владава со новите автобуси, мислел грујчо на другарувањето. Значи нема кога и да седнам на тие запознавам ново другарче полот не е важен, важно е дека ќе си се насмееме, прокоментираме нешто и на крај ќе си речеме пријатно абе исто како да се познаваме цел живот а можеш ли да молчиш и да се гледаш очи во очи со некој неколку станици ?? секако не... ако е машко спроти тебе погледот ти шара едно незгодно пусто каде да го гледаш па почнуваш од косата ок фаќаш некоја забелешка, се симнуваш надоле по врат гледаш дали има белег или не погледот ти паѓа сакал не уште подоле па ја приметуваш изгужваната блуза и веднаш маркираш дали иде дома или во град се симнуваш односно пропорционално ти се загледуваат очите на панталоните и незгодниот дел и тогаш вртиш глава затоа што сакала или не ќе те примети и полека се враќаш во нормала и гледаш што носи надоле. Како и да е после цела анализа гарант некој ќе се симне важно да ни е забавно
Морам да постирам нешто што се однесува на новите автобуси кои ги пуштија ЈСП. Многу добро кажано "Благодарам на/до сите граѓани на Македонија за оваа донација." Но, да се разбереме една работа, или да ја дебатираме ако сакате. Новите скопски автобуси се донација од сите македонски граѓани кон сопствениот главен град и кон граѓаните на... Скопје. "Благодарам до сите граѓани на Македонија за оваа донација." На автобусите, сметам некоректно и помалку заблудно пишува "Донатор: Влада на РМ" Владата неможе да донира пари кои народот и и ги дал (Буџетот) на сопствената држава. Тоа може да се именува домакинско распределување на средствата од буџетот, но не и донација. Владата би можела да донира на пример во Јапинија, тоа е донација, но не и ова. Го поздравувам овој потег кај нив, но и една порака до владата, да внимава на тоа со чии прдуви се кити. Благодарността да ја стави и именува и на правото место. - до сите граѓани на Македонија.
Да, и мене тоа ужасно ми бодеше очи. Ако сите си скратиле од платата за новиве автобуси, да, тогаш е донација Ама мислам дека не беше тоа случајот. И толку лицемерно тоа го истакнале
леле значи старциве се неподносливи..има некои што стварно имаат потреба да излезат да отидат до негде..ама 70% од старине идат у најголемите гужви без врска..колку да се прошетаат..и само се караат..стварно нема смисла..некој мртов уморен сендал..а они уше горди фино лепо ќе те станат..демек стари биле не можеле да стојат..па кај тргнале да шетаат тогаш..многу идиотски од нивна страна..неам коментар..
ЈСП мило крвоточе на нашиот помил град, двокатен автобус 15ка, и автобуска линија 15А која ќе минува низ Илинденска директно пред Зоолошка кај роднините! ЈСП - изненадуваш
Ех на 15ка... Јас не се возам со 15ка ретко... Ама дека помала фреквенција е затоа ваљда таму го ставиле
Една баба во петокот ми вика: -Аман бе девојче, тргни ја тоа ташната, мајку му стара! Веќе аманте со тие ташни! Не и преќутев: -Кај ви станувам, па и сакате раноецот да го тргнам? Гледајте си своја работа. И некако се заќуте. Сварно се безобразни.