Ако има некој од Топанско да ми каже 20ка автобусот каде точно застанува и дали воопшто има станица кај бензиската тука баш пред циганите кога оди од шутка(кај големиот паркинг)? На другарка итно и треба инфор мација не и застануваат
Слушнав немало карти за автобусиве, со картичка се плаќало точно ли е тоа? Јас многу не се разбирам не сум од Ск. Деновиве планирам да одам за Ск, ама ќе треба со јавниве автобуси да се возам порано плаќав карта сега незнам како е. Некој којшто е по упатен во овие работи нека ме просветле
Дали може онлајн да се надополнува картичката и дали има начин да се исто, онлајн, провери нејзината состојба?
Се купува картичка од 150 денари. Имаш гратис 2 возења. Можеш да ја купиш во билетара или во автобус. Кога ќе сакаш да надополниш возења, имаш 2 начина. Прво - можеш да надополниш билет од 10 возења. На тој начин возењето ти е 25 денари. Овој билет е ист како онаа картичка од 10 возења. Мораш да го потрошиш во рок од 15 дена (пресметано од денот на прво куцање на картичката). Второ - можеш да надополниш возења и да ти биде рокот неограничен. Се надополнува во пари. Минимум 100 денари. Ама едно возење е 35 денари. Значи, цената на возењата е иста, само што сега се е електронски. Картичката не се надополнува во автобус. Само во билетара или во тобако.
На железничка имаш апарат на кој можеш да си надополниш самата, доколку не најдеш отворена билетарница.
Feminki mozete da mi kazete kaj tocno se naoga zavod, treba da odnesam potvrda za redoven student I so koi bus mozam da otidam.
@jagotka123 Ако прашуваш за Агенцијата за вработување, се наоѓа во Капиштец, улица Васил Ѓоргов. Единствен автобус кој поминува таму е 57. Од рекорд, тоа се уште две-три станици. Објектот лесно се наоѓа затоа што е низок и обоен во розова боја, а и станицата е токму таму (од десна страна).
Кои автобуси одат од Рамстор до Бит Пазар? Која е најисплатлива опција со картичкиве? Бидејќи ми треба само за оваа релација автобус и за еден ден. И може ли со една картици двајца да платиме - две возења? Се искомплицираа со картициве...
Со една картица не може двајца. Може најисплатливо во твојата ситуација да ти е со мобилен доколку си на Телеком, 40 денари едно возење. Инаку картиците ти се 150 денари со две гратис возења, после само си надополнуваш најмалку 100 денари. Инаку колку јас што знам нема автобус од Рамстор до Бит Пазар, треба да дојдеш до Партизанска па со 2,19. Нека ме поправи некој ако грешам.
Од Рамстор до Бит пазар 50,57 да чекаш на автобуската пред Тутунска банка што е или 9 на автобуската кај "Станица 26".Ако сте двајца и немате картички за возење најдобра опција ви е такси
@cresa-jagoda @kala21 ви благодарам. Заборавив дека можеше и со мобилен. Таман на Телеком сум. На кој број се ѕвони само и да не треба претходно да активирам нешто?