Да да, можеш кога сакаш. И на 20ти да надополниш можеш, само што ќе ти важи до крајот на тој месец секако.
Кога ќе ја куцнеш картата ќе ти покаже до кога важи. Би требало да важи цела година т.е. до 2018, ама не сум сигурна.
Дали можам да извадам бесплатна студентска слободна за 2018 со оглед на тоа дека запишана сум на студии 2013 година? Доколку имав завршено се во рок би требало да дипломирам 2017, меѓутоа јас имам и за полагање и еден предмет за слушање следниот семестар. Една госпоѓа од ЈСП на другарка и се изнавикала демек ти девојче кој пат си апсолвент, 3 пат? Дали има некој повеќе информации за ова или кој не положил во рок нема слободна иако имаш статус студент
Ако имаш статус на редовен студент на државен универзитет, со потврдата не смеат да ви прават проблеми.. Инаку без таков статус, нема слободна.. Што и е неа гајле колку пати апсолвент си.. Може 5 факултети да запишам, кој ќе ми забрани?! Идиоти се луѓево..
Кога се куцаш види дека ти пишува дека важи до 31.12.2017. Секоја година се обновува со потврда за редовен студент до крајот на тековната година, инаку нова ќе треба да вадиш.
Нека ми каже некој како оди ова со надополнувањево на картичкиве.Кај да ја купам таа картичка,колку чини, за колку возења се надополнува и се околу тоа. Фала
Дечки, треба да ја продолжам студентската, па ме интересира што треба да однесам за продолжување? И дали се плаќа нешто?
@IronLady За продолжување на студентската потребно е индекс и потврда за редовен студент. Инаку, @HeLenna картичките се продаваат во билетарите на ЈСП, неперсонализираните картички се 150 денари со 2 бесплатни возења, а потоа најмалку треба да се надополни 100 денари. Имаш и персонализирана картичка (во ЈСП ќе те сликаат) таа ти е 200 денари и на неа можеш да си надополниш месечна карта (слободна) за цел месец.
35 денари Кога ќе надополнуваш подобро ти е да си ставиш 105 денари, за да имаш за 3 возења (3*35=105). Зашто ако ставиш само 100 денари, тогаш ќе можеш да се возиш само 2 пати, а 30 денари ќе ти останат во салдо, не ти пропаѓаат, но за пак да се возиш пак ќе мораш најмалку 100 денари да ставиш, па би имала 130 денари вкупно. Гледај кога надополнуваш да ставаш пари за цели возења: 3 возења = 105 4 возења = 140 5 возења = 175 6 возења = 210 ......... Имаш опција 10 возења за 250 денари (во оваа ситуација едно возење ти е 25 денари), но лошото е што си ограничена во рок од 2 недели од првото куцнување да ги потрошиш сите 10 возења, инаку после 2 недели неискористените возења ќе ти пропаднат. Ако сакаш 10 возења неограничен временски период да се возиш кога ќе имаш потреба ќе си ставиш во тој случај 350 денари (35 денари ти се фаќа едно возење).
Лани сами ми ја продолжија после истекувањето на датумот, без да однесам потврда или сл. Знаеш друг ваков случај? Да не се мачам и годинава