Ај тука во точната тема да се испукам, да не ширам на друго место негативна енергија. Ако беа хаос и досега, сега врвот го постигнаа со распоредов. 35кава лудило Стигнувам на автобуска точно кога пишува дека доаѓа, поминала. Ајде наредната после пола саат ја чекам и шетам во близина... стигнува 7 минути порано од тоа што пишува на сајтот, среќа се враќав веќе накај станицата и ја видов едвај со залепено мало бројче, па ја стигнав. Значи не се нормални, не!
Требало да почекаат @Someonespecial да се наспие, па да се качи на автобусот, па да крене заедно со неа за да стигне онаму кадешто се брза.
@Someonespecial и јас како тебе за истата работа ќе ги исплукам катастрофа. многу пати ми се случило да искочам од дома 5-10 мин пред да тргне и чекам чекам ќе прашам некој ми вика ааа пред 15 мин помина(пример) или си доагам на време ја чекам пола сат ,дали спијат шоферине или некој се заебава со нас незнам али го достигнаа врвот на лудилото дефинитивно!
Дали може слободната да ја валидирам во Автокоманда? Лани дека на железничка ја валидирав ама сега кога во населба ми е јсп не ми се иде до таму.
Знаејќи го фактот дека пола Македонија е во Скопје, рано наутро кога луѓето итаат за работа и школо, нормално дека ќе се појави гужва во сообраќајот. Автобус не се движи лесно по гужвите низ Скопските улици, затоа е најдобро секогаш да бидете предвреме на станица. ЈСП е срцето на градот и работи онолку добро колку што му дозволуваат моменталните услови на улиците. Автобусите им се добри а картите не се скапи.
Дали во автобусите на јсп може да се плаќа преку мобилен тел. на припејд и дали има врска некаква моделот на телефон кој се користи? Прашувам затоа што дома имаме еден постар модел на мобилен на припејд кој има одреден кредит на него и сакам да го потрошам за автобус ама никако неможам да платам. Значи сум пробала прво со порака СТАРТ за активација, потоа го вртам бројот, добивам некој пискав сигнал и го доблужувам на апаратчето меѓутоа уплатата никако не се извршува. Дали некој знае што е проблемот?
Ја информираме јавноста дека фејсбук страницата на ЈСП СКОПЈЕ е хакирана. Сите информации што се постирани, почнувајќи од 06.09.2017 година не се ставови на претпријатието. Службите на ЈСП СКОПЈЕ работат на случајот, со надеж дека проблемот ќе биде решен набрзо. Кога фејсбук страната ќе биде повторно функционална, корисниците ќе бидат навремено информирани. Со почит, ЈСП СКОПЈЕ http://www.jsp.com.mk/vest.aspx?vest=453
Оваа апликацијата Возен ред ЈСП (со црвено иконче) точна е? На сајтот нивни не ми отвара ниту Плански возен ред, ниту Возен ред по постојка
Претходно беше точна.Само по неа се раководев за распоредот. Вчера слушнав на радио официјално соопштение од ЈСП Скопје дека проблемот со нивната страна е надминат и удостоени се барањата на граѓаните за користење на старата форма на возниот ред ( плански возен ред) надоградена со возен ред по постојка. Ама по ова што го кажуваш, изгледа радоста кратко трае
Или едноставно можат ТОЧНО да пишат кога тргнуваат автобусите. Секој си планира кога да излезе од дома и кога од прилика да стигне на планираното место, и не може автобусите да тргнуваат 10 минути порано или подоцна отколку што пишува....ама толку им е гајле.
Како може да се одредувате точно по возен ред,кога една собраќајка цел собраќај се кочи,што е Јсп крив кога нон стоп има гужви протести итн,така да немојте само да критикувате тоа е најлесно.
Неможам да најдам ноќни линии на ЈСП. Дали некој знае дали има 22ка ноќни линии? Денеска последната е во 22:23 од железничка а беше во 22:40..
Знам, тука живеам и затоа и сакав да си средам ама ми рекоа дека не можело и бев до железничка ми ја средија. Ама односот на вработените е 0, дерење, нервозни, неуслужливи. Недај боже да имаш потреба од нешто ...