ЈСП (Јавно Сообраќајно Претпријатие) Скопје

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од RainBow, 17 декември 2010.

  1. meruska

    meruska Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2010
    Пораки:
    472
    Допаѓања:
    103
    :D :D :D слушам сега и вторник старите се возат бесплатно :D :D
     
  2. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.388
    Допаѓања:
    17.606
    Пол:
    Женски
    Разговараат двајца пензионери во двојка. Кај ќе одиш? Еве никогаш не сум бил со двојка па сега да видам до кај иде ме интересира.
    Муабетот се случува во 7 сабајле.
    А на враќање од работа во 50 особено единечна, кога ќе се напукаат внатре абе над глава ти стојат ако не им станеш и те гледаат како брат да си им убил.
    Разбирам дека вака собираат поени овие од власт, а и ајде ете заслужиле цел живот работеле па сега гратис возење ама треба да им ги забранат термините од 6.00 до 8.00 часот и од 15.00 до 17.00 часот, некој сака да отиде цел на работа и во школо, а не згужван у усмрден и со тупан глава од бош муабети.
     
  3. milky-candy

    milky-candy Нов член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2010
    Пораки:
    703
    Допаѓања:
    715
    Ова е трет по ред пост на форумов кој ме насмеал до солзи :rofl: :D Инаку и во вторник имаат бесплатен јавен превоз пензионерите :D . Вчера баш си мислам дома, зошто не им се даде бесплатно да се возат на студентите или на оние што се со ниски плати, туку на пензионерите за да безделничат по градов и гужви да прават по улиците и автобусите...И тоа дека демек цел живот работеле, па сега да имаат бесплатна вожња :^) Кога биле млади и работеле, не било вакво кризно и стресно време како сега. Тогаш секој можел да си дозволи многу повеќе него сега...Ова е еден беден начин за собирање на политички поени исто како што лани ги пратија на бања бесплатно по една недела |(
     
  4. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.224
    Допаѓања:
    67.719
    Пол:
    Женски
    Барем го тргнале тоа Донатор Влада на Р.М и ставиле нешто паметно. Ова со пензионериве не сакам ни да го коментирам веќе, не можат да одат, ама кога ќе видат слободно седиште се движат со брзина на светлината и со сила на торнадо |(
     
  5. Monna.Monna

    Monna.Monna Популарен член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2010
    Пораки:
    3.562
    Допаѓања:
    7.991
    Пол:
    Женски
    Иииииии, и двокатни има бе ?! :o
    Кажујте одма кои,сакам да се возааааааааам!
     
  6. tralalala

    tralalala Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2011
    Пораки:
    75
    Допаѓања:
    20
    Пол:
    Женски
    Леле а само што сакав да отворам тема и за среќа имало отворена , браво за темава стварно ! Јас додека стигнам до фак. имам ДЕСЕТ авт. станици и а во петок е СМРТ стврано не е мала релацијата за стоење ама "Девојче ти си млада можеш да стоиш" или "Девојче стани да седнам СО ТЕПИСОН ВО РАЦЕ" за опојните мириси за зеленчици и разноразни јадења ми се иде главава да ја извадам од прозорец , значиииииии еден ден не знам како можеше толку да мириса да не речам смрди , Вака; мирис на манџа , пршојни , бурек со месо , здив шо мириса на ракија , лук, праз и ВРВОТ НА МИРИСИТЕ , ИСПОТЕНИ МИШКИ аааааааааааааааааааааа ;( ;( ;( ;(
     
  7. thinkerbell

    thinkerbell Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    2.139
    Допаѓања:
    12.359
    Пол:
    Женски
    Јас искрено нема да можам да си соберам потписи по некои предмети на факултет пошо петок веќе одамна е поим за идење, а и вторник во последно време. Неможам да издржам. А + и 2 автобуса менувам додека да стигнам. Така минатиот вторник, си одам накај дома, жива радосна што успеав да седнам во 65, пошо бев од 7 до 5 и одеднаш ме чука некој по рамо (да не кажам ме измава). Се вртам и гледам една баба, не многу стара, ама доста држеча жена. Со фризурче, облечена во тие комплетчињата со сако и сукња, убава ципелка.. И почна да ми вика сите да слушнат дека младите немаат почит. И што да и правам. Немав сила да се расправам. Искоментирав само дека ова е крајно безборазно, веќе нема смисла. Стварно пензионериве немаат срам.
    А сакав и друго нешто да споделам. Незнам дали е баш за тука, ама ај дека се случи во автобус на јсп. Синоќа се враќав од кај другарка и се качив во тие најстарите автобуси, шо имаат дрвени столчиња, ‘62ра се мислам :) . Немаше гужва пошо беше така покасно. Леле шоферот колку брзо возеше. Чинам на рели бевме. Претркува,не застанува на станици.. И на една поголема кривина кај мене, многу нагло заврте, а и со голема брзина и јас се зализнав од столчето... И ТРАС.. си паднав доле. На гз. А седев. И сите се завртеа накај мене. Бруки, бруки. Едвај чекав да се симнам, а имав уште 10ина минути за возење. Кога се симнав и јас си се смеев. Ама еве денес цел ден ме боли задникот мој :(
     
  8. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.076
    А зошто им станувате на пензионерите, јас не станувам па макар и се влечеле низ автобус :devil:
    Јас денес се испокарав со една баба чие внуче на сета бучава и гужва во автобус тропаше со клик клак, епа зоврем, за малце што не го треснав.. невоспитани!
    Еве една вест што ќе ве насмее:
    http://ilike.mk/zanimlivosti/subcategory/jsp-so-zichara-vo-vodno/
     
  9. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.224
    Допаѓања:
    67.719
    Пол:
    Женски
    А на сајтот на јсп, кај прашањата и одговорите, прашал некој како ќе може да се препознаат новите автобуси, а они дале одговор- Црвени се :rofl:
    Офффффф.
     
    На sparklie и mims-89 им се допаѓа ова.
  10. maja8

    maja8 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2010
    Пораки:
    2.847
    Допаѓања:
    2.159
    Од понеделник и двокатниот ќе го пуштат. Ќе вози на линија 5 или 15 :)
     
  11. Em4e711

    Em4e711 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 август 2010
    Пораки:
    642
    Допаѓања:
    393
    Пензионериве невозможни се.. Често се имам расправано со нив.. Значи така гадно смрдиии и тој еден не ни даваше прозорец да отвориме...Алоооо човекот глава ќе го болело..ќе требал да ја врзува, природна катастрофа!! Па тргнавме на големо да се расправаме Ми вика кај идеш што не седиш дома..јас на факултет идам не знам ти кај идеш... ко демек немате други денови па сите морате во петок на лекар да идете... се испокаравме малку...малку повеќе. Па стварно претеризам се..
    Јас на баба ми не и давам да иде во петок, а сега и во вторник.. Била еднаш сега брзо и ми вика "во право си што цело време викаш по пензионериве во автобуси" -Е не, не сум!!!!
    Па тој еден нејзин братучед вика.."Бев до Бутел да купам мартадела тука е поскапа!!!" Ми идеше од дома да го избркам xD
     
    На tralalala му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Shery

    Shery Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2010
    Пораки:
    2.058
    Допаѓања:
    5.103
    аууу се пресмеав хахахаха :D :rofl:
    Јака е идеава, ај може во вторник и петок ќе биде без пари возењето и старциве со падобран ќе си одат дома :rofl:
     
    На mims-89 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Sunshine88

    Sunshine88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 март 2010
    Пораки:
    1.533
    Допаѓања:
    583
    Во оваа наша држава значи се е можно.......... :lol:
     
  14. tralalala

    tralalala Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2011
    Пораки:
    75
    Допаѓања:
    20
    Пол:
    Женски
    Сите ќе се тепаат кој да се вози на горниот кат верувај :rofl: :rofl: :rofl: :rofl: :rofl:
     
  15. tralalala

    tralalala Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2011
    Пораки:
    75
    Допаѓања:
    20
    Пол:
    Женски

    во бутел по мартадела :rofl: :rofl: :rofl: :rofl: :rofl: леле се пресмеав
     
  16. Mygirl

    Mygirl Популарен член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2010
    Пораки:
    577
    Допаѓања:
    850
    Мене не ме нервираат толку пензионерите колку некои несмасни и арогантни возачи. Ќе пишам тука една случка од пред месец дена, како јас си заплакав во автобусот :D Сега ми е смешно, ама тогаш...
    Се качувам во автобус, некаде приквечер беше па немаше гужва и имаше само две три места зафатени, другите беа слободни. Си плаќам карта, си ја куцнувам и тргнувам накај првото седиште. Прв чекор и оп, шоферот тргнува, но со таква бесна брзина што јас директно паднав на столот и се ударив баш под реброто и колкот. Само се исправив и седнав на столот, но така јако ме зфоболи што не издржав да не заплачам тивко, малку заради болката, малку заради арогантноста на шоферот, што не ме ни праша дали ми е добро. Да не заплачев ќе му изнакажев се на шоферот, ама таква уплакана срам ми беше. Една женичка што седеше две седишта позади мене ме праша дали сум добро и му се изнавика на шоферот и за мене 8)

    Исто така, многу ме нервира кога не застануваат на некои станици. Стварно се безобразни. И ова најчесто се случува навечер. Ми се има случено 2 пати да чекам последна 24 - ка, која е во 23 и 05, а автобусот само да помине усилен покрај мене |( А вториот пат па дури и ми мафна со раката тој шоферот |( Кај ме остави да висам на цедило, т.е. да плаќам такси, па уште ми додава сол на раната :D
     
  17. maja8

    maja8 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2010
    Пораки:
    2.847
    Допаѓања:
    2.159
    Од утре двокатниот автобус ќе вози на линија 15 А. Ќе биде гужвање :lol:
     
  18. Gargamel

    Gargamel Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 мај 2010
    Пораки:
    413
    Допаѓања:
    129
    еве малце да се насмееме :D :

    некој несовесен ученик залепил тетоважа од мастика на седиштето во новиот автобус кој вози на линијата бр.5 , и јас ја одлепив да се пофалам! :D

    ЈСП:Ви Благодариме!
    :rofl: :rofl: :rofl: :rofl: :rofl:
     
    На mims-89 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.076
    ^Неписменоќа, некултура, невоспитаност :@
    Премногу ме нервираат ваквите дечишта па и поголеми што глумат паметнаковиќ!
    Ај државно е ќе уништуваме, затоа за ништо не не бива, се усмрдеа и новите автобуси и набрзо ќе станат крнтии ко старите зошто сме несовесни и штетници, за ништо друго не не бива. :@
    Само тие крнтиите за нас требаат, ќе зашлапав едно детиште што се бесеше ко мајмун на рачките, ај неможеше да ја искрши |( дебил!
    И со тие копчињата само стискаат само се глупираат, абе треба да им се забрани превозот, нека пешачат да се раздвижат, закржлавени, дебели уште на 10 години само за компјутер и глупости знаат.
    Се извинувам за офтопиков, ама стварно сум изреволтирана од децава што се возат по автобуси на многу кратки релации и не пропуштаат да го унаказат новиот автобус при секое качување, секој ден тепам и карам по некое дете, веќе неможе вака |(
     
    На julie77 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. ana-banana

    ana-banana Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2011
    Пораки:
    1.277
    Допаѓања:
    751
    Пол:
    Женски
    Вторник :puke: :puke: :puke: Петок :puke: :puke: :puke: епа стварно нема смисла ги мразам ги мразам ги мразааааааааааааааааааааааааааааааааам старциве, се туркаат ко луди, на нозе неможат да стојат ама се возат (бесплатно е па да се провозат па макар и да умрат во автобус на јсп) , смрдат на лук и кромид и тоа рано на сабалје (па добро бе во 5 часот на сабалје ли појадуваат :?: ). Вторник и петок кога треба да идам негде со јсп мислам дека животот ми се скратува :(