Ја немам бесплатно картичка ама можам преку телефон, само не ми е јасно дали на порака на 141144 да напишиме СТАРТ ама од т-мобиле?
Не, од T-Mobile не праќаш никакви пораки, само ѕвониш на 185 и го доближуваш телефонот до апаратчето.
Девојки ако може помош. Не сум од СК. 1. Кој автобус оди од транспортен до СП Борис Трајковски? 2. Може ли пешки да се стигне од Сити Мол до таму?
Ако може и мене малку помош. Не сум од Скопје, а би сакал утре (1ви Мај) да одам до милениумски крст. Најдов на нет дека до средно водно оди автобус 25ка, ама никаде не можам да ги најдам времето и станиците каде што минува (ни на ЈСП на страната ја нема). Па ако може помош од каде можам да одам до средно Водно?
Има на страната на ЈСП, во прилог screenshot подолу. Само гледај во кој термин од каде трга (со ѕвездички е означено), за да не чекаш џабе на едно место а таа да трга од друго. И штом не си од Скопје најлесно за снаоѓање би ти било да се качиш во некоја што трга од Транспортен центар (на Железничка).