Леле глупости невидени новиот изглед на ЈСП. Иначе распоредот не е точен или на ЈСП апликацијата на мобилен или на веб страната што им е . Имам апликација симнато ЈСП Возен Ред и таму пишува за еден бус дека трга во 19:35, а на лаптоп кога пуштив јсп пишува дека трга во 19:50. Кое не е точно сеа??? По кој распоред да се водам? свашта
Нема крај на глупостите нема. Пред неколку недели одам и да платам со картичка немав во мене доволно и таа на билетара некултурна ,нека биде среќна што не бев нервозна имаше пуздер да ја направам пред мене имаше дечко дополнуваше таа на телефон бла бла си збори мука нема!Тој ја прашува нешто ова еднавј му одговора СРАМОТА СРАМОТА немам коментари . Доаѓам јас на ред и давам картиците ми вика не работиме со картички и си продолзи да си збори на тел си земав картиците си искочив и во себе ја пцуев и колнев.На јсп страната одма им пишав и ги прашав дали е возможно вакво нешто и дали вработените треба да имаат кодекс на култура и дали може да зборат на тел воедно и да си работат???Другиот ден одам во истата билетара друга вработена,давам картицата и пари и гледам на стакленцето пишува не работиме со картици.БРАВО УСПЕАВТЕ 10 БУКВИ ДА НАПИШЕТЕ БЕЗ ДА ВЕ МРЗИ!! Друго не ми е јасно што им е со располоредов???Никој не може да се снајде ни старо ни младо па дали јсп се нормални ??? барам за 15ка од карпош и ми дава од н.лисиче на тоа другото кликам пак од н.лисиче. Стават распоред кој не функционира. СРАМ ЗА ЦЕЛА ДРЖАВА СЕ ,прават нешто без да пробат дали работи и дали е во ред. Немам коментар ,нервите ми се при крај
Абе новиот сајт и не е толку лош, ми се допаѓа што пишува на секоја станица кога ќе биде автобусот, ама не е океј што не може да се отвори возниот ред од browser од мобилен!! Посебно затоа што апликацијата е лом. Таму не можам никако да најдам распоред за автобусот, кога ќе кликнам на линија ми дава само станици, а кога ќе изберам станица не се клика распоредот. Се напнав, ја избришав зошто 2-3 пати кога ми требаше да проверам ништо не ми даваше. Среќа што ги имаме бар таблите на постојките...
Ај шо ја заебаа страната и што не можеш да се снајдеш, сега уште и системот им е паднат еве веќе цел ден. Ние шо неаме што да правиме во животов ќе си дремеме пола саат на буска, не е проблем. И онака немав попаметна работа.
Од кога е 250 кај шоферот? Имам купено и на билетара и кај шофер, по 150 на двете места ми ја наплати..
Јас како студент имам бесплатна годишна, ама на неколку наврати додека сум стоела одма до врата, бидејќи сум се возела само за 2-3 станици, сум чула како на луѓе им наплаќаат шоферите по 250, зошто - не знам. А инаку на билетара е 200 денари, си пишува на ценовниците, не знам како може за 150 да ти продале тебе, баш скоро (пред месец-два) бев да купам за мајка ми, на ценовник стоеше 200, ама им беа распродадени.
150 отсекогаш е неперсонализирана. 200 ден е персонализирана и се вади само на билетара Цените за неперсонализирана важат и за кај возачот и на билетара. Не знам од каде онакви дезинформации.. А неперсонализирани картички можат да се најдат..
Океј, тогаш јас не сум ја видела цената за неперсонализираната, се извинувам Но, за ова во автобус, со свои очи и уши сум сведок дека наплаќаа(т) по 250, е сега, дали тоа само одредени шофери си го прават за во свој џеб, дали има разлика од билетара до автобус, не знам и не можам да тврдам, баш и мене ми немаше смисла зошто да наплаќаат по 250 за само две возења вклучени
И во автобус е 150, ама очигледно има лакоми возачи, во џеб си ставаат од картичка по 100-ка. Таквите треба да се пријават и да ги избркаат од работа.
Мора да издадат фискална, за тие картички се должни отчет да дадат во ЈСП.. така да не верувам дека некој би ризикувал работно место за 100ден
Па доколку го прават тоа, значи не се само 100 денари во денот. Неколку патници, до 1000 (+/-) може да стигнат. Како што кажав, немам намера да се мешам во штипки на шофери на ЈСП, не ме интересира, ама тоа на што лично бев сведок го пишав тука, и сигурно нема да си правам филмови, нели? Крајно, дали одат во нивен џеб, во каса на ЈСП, или на некое десетто место не е ни битно, битно некаде одат.
Сигурно не издаваат фискална, се прават наудрени. На мајка ми јас ѝ купив картичка во автобус, но не добив фискална. Имаше среќа возачот што ми ја продаде по таа цена што треба-150 денари, инаку цело ЈСП ќе го кренев во воздух, некој сигурно ќе мораше да биде казнет. За отчет во ЈСП ќе ги откуцаат на крај на смена фискалните, а тие возачи што наплаќаат поскапо вишокот во џеб ќе си го стават.
Како ќе ги оправдаат картичките што ги продаваат ако не даваат фискални? Ќе излезе дека ги изгубиле, а не продале.
Кажав погоре,за да има отчет во ЈСП на крај на смена ќе ги искуцаат фискалните или кога патникот што ја купил картичката нема да го гледа возачот, тој ќе ја пушти фискалната и ќе ја фрли, а вишокот во џеб ќе си го стави. Кога некој е покварен и лаком ќе најде начин да се снајде, па ќе биде и волкот сит и овците на број.