Ве молам итно за инфо., дали постои уште таа трафиката пред градежен од јсп и дали таму на картичката можам да надополнам кредит?
Здраво Дали некој знае дали студентските билети ќе важат преку цело лето? Кога ќе ја куцнам, пишува "важи до 31.12.2017", ама овие од јсп ми се малку несигурни Поздрав
И јас сум во истата дилема. И мене ми пишува до 31.12. и по некоја логика би треба да важи. Студент си и преку лето т.е. студент си се додека не дипломираш.
@Rebecca_R @VivienLeigh Важат летоска ја користев цело време, никој никаков проблем не ми направи Леле ко вработена во ЈСП се осеќам
Фала ти. Не е мал проблемот, 1000 денари е. Кога беше 200 денари казната не се распрашував вака, а и контролата не беше строга, иако еднаш си платив 200, се реши чичето да ми пише казна.
Преска сакав да одам со автобус некаде, најблиската трафика кај градежен не ми работеше па решив да платам од тел. На претплата сум на one, како што беше објаснето на таблата во автобусот прво пишав порака со START на дадениот број по што ми стигна и повратна дека сум регистрирана за користење на мобилно плаќање во јсп. Потоа завртев на 185, добив некој сигнал или што и да е (ужасно пиштеше). Мислејќи дека тоа е тоа го доближив тел. на апаратчето но ми излезе на екранот да се обидам повторно. Пробав уште 2-3 пати и ништо. Не ми наплати најверојатно, не ми ни стигна порака дека е платено. Срам не срам се извозив до кај што требаше така, среќа не влезе контрола па и со тие да се расправам. Што е проблемот, каде грешам и зошто не ми успеа?
Само тие што се на Телеком може да плаќаат преку мобилен Spoiler http://dnevnik.mk/?ItemID=97D32BC3DA4E4C49AE73388DDC06AFBD
Баш сега барав по интернет, треба да е и за оне/вип пуштено, така пишува. А и возачот го прашав, ми напомена дека единствено разлика е тоа што тие на т-мобиле не мора да праќаат порака со СТАРТ за активирање....Не знам стварно што е работата...
Студентскиот билет до пред една недела важеше за ноќните линии, но денес не сакаше, дали ги укинаа за ноќниве линии?